meceto usko

Б(л)ог над Б(л)оговите

Archive for март, 2008

Георги Марков – Кој ја создаде легендата ЗАПАД

Posted by mecetousko on 31st март 2008

 

СО ЛИТЕРАТУРАТА ПРОТИВ БАЛКАНСКИОТ ПРОВИНЦИЈАЛИЗАМ

 
Георги Марков, бугарски писател, белетрист, драматург, журналист, роден 01.03.1929 година во Кнежево, Софија.

Убиство како на филм: На одење na работа во BBC редакцијата, откако го паркирал својот автомобил јужно од Ватерло мостот во Лондон и се упатил кон автобуската станица за да фати автобус до седиштето на BBC, во гужвата од луѓе наоколу, осетил силна болка во десниот бут на ногата. Кога се завртел видел човек кој свртен накај него собирал отворен чадор. Човекот му се извинил за ненамерното удирање и набрзина се изгубил во едно такси кое стоело на самата постројка. Марков покасно го опишал човекот како висок на возраст од околу 40 години. Со голема болка во бутот од десната нога тој заминал на работа каде на колегите им кажал што му се случило. Забележал крвава флека на џинсот кој го носел и големо црвенило на повреденото место. Кога се вратил дента дома, наеднаш се влошила неговата здравствена состојба со покачена телесна температура. Следниот ден е однесен во болницата “St. James” каде е утврдено постоење на централна пунктура, рана на неговиот десен бут во дијаметар од 2 mm и околна циркуларна област на воспаление. Истовремено е дијагностицирана септикемија и Марков починал 3 ден откако е предизвикана раната во бутот.

По распадот на Советскиот Сојуз, потврдено е дека рицин, отров добиен од растението Ricinus Communis, е користен во посебен механизам од чадорот за да се инјектира отровот во жртвата. Сето тоа било конструирано во тајните лабаратории на КГБ. Во целата операција била вмешана службата за безбедност на Бугарија и КГБ.

Нови контрадикторности околу атентатот и негирање на вмешаноста на Русите имате тука. Во 2003 Скотланд Јард официјално соопштува дека сеуште го смета случајот за отворен и тврди дека истрагата не е завршена. Се надеваат дека ќе овозможат убиецот да одговора пред лицето на правдата, во што ние кои живееме на Балканот тешко можеме да поверуваме дека ќе се случи. За љубопитните околу целата конспирација тука имате уште информации.

Неколку информации за животона Георги Марков: Завршил Прва машка гимназија во Софија (1947). Учи во Техничкото училиште во Русе (1947 – 1950) и во Хемиско – технолошкиот и металургиски институт во Софија(1952). Работи како инжењер технолог и како предавач во Софија од областа на техника за преработка на керамика и стакло. Се разболува од туберкулоза и 1958 година мирува во работењето заради билест. Емигрира од Бугарија на 15 јуни 1969 и отпрвин живее во Италија. Потоа се сели во Лондон каде работи за BBC, програма на бугарски јазик. Покасно на програмата на бугарски јазик, работи и во Келн, редакцијата на DW, како и во Минхен за Радио Слободна Европа. Тука настануваат и неговите есеи, кои се припремани за радиоемисиите и емитувани, за да покасно по извршениот атентат бидат објавени во Цирих 1980, а многу покасно и во Бугарија, дури 1990 година.

На 7 септември 1978 година врз него е извршен атентат (роденденот на Тодор Живков), по што умира во лондонска болнница на 11 септември 1978 година.

Георги Марков во емиграција ги создава своите најзначајни дела, публицистичката книга РЕПОРТАЖА ОД БУГАРИЈА, вреден документ за тешката социјална атмосвера во едно тоталитарно општество. Пред да емигрира, Марков е еден од обновувачите на бугарската проза во шеесетите и ценет автор. Иако најзначајни од тој период се неговите новели, Марков има успех и во кратките приказни. Во нив се осврнува на психолошките проблеми кај луѓето од неговиот град.

