meceto usko

Нов Блог на БЛОГЕРАЈ

Кралство на СХС

Posted by mecetousko on март 7, 2010

КРАЛСТВО НА СХС – СРБИТЕ ХРВАТИТЕ И СЛОВЕНЦИТЕ

тие што ја растурија Југославија сега промовираат заедништво и соработка. уште еден доказ дека политиката е аморална професија.

една фотографија 1000 зборови

Posted in вести, општество, политика | Tagged: , , , , , , | 8 Comments »

Тутунската Банка моја… позлатени детски сни !!!

Posted by mecetousko on март 5, 2010

Пишувајќи многу пати за економијата во САД, за нашиот обид да играме економија и за банките и банкарскиот систем, решив да претставам еден пример на нашето македонско банкарско работење.

Една држава ако сака да биде држава покрај јакнење на институционалните капацитети мора да спроведе и здрава реформа во банкарскиот систем, односно прилагодивање на банкарското работење по тертипот на британските, германските или американските банки.

За жал кај нас банкарскиот сектор и систем функционира во некаков ембрионален зародиш, кој никако да прерасне во зигот, туку со тенденција да мумифицира самиот ембрион.

Реформите се еднакви на една голема НУЛА.

Еве еден конкретен пример за македонско банкарско работење.

Едната од најголемите македонски банки, Тутунска Банка, самата се вбројува во топ 3 банки, сопственост на словенечката банкарска корпорација NLB, одмана е присутна на македонскиот банкарско финансиски сектор. Кога требаше да одберам  приватен втор пензиски фонд, јас го одбрав пензискиот фонд на оваа банка. Како награда за мојата верност кон нив тие ме наградија со мастер кредитна картичка во износ од смешни 10 000 денари, која досега не сум ја искористил ниту еднаш, користам картичка од друга банка, а оваа ми стои за украс, како во американските филмови кога одам во продавница или хотел да мавтам со 5-6 кредитни картички. Добро на некои им е истечен рокот и се невалидни, ги чувам за украс во новчаник, и ми служат да ја играм ќеркичката кога ја ранам.

Но тоа на страна, после повеќегодишно мирување на картичката решив да ја искористам. Влегов во една продавница да си купам фармерки. И немаше да ги купам да не беше продавачката толку убава и шармантна. Мене секогаш такви работи ми одлучувале во носењето на сите животни одлуки, па дури и за купувањето на фармерки. Ја подавам онака насмејан картичката откако претходно се испофалив со сите други со истечен и неистечен рок, и дамла ме удри. Продавачката ми вели… .”..картичкава Ви е блокирана изгледа…”, свифтот не проаѓа. Еднаш, два пати, три… и не иде … не иде.

Изреволтиран не толку што не си ги купив фармерките, колку што се обрукав пред девојчето, право во првата експозитура на банката. Прашувам зошто ми е блокирана картичката која до сега не сум ја користел, единствено што еднаш купував преку интернет книги со неа. Тоа беше пред некоја година и потрошив педесетина евра кои веднаш си ги уплатив на картичката за да го покријам долгот.

Во банката имаше еден куп луѓе, но на тоа не обрнав внимание, така е секојпат посебно во првите денови од месецот кога се исплатуваат пензиите. Смирено чекав да дојдам на ред и да добијам одговор.

Службеникот ме извести дека картичката во суштина не ми е блокирана, но не може да ја користам зошто трансакционата сметка во нивната банка ми е блокирана. А блокирана е затоа што јас не ја користам нивната транскациона сметка и они не можеле да си подигнуваат месечно по десет денари, трошок за водење на трансакциона сметка. Како јас не ја користам картичката они и не може да ми наплаќаат за водење на трансакциона сметка, но кога сум го извршил плаќањето преку интернет за да ги купам книгите тие два месеца всушност прокнижиле водење на трансакциона сметка во износ од фантастични 20 денари. И нормално бараат да им уплатам 20 денари за да ми ја одблокираат трансакционата сметка а со тоа и кредитната картичка која не ја користам. Крај. Студена пот ме обли. На вакви глупости сум навикнат од државните институции за кои и не можеш многу многу да приговараш зошто сепак се работи за државен, народен интерес, ама ова е нешто друго.