Автор е на книгите “Цезиева ноќ. Повести”(1957), “Победниците на Ајакс”, научно фантастичен роман (1959), “Анкета”, новели (1961), “Помеѓу ноќта и денот”, раскази (1961).

“Портрет на мојот двојник”, новели (1966), “Жените на Варшава”раскази и новели (1968) и др.

Посмртно се отпечатени неговите пишувања сврзани со публисцитиката и новинарската работа во радио медиумите, “Репортажи за Бугарија”1990 Софија, 1980 Цирих, “Литературни есеи”Париз 1982, Софија 1990 и други.

 Извадоци од делата на Марков

Кој ја создаде легендата ЗАПАД

Марков за илузијата ЗАПАД (колку ли човек треба да биде самосвесен; дисидент, прогонет од сопствената земја, но со реален поглед на постоењето и живеењето. За тие искази не беше убиен од западот туку од истокот)

"… Да се прашаме – кој ги создаде таквите илузии, дека Западот ќе Ве направи среќни и ќе Ви подари лесен живот? Како се стигна до таму, дека западот за секој бугарски граѓанин е синоним за блаженство? Од каде дојде тоа чувство, дека ако во Софија кажеш, дека си ручал со еден италијанец, секој да смета дека тоа најверојатно бил Адриано Оливети, па макар во стварноста да бил тоа некој беден сицилијанец? Зошто, кога ќе се каже дека некој отишол во некоја западна земја, се смета дека отишол во рајот? Зошто еден куп на бугарски патриоти ќе се испотепаат помеѓу себе, за кој да грабне дипломатско место на запад? Зошто? Зошто? Но не само во Бугарија. Пред неколку години  во Москва, руски пријатели ме поканија на гости кај нив, за да како што ми кажаа бидам почастен со нешто исклучително. Беа интелектуалци, образовани и културни луѓе. И домот им беше преполн со гости, кој беа поканети да го вкусат мистериозниот напиток… кока кола! Можеби изгледа смешно, но некој од некаде донел лименка кока – кола и ние требаше да ја спознаеме горе – доле така, како кога се зема причеста. Тажно…" 

 

Марков за апсорбцијата на информациите во едно друго време. За жал ние и во новото време по истиот начин ги примаме информациите иако го имаме интернетот како средство за освестување.

 

"… Нека само за миг си замислиме како би било, ако бугарските граѓани имаа достап до странските весници, ако не се цензурираа радиовестите на бугарски јазик. Од Радио Лондон бугарските слушатели ќе ја научат точната и објективна вистина за положбата на малцинствата во Англија, ќе слушнеше дирекни документарни предавања за нивните митингувања, јасна слика ќе добиеше за положбата на работничката класа, со сите плусови и минуси, сигурно ќе дознаеше колку е лошо платен трудот на медицинските сестри на пример. Тие проблеми се на врвот од насловните страници на сите весници, ја осветлуваат перспективата од најразлични агли. Или ако бугарите можеа да имаат француски весници ќе научеа за тешката живејачка во областа Кале. Или пак од Италија ќе добиеја престава за положбата на селаните на Сицилија, или на металоработниците, која ни малку не е розова. Сигурно ќе разбереа дека насекаде се води борба за живот, дека не ретко материјалните услови се дури по лоши од бугарските, макар во принцип светот да е сосема различен. И можеби тогаш мечтателите за лесен, безбеден живот ќе бидат помалку…"

 

ИДЕАЛИТЕ – Георги Марков 

Марков за идеалите, идеалистите и борците за слобода (тоа одлично се симулира на нашите истакнати борци од НОБ)

 

"… По законите на борбата многу малку од тие идеалисти го дочекаат 9 септември 1944 година. Во безброј мемоарни записи, издадени покасно, се истакнува дека најдобрите, најдостоинствените загинале. А немалку автори на записи потврдуваат внимателно дека многу од останатите партизани, политзатвореници, членови на партијата, сосема не може да се пофалат со добро поведение. Особено силно е тоа тврдење во спомените на Славчо Трнски, кој зборува за тие кои земале учество во борбата само кога победата веќе била потполно сигурна при тоа самосокривајќи се и итро избегнувајќи ги опасностите. И тоа се разбира дека идеалистите секојпат го плаќаат…" 

Марков за некогашните идеалисти комунисти, кои по се изгледа оставиле генетски аберации во денешните плуралистички општествени системи.