Некое непотистичко службениче кое изиграва банкарско менаџериште на банкарскиот софтверски систем пресметало дека од нивните корисници кои имаат отворено трансакциони сметки во нивната банка, а не ги користат(исто како мене) на ваков начин може да инкасираат во банката пар десетици илјади евра. По мои боси логички пресметки тоа би биле негде помеѓу 50 000 евра и 100 000 евра. И службеничево ја донело одлуката убедено во своите банкарски квалитети. Но тој приход е смешен за таква банка.

Нормално си уплатив дваесет денари и готов бев да си заминам, но вниманието ми го привлече од соседниот шалтер еден возрасен господин кои луто се расправаше со службеникот. Имено човеков, дваесет години работел во Австралија и кога дошол тука депонирал во банката 60 000 евра на штедна неорочена книшка. Секој месец си подигал од неговите пари, пар стотина евра за мирна месечна живеачка. И тој трансакционата сметка освен за подигање на пари не ја користи за ништо друго, нити за прилив нити за плаќање.Голо подигнување пари од штедна книшка. И нему банката немала од каде да му повлече 10 денари за месечно водење на трансакциона сметка и неговиот акумулиран долг од 22 месеци или 220 денари сега банката му го бара за да му дозволи да си подигне од неговите депонирани пари. Човеков ги уплаќа 220 денари и вика дајте ми сега од моите пари. А службеникот му вика мора да дојдете утре, системот автоматски да Ви ја прокнижи уплатата и да Ви ја деблокира сметката. Која баналност…не ми се веруваше. Јас  се жалев за мојата шугава картичка, а човеков не може да си дојде до неговите пари, кои и ги поверил на банката, а та со истите нив работи и профитира. Реакцијата на човекот беше каква што би била на секоја Австралијанец. “…Добро ќе си ги подигнам парите утре на шалтер сите во готово и ќе ги уплатам во друга банка…”.

Толку од банкарскиот менаџмент и профит на непотистичките банкарски мамини и татини менаџерчиња кои земаат огромни плати и бонуси. Двајца како човеков и банката отиде во зијан, наместо да профитира.

Да биде ситуацијата уште повеќе парадоксална, имам сметки трансакциони отворени и во други банки, кои некојпат по потреба сум ги користел, а денес не ги користам, но таму не ми се случи ова што ми се случи со словенечката банка NLB Тутунска Банка, банката која на пензионерите корисници на нивните услуги им исплаќа пензии секој први во месецот без разлика дали фондот ги префрлил парите или не. Не им менуваат пар денови разлика од свои пари да исплаќаат пензии. Но очигледно не ги интересира што јас сум нивен корисник на вториот пензиски систем и што секој месец се врши уплата на нивна сметка и корист и најверојатно така ќе биде додека работам или отидам во пензија за едно 35 години. Ним им се битни 20 денари фиктивно акумулиран долг.

А колку само банки има на толку малку народ… тоа е приказна сама за себе, но за тоа во друга прилика.

Туку се сеќава ли некој на онаа песничка од осумдесетите за Стопанска Банка, може да важи и за оваа.

Како одеше…тутунската банка моја, позлатени детски сни….јас желбите си ги бројам…за нови среќни дни….  :)    .

Posted in колумни, пари | Tagged: , , , , , , , , | 13 Comments »

Носители на звукот на новата српска музичка сцена

Posted by mecetousko on февруари 10, 2010

Полека, полека српската музичка сцена се раздвижува и постои реална можност во втората декада од новиот милениум да го повторат успехот кои го имаа во седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век. Очигледно црниот српски период од деведесетите полека се заборава и земјата излегувод калта во која длабоко зацапа. Секојпат културата, музиката, уметноста е показател за таквите трендови. Еве неколку песнички актуелни во моментов на српската музичка рок и авангардна сцена. Лично ми се допаѓаат и тука си ги постирам за да можам да си ги слушам.

Интерсен бенд кој постои од неодамна. Името на бендот е ИЗДРЖИ РИБИЦЕ. Пред да почнат со јавни настапи и да бидат пронајдени од телевизиите, своите авторски песни ги поставуваа на својот My space, впрочем како и многу други нови бендови. На линкот погоре можете да ги преслушате нивните песнички а публиката ги препознава по нивниот синг МИ, кој неверојатно наликува на бендот од осумдесетите Лаки Пингвини.

СВИ НА ПОД, е еден музички проект. Тоа е и не е бенд. Тие ја игнорираат идејата за класичен бенд и неминовност од одредување на правецот во музиката, па затоа користат и повеќе луѓе и експериментираат со разни правци, а главната цел им е создавње на добра музика. Музика со правила или без правила сеедно. Иницијатор е Петар Рудич, кој после неговиот ангажман со групата МРАВИ, решава да се впушти во нов проект. Моментално се препознатливи по синглот УШЧЕ. И нив ги имате на My space да ги преслушате комплетно.

ВЕЛИКИ ПРЕЗИР, српска рок група од Врбас датира од далечната 1994, но дури после снимањето на својот трет албум во продукција на Радио Телевизија Б92 добиваат на значење. Моментално се актуелни со спотот и песната No No . И нив ги имате My space.

Краткиот преглед го завршувам со ЖЕНЕКЕСЕ, актуелни со синглот Без Тебе.  Носители на звукот на новата српска сцена, израснати во црните деведесети но музички сега се афирмираат и то би рекол во одличен стил. Мене лично ми се најинтересни. Можете да ги слушнете на My space комплетно.

Во друга прилика нешто повеќе за сите нив, и за другите носители на новата српска музичка сцена.

Posted in музика | Tagged: , , , , , , , , | No Comments »

Почина Џ.Д. Селинџер, авторот на „Ловец во житото(Р’жта)“

Posted by mecetousko on јануари 29, 2010

Пред еден саат ја прочитав оваа вест на светските информативни сајтови…гледам и А1 ја пренесува…сигурно имаат некои едитор на веб сајтот кој е книжевен фан на Саелинџер…обично не објавуваат вакви работи.

Јас се надевам дека денеска ќе имам време да напишам еден убав текст за авторот со чии книги растев…иако генерацискиот јаз е голем…книжевниот не постои.

На истиов пост ќе надградам текст…до тогаш…читајте на блог мк … анализи за политичките случувања во Неверленд и смртта на Хауард Зин. Ако Селинџер го пропуштате тоа не смеете да го пропуштите.

Posted in колумни | 53 Comments »

19-ка … се што ќе ми кажеш знам дека ме лажеш

Posted by mecetousko on јануари 18, 2010

Денеска, во новата 2010 година доаѓа првата полнолетна генерација на независни македонци. Родени во независна Македонија, слободна, самостојна. Генерација на штотуку полнолетни момчиња и девојчиња кои ниту една година не проживеале во еден друг систем, кои не биле дел од некогашната федерација, а сега се стремат кон една нова, тоа е генерација на мобилни телефони, интернет, фејсбук, сајбер генерација.

Кога имале само една година, татковците присуствувале на собирите на плоштад каде се славеше македонската независност и референдумското ДА. Сите се среќни сите гласале за ДА и тато и мама и дедо и баба.

Кога штотуку почнале да паткаат со зачекорување во втората година, татковците им седеле пред телевизор гледајќи ги збиднувањата во Хрватска и Босна кога тогашните полнолетни сограѓани се криеја по шупи и селски пондили да не ги одвлечкаат на некои толку озборувани места пред малите екрани.

Веќе во третата година од нивниот живот, прво татковците, а потоа мајките или можеби обратно прво мајките па татковците почнаа да стануваат нова категорија на општествени граѓани, од сите знаени а не признаени. Се родија мајки и татковци технолошки вишок или покасно преименувани во заводници, со оглед на општествената категорија “под завод”. Read the rest of this entry »

Posted in колумни, општество | 2 Comments »

Дедљардовце – А1 репортажа, тоа што се кажува не се сака да биде видено

Posted by mecetousko on јануари 17, 2010

Многу ми се интересни агро репортажите кои ги организира оној новинар на А1, не му го знам името. Репортажите ми личат на оние емисии од деведесетите кои ги водеше Кили а се викаа пазар шоу. Се е потполно исто само што водителов не оди на пазар туку по селските дворови и авлии. Дури и посмешно е затоа што за разлика од Кили тој се обидува да биде озбилен.

Вчера имаше репортажа од едно село, некои го водат скопско некои кумановско, се вика Дедљардовце. Интернет сторија до истата репортажа имате тука. Е сега заради тоа што го знам селцево и затоа што сум бил, репортажава онака ме заголица, да видам што новитети ќе но донесе новинарот од таа кратка агро сторија.