 

"… Во меѓувреме силината на власта така им се услади на многу од нив, што напросто заборавија од каде тргнале. Довчерашните борци за слобода се претворија во нејзини најголеми гонители, довчерашните жртви на полицијата ја надминаа многукратно методиката на мачење и терор, довчерашните пропагатори за принципиелност и висока моралност се претворија во најбезпринципиелните марионети на времето, довчерашните мечтатели за подобар и поубав свет станаа сторители на зло и грозота. Примерите немаат крај. Еден бугарски министер, бивш идеалист, кој сега ја развозува љубовницата по најскапите хотели во светот, се исповеда пред мене – Ми се живее, сега ми се паднало да живеам…"

 

 

 

Кирило Методиевско – Георги Марков

Марков за напредокот во хиерархијата на едно болно општество, напредокот на неталентираните и бездарните, или како што викаше дедоми, ако некој не знае, учителката ќе го седне до тој што знае, за да научел. Сите мораме да знаеме.

 

"… Секојпат сум се прашувал зошто кај нас за разлика од целиот нормален свет се посветува специјално внимание за надградување на неталентираноста. Ако сте талентиран во било која област, ќе поминете низ илјадници проверки, за да добиете признание или потврда за вашата вредност, но ако сте јавен или полујавен бездарник, тогаш од сите страни ви се помага да го развиете талентот на вашата неталентираност, со што ќе го обогатите творештвото на неталентираните со уште еден производ. Доколку пак, ако сте посебно настојчив, вашата кариера е осигурана, вие можете да станете професор, театарски режисер, писател, новинар, политичар, се. Тие кој сметаат дека ги преувеличувам работите нека погледнат околу себе. Колку многу нивни познати направиле академска или друга кариера само со повторувањето на "Оче наш"…"

 

"… Се зборува дека едно дете на петгодишна возраст задава средно осумстотини прашања на ден. И тоа е можеби најпозитивната карактеристика на човекот. Граѓаните од стројните редови на неверството не задаваат никакви прашања. Тие знаат се, и не се интересираат за ништо, тие си имаат теории за неверството која е закачена како етикета. Етикетите се одговор кој треба да биде научен. Вие просто го запомнувате тој одговор и се е понатаму сосема едноставно…"

 

Други размислувања на Георги Марков имате тука:

Празникот на слободата и полицијата

Последната Тајна

Сопствениот Фашизам

Писмо до Христо Ботев

Писмо до Љубомир Левчев – Поет

 

ПРОДОЛЖУВА …

Тагови: , , , , , , , ,

Posted in литература | No Comments »

АЛЕК ПОПОВ – современик на бугарската книжевност

Posted by mecetousko on 28th март 2008

 

СО ЛИТЕРАТУРАТА ПРОТИВ БАЛКАНСКИОТ ПРОВИНЦИЈАЛИЗАМ

 
АЛЕК ПОПОВ е роден во Софија во 1966 година. Автор е на книгите: “Другата Смрт (1992), “Прљави соништа”(1994), “Игра на магии” (1995), “Патот кон Саракуза” (1999), романот “Мисија Лондон” (2001), “Ниво за напреднати” (2002), “Митологија на преодот” (2006), “Црната Кутија” (2007). Завршува национална гимназија за древни јазици и култури “Св. Константин Кирил Филозоф”и бугарска филологија на Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски”.  Пишува и радиозаписи за бугарското национално радијо, и сценарија за документрни и играни филмови. Во 2001 година Бугарската национална телевизија го снима филмот “Туѓите стапки”, според истоимениот расказ од збирката раскази, “Прљави соништа”. Работел и како уредник во Националниот литературен музеј и како дипломат. Во моментов Алек Попов е директор на Домот за детска книга и главен уредник на списанието “Родна Реч”, како и портпарол на бугарскиот ПЕН центар.”