На мое запрепастување во едно минутното репортажно клипче, слушнав следна изјава од еден селанец. Јас ќе се обидам да ја парафразирам а вие погледнете ја оригинално на линков тука, бидејќи А1 не дава кодови на видео фајловите, за да може да ги постираме на блоговите ќе мора да се линкнете до кај нив.

Земјоделецот, односно фармерот вика вака:

“Имам земја и ја работам, а работам и на земја која ја земам под наем, но сопственикот не ми дава нотарски договор заверен на нотар дека ја земам земјата на заем, па он си ги зема субнвенциите.” Да биде трагедијата уште поголема кон крајот на репортажата изјавува дека е регистриран како земјоделец, за што сигурно плаќа данок, но заради возраста не може да земе банкарски кредити.

Јас сум фрапиран од оваа изјава. Кога вакво нешто би било кажано на јавен медиум во Германија многу веројатно е дека ќе се случат многу нешта, затоа што има неколкукратни повреди на законот и криминално – прекршочни дејанија.

Значи сопственикот на нивата кој ја дава под наем на легално регистриран земјоделец, кој си ги плаќа давачките кон државата, прави прекршок со тоа што законски не го пријавува издавањето под наем на нивата, со тоа приходот кој го добива од истата таа постапка не го пријавува и на истиот не плаќа персонален данок. Земјоделецот пак не може никаде да покаже дека плаќа наемнина за земјата и со тоа да го покаже тоа како трошок.

Но целата работа не завршува тука. Сопственикот на нивата ја мами државата за што треба да сноси одговорност. Изнајмената нива ја пријавува во министерството за земјоделие дека ја насадил со свој насад и за истата таа бара субвенции кои државата ревносно му ги исплаќа.

Со оглед на фактот дека оваа година субвенциите во Македонија за аграрот достигнаа 100 милиони евра, сигурно парите кои се добиваат поединечно не се за занемарување. Вака повторно е оштетена државата, односно измамена. Парите завршуваат кај измамник, кој не плаќа данок, а не кај реалниот и вистинскиот земјоделец кој допринесува за општественото добро.

Па инспектори, даночни, земјоделски еве  Ви работа.

Но по се изгледа во земјава само измамниците, преварантите и криминалците работат. Сите други ништо не работат. Како ли утре ќе се субвенционира земјоделието со парите кој ќе ни ги даде ЕУ?

Зачудува и реакцијата на новинарите. Во рака имаат одлична сторија, а они ја оставаат да помине покрај нив не забележана.

Posted in општество, пари | Tagged: , , , , , , , , | 9 Comments »

Банките, банкарскиот систем

Posted by mecetousko on јануари 15, 2010

Американскиот претседател Барак Обама одржал работна средба со извршните директори на националните најголеми американски банки во понеделникот оваа недела и им дал до знаење на секаков можен начин да отпочнат со позајмици на пари на малите претприемачки бизниси во земјата и на граѓаните во вид на потрошувачки кредити.

Изворно информацијата можете да ја прочитате тука.

Притоа потенцирал:

“Вербата во нашиот финансиски институционален систем е тесно поврзана со нашата економија и нашата земја. Овие финансиски институции(мислејќи на банките) не може да опстојуваат на пазарот профитабилно, доколку работниците немаат работа и бизнисот не расте, а како би растел кога потрошувачите немаат пари да трошат. Американските банки примија огромна подршка и поткрепа од американските даночни обврзници за да ја обновата својата финансиска индустрија, и сега тие се повторно во форма и стојат стабилно на своите нозе. Сега очекуваме огромно разбирање од нивна страна да помогнат повратно во закрепнувањето на економијата.”

Оваа реакција е повторно Обид на Обама да ги освести банкарските магнати да не се занесуваат во претерано исплаќање на нереални бонуси и да не аздисуваат во енормниот профит со покачување на каматните стапки.

Се враќаме на македонската реалност.

Во Македонија изгледа не важи оваа логична констатација на американскиот претседател. Тука работниците навистина немаат работа, со тоа немаат пари и куповна моќ со што индустријата би се размрдала, а банките и понатаму се однесуваат лешинарски. Притисокот на македонските власти е насочен единствено кон Народната Банка но не и кон комерцијалните односно деловните банки. И по намалувањето на каматните стапки од страна на Народната Банка, деловните банки се оставени и понатаму (главен изговор не можеле одма да го наштимаат софтверот) да работат со високите каматни стапки со што остваруваат зголемени приходи. Дозволено им е да ги депонираат заштедите на граѓаните и профитот во странски банки со што ја развиваат економијата на трети држави а не сопствената. Главен изговор е дека е ризик да се импутираат преку кредити парите во македонското стопанство. Никој нема ама баш никаква престава колку исплаќаат бонуси и во кој износ македонските банкарски менаџер.

Обама има намера да им ги зголеми даноците на околу 50 финансиски институции во голема мера банки, доколку не почната да работат по сугестиите кој тој ги повторува неколку пати. Бара начин како да го дисциплинира нивното развратничко работење.

Кај нас дисциплина немало и веројатно никогаш нема да има иако на крај од секоја година секој ученик има поволно поведение…за сите нас тоа е повеќе проформа…сите сме примерни.

Posted in вести, општество, пари, политика | Tagged: , , , , , , , | 6 Comments »

КАЛЕНДАРИ, НОВА ГОДИНА и СТАРА НОВА ГОДИНА

Posted by mecetousko on јануари 14, 2010

- вчерашниот џумбус и славењето на стара нова година ме натера да ја реобјавам оваа стара колумна напишана некаде во далечната 2006 -

Ова со новите години, стара нова година, или кај секогаш радикалните срби српска нова година, се повеќе ме нервира и ми оди на нерви. Нова година си е нова година и точка, не знам што ни треба и стара нова година или како сакате наречете ја.

Самото сметање на времето е еден од основните тековни цивилизациски придобивки на човештвото. Ако погледнеме низ историјата, ќе видиме дека еволуцијата на календарот, а тоа најповеќе се гледа во прецизноста, е во нераскинлива корелација со развојот на познавањата од математиката, астрономијата, и науката во целост. Затоа не е ни чудо кога историски гледано ќе видиме дека најнапредните календари се продукт на најразвиените цивилизации. Ќе наведам само некој. Индиски, кинески, календар на мајите, еврејски па и денешниот календар кој сите го користиме. Тогаш што ќе ни е воопшто тоа празнување на стара нова година, пардон српска нова година. Сте слушнале ли на пример, евреите да ја слават еврејската нова година, индијците покрај оваа глобална нова година да ја слават својата индијска, кинезите додуша прават одбележување на нивната кинеска нова година но тоа е повеќе карневал кој има посебно во последниве години туристичка и бизнис тенденција. Само кај нас стара нова година е уште една нова година во низот на безцелни празнувања.

Најстарото славење на новата година било забележано во Месопотамија, пред околу 4000 години. Новата година почнувала со младата месечина која е најблиска до пролетната рамноденица, обично средината на март. Кај Асиријците, Египчаните и Персијанците, новата година била во времето на есенската рамноденица која е денеска на 23 септември. Кај старите Грци Новата година паѓала на 21 декември, а кај римјаните годината започнувала на 1 март се до 153 година пред наша ера кога е префрлено на 1 јануари и тоа го усвоил и Цезар во својот календар 46 година пред нашата ера.

Еврејската нова година наречена Rosh HaShanah, се нарекува уште празник на трубите, почнува првиот ден во месецот Тишри, кој паѓа помеѓу 6 септември и 5 октомври. Никогаш не паѓа во недела, среда или петок, како ни во време на полна месечина. Славењето трае 48 часа но само како вовед во 10 дневното покајување наречено Yom Kippur. Ни оддалеку не се слави како официјалната нова година или како што ние ја славиме нашата стара нова година. Впрочем кај нас нема разлика и двете се слават подеднакво.

Кинеската Нова Година, почнува помеѓу 20 јануари и 19 февруари (со првата млада месечина во новата година) и славењето трае цел месец со петарди и игранки на улица, нешто што го спомнав на почетокот на текстот дека повеќе личи на карневал. Повторно не она што кај нас се случува. Кинескиот календар е некоја комбинација на лунарен и соларен календар. Лунарниот циклус трае околу 29,53 дена. За да го стигнат соларниот календар, како и сите кои имаат лунарно-соларни календари (таков е и нашиот), кинезите додаваат еден дополнителен месец на неколку години(7 година во 19 годишен циклус). Тоа е нешто слично како додавањето на екстра ден во престапна година па затоа и нивната нова година не паѓа ист ден секоја година. Последните децении новата година за кинезите е грегоријанската нова година, другото е само карневал за туристи ала бразилскиот во Рио. Луѓето прават само религиозни церемонии во чест на Небото и Земјата, боговите на семејството и предците. Нема лумперајки.