Романот “Мисија Лондон” е преведена и на македонски јазик, ако не се лажам во издание на детска радост.

Линкови до романот Мисија Лондон. (1, 2 ,3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10.)

Оваа година треба да започне и снимање на филм по истоимениот роман. Веднаш да најавам дека ќе биде еден од најголемите балкански комедии некогаш направени, се разбира доколку режисерот и глумата бидат на ниво колку и самиот писател.

 

Алек Попов – “Мисија Лондон”

Ненадејното доаѓање на новиот амбасадор во бугарската дипломатска мисија во Лондон и стравот на службениците од амбасадата дека ќе бидат сменети и вратени назад во Бугарија, создава една од основните приказни на овој роман. Попов, земајќи ја бугарската амбасада во Лондон како јадро, гради во вид на концентрични кругови различни ситуации и ликови. Прекрасна и духовита книга во која се мешаат стварноста и фикцијата. Самиот роман преставува критика на бугарскиот или пошироко на балканскиот карактер. За Мисија Лондон критичарите пишуваа дека е најсмешната книга во современата бугарска литература а воедном дека е тоа и прв европски комичен роман со елементи на криминалистичка приказна која во основа не е ништо друго туку само иронија и убиствена сатира. Авторот посебно се истакнува со осет за детализирање, стилски е богат, разноврсен во опишувањето и со постојан умерен хумор.

За книгата општо толку. Но има еден дел во книгата(многу краток) кој писателот го води преку писма или дописи односно новински извештај. Пренесувам во пширок опис дел од книгата, поточно неколку писма кои циркулираат на релација, амбасада на Бугарија во Лондон, министерство за надворешни работи Софија, за повеќе од книгата следете ги линковите од 1 до 10, од погоре. Мислам дека нема балканска земја која не би се препознала во издвоените писма цитати.

 

“… Почитуван господине амбасадоре!

Од 24.05 до 24.06 на покана од Британскиот музеј во Лондон ќе гостува уникатна експозиција ХИГИЕНА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА БУГАРИЈА, во чии рамки ќе бидат прикажани првите WC во историјата на човештвото.Истиот бил откриен во археолошкото наоѓалиште на територијата на градот Провадија и датира од 1234 година. Автентичноста на пронајденото го имаат потврдено научници од меѓународно значење, како што е проф. Д-р Ван Мајс од Холандија и др. Чарли Ридс од Оксфорд. Сметаме дека со популаризирање на овој пронајдок кој потекнува од старите Бугари ќе се поентира и ќе биде од корист за новиот европски имиџ на драгата наша татковина. Изложбата ќе ја отвори претседателот на општината на градот Провадија, господин Првомаев. Ја молиме амбасадата да помогне околу нејзиното сместување и активно да се вклучи во припремите за оваа манифестација од големо значење…”

 

На ова писмо амбасадорот не одговара но набрзо неговиот одговор се проследува преку следново писмо.

 

“… СТРОГО ДОВЕРЛВО

Во врска со претстојното гостување на изложбата ХИГИЕНА ВО БУГАРСКИТЕ ЗЕМЈИ, Ве информираме дека истата не е во согласност со оделението за култура, ниту со министерството за култура, туку се остварува на иницијатива на локалниот комитет со седиште во градот Провадија. Официјалниот европски став може да се најде во енциклопедија британика, каде е запишано дека првото WC е пронајдено 1569 година и дека негов создавател бил сер Џон Харингтон, за време на кралицата Елизабета I. Истражувањата во дипломатските кругови направени во последно време, покажуваат дека тоа откритие се смета за еден од основните елементи на британскиот културен идентитет, а воедном во поширок аспект и на европскиот. Рушењето на еден таков европски мит кој се втиснал во свеста на низа европски генерации во овој момент нема посебно да допринесе за нашата интеграција во европа, туку напротив ќе предизвика негативна реакција. Препорачуваме амбасадата да се дистанцира од престојната иницијатива и да своите контакти со организациониот комитет ги сведе само на незванично ниво…”