Јас предлагам да славиме празници по календарот на мајите.

Оваа стара и таинствена култура која имала свој подем во периодот од 300 до 800 година пред наша ера, (па и ова пред наша ера е по некој календар нели)имала свој календар, кој покасно влијаел на календарите на Астеките, Тотлеки и други племенски цивилизации. Мајите имале еден календар кој им бил световен и се викал Цолкин, имал 260 дена, и друг календар Хааб кој бил врзан за годишните временски периоди и имал 365 дена и служел за земјоделски активности и за секојдневниот живот. Тој имал 18 месеци по 20 дена, плус 5 додатни денови за празнување и немал никакви престапни години. Световниот пак календар на мајите Цолкин се состоел од 4 периоди по 65 дена. Што сме ние, племе маји кое изумира и кое живее по два календари, грегоријанси и јулиански?

Постоеле и календари кои иако биле напредни, биле укинати на начин како и што биле наметнати. Таков е францускиот револуционерен календар кој траел само 14 години. Во време на француската буржоаска револуција од 1789 година одлучено е да се прекине со сите буржоаски текови, па и со календарот како таков и да се создаде сопствен. Тој бил во официјална употреба од 24 ноември 1793 година се до 31 декември 1805 година. Имал 12 месеци од по 30 дена, плус 5 или 6 екстра денови. Секој месец имал 3 недели од по 10 дена, а последниот ден бил предвиден за одмор. За цел на тотални промени, планирале да воведат и секој саат да има 100 минути, а секоја минута по 100 секунди. Кога е правен овој револуционерен календар, планирано е секоја година да започнува со есенската рамноденица, затоа што тој бил ден на создавање на Републиката. Но и кај револуционерните французи тоа кратко траело и тие си легнале на брашното па го прифатиле грегоријанскиот календар.

Но нејсе да ги оставиме мајите и французите и да се навратиме на нашиве новогодишни лумперајки.

Старата нова година, ја славиме по јулианскиот календар. Јулианскиот календар бил преставен од страна на Јулиус Цезар во 46 година пред нашата ера, а стапил на сила 45 година пред нашата ера. Го носи неговот име затоа и се вика јулиански календар. Овој календар како и неговиот наследник грегорианскиот по кој се слави вистинската и глобална нова година имал 365 дена поделени во 12 месеци со додавање на онаа 29 секои 4 години на месецот февруари. Просечното траење на годината на овој календар била 365,25 дена. Овој календар останал на сила длабоко во цивилизацијата на човештвото.

Календарот кој го заменува јулианскиот календар е грегоријанскиот, оној кој денес го користи целиот свет. Тој стапува во сила 1582 година кога папата Гргур го воведува. Веднаш го прифаќаат Италија, Полска, Португалија, Шпанија, а набрзо и останатите католички земји. Протестантите го прифаќаат многу покасно, а православците дури во 20 век, со тоа што сеуште не го забораваат своето фамозно славење на верските празници по јулианскиот календар (со исклучок на Романија, Бугарија и Грција кои целосно го прифаќаат новиот календар).

По новиот широко прифатен календар на папата Гргур, грегоријански, просечната должина на траење на годината е намален за разлика од јулианскиот и изнесува 365,2425 дена и има 97 престапни години на секои 400 години што дава грешка во сметање на времето од 26 секунди на ден. Тоа значи дека оваа грешка ќе акумулира еден цел ден во период од 3225 години. Тој е најточен календар досега и затоа е широко прифатен. Стариот Јулианскиот е помалку прецизен за мала разлика и за пократко време акумулира еден ден, затоа што има 100 престапни години на секои 400, значи се разликува од денешниот календар за 3 престапни години. Денес разликата помеѓу Јулианскиот и Грегоријанскиот календар изнесува 13 дена, а после 2100 година ќе се зголеми на 14 дена, што значи ќе се помести и славењето на стара нова година. Јулијанскиот календар на секои 127 години се одалечува за еден ден од официјалниот грегоријански календар. Тоа е уште еден доказ во низата за тоа дека новиот календар е многу поточен.

Поентата ми е.