После овие писмени преписки, амбасадорот чита извадоци во превод од англиски на бугарски, од британските печатени медиуми, па пишува,

“… Британските весници посветуваат особено внимание на лондонската изложба ХИГИЕНА ВО БУГАРСКИТЕ ЗЕМЈИ, која денеска се отвора во престижниот британски музеј. Веста е застапена во скоро сите значајни дневни весници.

Предизвик на бугарското WC ( Bulgarian WC Challenge), автор, Мет Gосвел, весник, Трибјун.

Општопознатиот факт дека WC – то е производ од периодот на Елизабета, најверојатно ќе доживее исправка кога денес по прв пат ќе биде претставен неговиот бугарски еквивалент, пишува Госвел.

Направата откриена во Бугарија потекнува од 673 до 680 година и претставува функционален модел на WC какво за прв пат се појавува во западна Европа скоро 1 000 години покасно. Се уште се дискутира за неговото потекло, тракијско, бугарско, или византиско?Зошто не и келтско?

Слични системи не се досега откриени ниту во тракијските некрополи, ниту во грчко – римските археолошки центри на територијата на Бугарија. Овие факти ја поткрепуваат тезата на експертот од Бугарското историско друштво во Лондон, Петар Панчев, дека се работи за стара хигиенска традиција, пренесена од Стара Голема Бугарија, која во минатото се протегала на територијата на денешна Украина и Јужна Русија. Бугарите претендираат дека се едно од најстарите племиња на земјата, кои во древното минато живеело во ферганската долина и на деловите на Памира.

Останува непознато зошто оваа инсталација не добила поширока примена во средновековното бугарско царство. Според Петар Панчев, објаснувањето се наоѓа честите упаѓања на турските племиња кон крајот на XIV век, кои систематски ги уништувале тие достигнувања на локалната култура. Тој не ја исклучува можноста на територијата на Бугарија да се најдат уште споменици од тој вид.

Археологот Елена Пападопулос од Оксфорд има потполно спротивно мислење.Таа тврди дека WC инсталацијата има во потполност византиско потекло. Тоа што недостасуваат други такви примероци, таа го објаснува со упаѓањето на бугарските племиња на Балканскиот полуостров во текот на VII век, кои систематски ги уништувале мислејќи дека се работи за христијански светилишта. Нејзината теза не објаснува зошто слични инсталации не се најдени нигде на друго место во границите на некогашна византија.

Оригинално беше мислењето на професор Мајкл Калахан од универзитетот во Глазгов. Тој смета дека WC – то е реликвиско наследство од времето кога келтските племиња престојувале на овие територии. Сосема очигледно е меѓутоа дека оваа келтска традиција во многу што се рзликува од традицијата на келтите во западна европа и по конкретно од нивната традиција на британскиот остров.

Потеклото на WC системот од Провадија, сега за сега останува тајна. Се очекува изложбата да ја посети лично нејзиното височество, кралицата Елизабета II.

И така натаму…”"

 

Книгата е екстремно сатирична и хумористична, што ја потврдува способноста на писателот да го гледа светот од перспективата на невидливото. Секому му ја препорачувам книгава.

 

Следува извадок, расказ

ОДИСЕЈА НА КОСОВО 2001 ГОДИНА

“… Голем транспортер со натписи на КФОР пополека ползејќи се искачи на врвот и ја завзема позицијата над селото. Во долината се одвиваше спорадична престрелка и се издигнуваа столбови од дим. Катанецот на машината се отвори и над куполата се појави човек со дурбин. Офицерот се заврте за 180 степени додека рамнодушно го набљудуваше пределот во пламенот. Одеднаш како низ магла примети едни размачкани букви JORE ATTRACTIONS.