Со постов сакам само да го искажам своето мислење за фамозната СТАРА НОВА ГОДИНА или кај србите СРПСКА НОВА ГОДИНА, која онака диво, со жар се слави по кафаните и дискотеките низ цела земја, а гледам и слушам и нашиот естаблишмент ја прифаќа безрезервно. Дали тие луѓе знаат што е тоа СТАРА НОВА ГОДИНА?

СТАРАТА НОВА ГОДИНА е мерена по календарот на Гај Јулије Цезар, а он го превзел од Египчаните, така да не гледам тука ништо посебно, ендемични и карактеристично за православните словени. Ова нека ми го објаснат тие што се најстрасни приврзаници на нејзиното славење. Во Македонија или на овие македонски простори грегорианскиот календар официјално стапува на сила за време на кралството СХС 1919, кога Македонија била вардарска бановина како дел од Србија. Овој податок важи посебно за Србите или Србоманите, каде е тука српството во СТАРАТА НОВА ГОДИНА.

СТАРАТА НОВА ГОДИНА може само пригодно да се обележи но славење по кафани и ноќни клубови не е ништо друго туку рефлексија на турбо фолк еуфоријата која јавно се манифестира без никакво значење или традиција. А тоа да стане традиција е најголема глупост.

Да се прекине со славењето на верските празници по стариот јулиански календар. Тоа е глупост над глупостите. Ако е научно докажано дека денешниот грегоријански календар е најточен досега календар и ако живееме и работиме по него, глупаво е да ги славиме верските празници по стариот јулиански календар кој иако доста точен сепак не е совршен како грегоријанскиот кој највеќе се базира на точност во поглед на астрологијата, соларните години и приближувањето на календарската година до тропската година.

Стварно е глупаво и безцелно, зошто се формира еден извртен свет во главата на луѓето дека ете ние православците сме нешто посебни и дека другите сакале да не заебат и асимилираат кога ни го вовеле новиот календар. Да не почнеме и ние како србите да викаме македонска нова година.

Posted in колумни, општество | No Comments »

Coalition for Tax Competition

Posted by mecetousko on јануари 13, 2010

Многу пати пишувава за данокот, за прогресивното оданочување како цивилизациска придобивка, за реформи во даночниот систем и што уште не. Линкови не ставам додека не ги средам пренесените текстови, затоа што се пренесоа со неправилности и морам да ги ре-едитирам, но затоа пренесувам едно писмо упатено до американскиот претседател од личности дирекно или индирекно вклучени во американската администрација или американскиот даночен систем.

Текстот е објавен оригинално тука на сајтот на Freedom Prosperity, а подоле го пренесувам во оригинална форма. Предлагам да го прочитате, а доколку имате некое мислење слободно споделете го преку коментар.

December 4, 2009

The President

The White House

1600 Pennsylvania Ave.

Washington, D.C. 20500

Dear Mr. President:

We write today to you to warn about the fiscal and economic risks of a value-added tax (VAT). American workers, consumers and taxpayers would all suffer if a VAT was added on top of the current income tax. By increasing the amount of money flowing to Washington, a VAT would facilitate an increase in the burden of government spending. A VAT also would serve as an excuse for higher tax rates on personal income and corporate income because of Washington’s myopic focus on distributional issues.

The evidence from Europe is not encouraging. Following the enactment of VATs beginning in the late 1960s, Europe has suffered big increases in overall tax burdens, up from 27.7 percent of GDP in 1965 to 38.9 percent of economic output according to the latest data. Government spending levels also have risen, from 30.1 percent of GDP in 1965 to 47.1 percent. Even taxes on income and profits have become more burdensome, climbing from 8.8 percent of GDP in 1965 to 13.8 percent.

The United States should not repeat the mistakes of Europe. Bigger government and higher taxes would mean sluggish economic performance and lower living standards.