Веднаш го спушти дурбинот.

Од другата страна на патот, забивајќи го носот во ендекот, се белееше напуштен фургон. На неколку метра пред него се димеа остатоци од превозно средство кое го влечело истиот тој фургон. Позади воланот висеше јагленисан труп. Најверојатно налетеле на мина, претпостави офицерот, или го укокале со зоља. Која по ред е оваа цивилна жртва… Се наведна и викна нешто на англиски. Малку потоа од возилото излегоа петорица војници и пополека се приближуваа до фургонот со вперени автомати. Предводникот на малата група често застануваше и нешто им соопштуваше преку микрофон кој штрчеше преку шлемот. Фургонот немаше прорези, а на вратата стоеше еден полуизбледен знак, забранет влез.

Некој ја притисна кваката. Беше заклучено.

Одеднаш одвнатре долета некој чуден звук, нешто помеѓу стенкање на ранета пума и мјаукање на избркан мачор. Војникот уплашено ги затвори очите и ѕирна низ напукнатата шпијунка.

“Сер, во фургонот има некој…”поднесе извештај младиот водник. “Или нешто…”

“Shits”, процеди низ заби потпоручникот Бобецки. Требаше да донесе одлука. Имаше само дваесет и три години и знаеше дека авторитетот му зависи од тоа.

“Отворај Пеперс!!!”, му нареди на водникот ,“Само внимателно!”

Судејќи по натписот се работеше за циркуски фургон. Можеби внатре се криеја разно разни животни, мајмуни, крокодили… А можеби и бегалци! Должност му беше да провери.

“Сер”, возбудено се јави Пеперс. “Овде е една жена…Права бомба”

Оваа изјава предизвика кај младиот офицер сомнеж.

“Жена?”, строго повтори.

“Заврзана со синџири…”, дополни Пеперс.

“Јасно”, заклучи Бобецки, “сексуална робинка!”. Веќе имаше слушнато дека во целиот регион цвета трговијата со жени. Срцето му се исполни со гордост. Ете, неговата војничка единица спасила едена маченичка душа, тоа може да го претвори во херој кај одговорните надредени структури.

“Сер, ја ослободив жената”, јавува Пеперс. “Се вика Славенка… сер”

Малку покасно и двајцата се појавија пред офицерот насмејани до уши.

Во прегратка на подофицерот трепереше една долгонога девојка, облечена во кратки спортски панталони и во груби сандали со штикли како копита. Војниците ги дочекаа викајќи и урлајќи со одобрување. Бобоцки затрепери со очите. Девојката имаше голема портокалова уста и права позлатена коса која ветерот ја движеше на најживописен начин. Таа со леснотија се ослободи од Пеперсовите машки раце и рипна на земја. Го заобиколи фургонот газејќи ја согорената трева како штрк. Се приближи до колата, се загледа во јагленосаниот труп и одненадеш плукна на него со неочекуван оштар звук. Таа истресе безброј словенски зборови чија смисла не беше тешко да се одгонетне.

“Чудовиштето сигурно и го заслужило тоа!”, помисли младиот офицер.

Не негово изнендадување дамата набрзо се смири и скоро во потполност заборави на својот џелат. Со рака се потпре за Пеперс и почна да разговара со војниците користејќи се со богатиот арсенал од гестови. Од групата допре смеа. Жената го насмери својот поглед кон Бобецки. Усните и се развлекоа во леплива насмевка. Младиот офицер поцрвене до уши, но не се помрдна од своето место. Славенка го фати Пеперс и едниот војник под рака, кажа нешто и сите се придвижија кон фургонот.

“Еј, каде одите!?”, викна Бобецки.

“Ни рече дека сака да ни се заблагодари…сер”, одговори подофицерот со спор, туѓ глас, качувајќи се на малите скалички. Вратата се затвори после него.

“Под итно да се вратите! Тоа е наредба!”, заурла Бобецки, потполно бесен.