Sincerely,

Andrew F. Quinlan ~ President, Center for Freedom and Prosperity Foundation

Grover Norquist ~ President, Americans for Tax Reform

Duane Parde ~ President, National Taxpayers Union

Matt Kibbe ~ President, FreedomWorks

Karen Kerrigan ~ President & CEO, Small Business and Entrepreneurship Council

David A. Keene ~ Chairman, American Conservative Union

Michelle Bernard ~ President and CEO, Independent Women’s Forum

Tim Phillips ~ President, Americans for Prosperity

Clyde Wayne Crews ~ Vice President for Policy, Competitive Enterprise Institute

Tom Giovanetti ~ President, Institute for Policy Innovation

Tom Schatz ~ President, Council for Citizens Against Government Waste

Terrence Scanlon ~ President, Capital Research Center

Stephen J. Entin ~ President, Institute for Research on the Economics of Taxation

Lew Uhler ~ President, National Tax Limitation Committee

Andrew Langer ~ President, The Institute for Liberty

Tom McClusky ~ Senior Vice President, FRC Action

Jim Martin ~ President, 60 Plus Association

Robert E. Bauman ~ Legal Counsel, The Sovereign Society

Lawrence J. McQuillan ~ Director, Bus. and Econ. Studies, Pacific Research Institute

Rick Durham ~ President, Tennessee Tax Revolt

Roland Boucher ~ Chairman, United Californians for Tax Reform

Chuck Muth ~ President, Citizen Outreach

Е така функционираат работите во земјата на светскиот тиранин и полицаец. Една одлука да се донесе цела серија на консултации ќе се направат и уште толку аргументи ќе се анализираат. За тоа како функционира кај нас ДДВ-то пишував конкретно со цените на лековите и лекот Тамифлу (повторно немаше сериозна дискусија) и веројатно уште многу ќе пишувам.

Може некој ентузијаст ќе прогугла еден ден и ќе направи убава анализа и тука…надежта последна умира.

Coalition for Tax Competition – на блогот книжевност

Posted in општество, пари, политика | Tagged: , , , , , | 22 Comments »

Решение како до најбрза кредитна исплата

Posted by mecetousko on јануари 13, 2010

Сигурно веќе слушнавте изминативе денови за филмскиот грабеж на скоро пола милион евра од една банкарска филијала во Прилеп. Очигледно дека сценаријата на ограбување банки и пошти се тренд во нашата земја веќе подолго време, а актерите и конспираторите на тие акции се добро едукативно потковани од сеуште не реализирани холивудски сценарија.

Но овој последен прилепски грабеж веројатно е новитет во холивудските грабежи, затоа што Крадците со украдените пари плаќале кредити во други банки. Веројатно ова е преседан на столетието во глобални рамки.

Очигледно глобалниот пандемониум кој го зафатил човештвото тука си има посебна карактеристика. Овој настан треба да се стави во рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, онаа иста рубрика која редовно како дете ја читав во политикин забавник. Но новите генерации не читаат политикин забавник, веројатно и не постои повеќе, а за нив ниту еден настан не е толку чуден и неверојатен за да се најде во една таква рубрика. Се е возможно и веројатно.

Замислете ја намерата на нашите банкарски ограбувачи. Ограбуваат банкарско возило и со парите уплаќаат кредит кој го должат. И понатаму се грижат за банкарскиот систем, за негово опстојување и профитабилно работење. Па не се луди утре да пропадната банките, што тогаш би ограбувале. Од друга страна уредно се грижат и за сопствениот личен бонитет, односно кредитна историја, од кај знаеш утре веројатно во пауза помеѓу две ограбувања ќе земат и некој потрошувачки кредит за да го поминат месецот. тоа се вика инвестиција во сигурна иднина, не би ме зачудило некој утре да ограби банка и со истите пари да отвори нова банка, веројатно тоа е логичен ред на случувања од сите околности.

Но и покрај тоа што нашиве ограбувачи веројатно светската комора на банкарски провалници ќе ги исклучи од нивното членство и припадност, даваат пример на совесност, чесност и почитување на редот и законите. Замислете си секој што краде пари од оваа земја по секаква линија, службеник, инспектор, политичар, директор, менаџер и што ти уште не, украдените пари да ги враќа на она исто место од каде не легално ги позајмил. Мислам дека тогаш би имале вистински институционален систем кој би функционирал без мана. Загубите ќе бидат сведени на минимум.

Во целава работа единствена мана ми се чини е тоа што даваат лош пример на обичниот граѓанин, кој заглавен до гуша во кредити сигурно помислува како да се извади од нив, па оваа опција е некако најбрза и примамлива. Она шалтање на исплатите од Мастер Картичка на Виза картичка и обратно, некако е премногу болен и долготраен процес.

Решени како до најбрза кредитна исплата – книжевност блог

Posted in Некатегоризирано | Tagged: , , , | 4 Comments »