Никој не му одговори. Фургонот малку но симболично се заниша. “Мамичето твое курвинско!”, опсова офицерот. Поминаа неколку минути. Клатењето престана. Бобецки ја повлече златната менѓуша на своето уво, за да се увери дека не сонува. Разумот му говореше дека треба да се поврзе со штабот, но гордоста го спречуваше. Ситуацијата беше повеќе грда отколку критична. Наскоро ќе биде пет попладне. Пукотниците во долината се слушаа се посилно.

“Сега ќе ви покажам животни едни!”, им запрети, извлекувајќи го пиштолот и спуштајќи се накај оклопот испукан од сонцето. Додека трчаше накај фургонот, во грлото му растеше се повеќе една голема кнедла од гнев и срам…

“Надвор!”, заурла, буткајќи ја со нога вратата.

Нешто што квичеше бесно рипна на него. Бобецки испали и падна на грб. Над главата му протрчаа уште две прасиња, мачка и куче, па се скрија во блиската висока трева. Стана мумлајќи. Погоденото прасе мрткаѓе со ноженцата и ропташе во локва од крв.

“Жал ми е”, промумла Бобецки, “не знаев знаев дека внатре се наоѓа цела менажерија…”. Го докрајчи прасето со еден куршум и ѕирна во фургонот.

“Пеперс?”

“Одвнатре заудара на животински смрад”. Ѕидовите беа излепени со блескави плакати, маж во цилиндар со жена во растегнато трико изведуваат евтини трикови со анимален призвук. Во дното стоеше еден црвен плишан кауч. Славенка лежеше на него потполно гола, како голема сита змија.

“Дојди”, едвај промумла, подигајќи се на лактите и мрдајќи ги прстите.

Бобецки тргна неодлучно, не испуштајќи го пиштолот, магнум, кој сеуште мирисаше на штотуку испален барут. Беше убеден дека војниците му спремаат гадна шега. Сигурно се провлекле низ принудниот излез, за да му се смејат, помисли. Банда на неспособници!

“Дојди”, повтори, не симнувајќи ги од неа светлите и крупни очи.

“После ќе зборуваат дека сум кукавица”, помисли Бобецки. Или педер… Телото и се белееше во мракот и светеше од потта. Тоа благо го одбиваше но во исто време и го привлекуваше. Како и смрадот. Боже мој зошто ли мириса така?… Почна да му зборува нешто на својот јазик. Му ја завлече раката под униформата, влажна и мека како октоподско пипало. Го раскопча…

“А што ако нема принуден излез?!”, му падна одненадеш на памет. Но веќе беше касно. Нејзините дланки веќе се склизнуваа по неговите раменици и гради, оставајќи траг по штотуку проникнатите сиви влакна.

Малку покасно од фургонот излезе волк. Изгледаше збунето. Го помириса трупот на прасето кое лежеше пред вратата и се загледа во сивата тетоважа на неговиот десен бут. После внимателно почна да ја лиже крвтта.

“Марш!”, долета љут женски глас.

Волкот помукло заржа и ги покажа своите заби. Жената фрли нешто спрема него и тој го сви опашот и побегна. Сивкастиот грб го снема во нивата. Таа почна да се смее. Седна на прагот така гола и почне да го јаде зеленото јаболко со посебно нагласен апетит…”

Линкови до други раскази од Алек Попов:

 

Раскази од збирката раскази, “Ниво за напреднати”

“Услугата”

“Small Woman”

“Cyber – Faust”

“Ниво за напреднати (Advance Level)”

 

 

ПРОДОЛЖУВА … темата Алек Попов…

 

Posted in литература | 7 Comments »

СО ЛИТЕРАТУРА ПРОТИВ БАЛКАНСКИОТ ПРОВИНЦИЈАЛИЗАМ

Posted by mecetousko on 28th март 2008

СО ЛИТЕРАТУРАТА ПРОТИВ БАЛКАНСКИОТ ПРОВИНЦИЈАЛИЗАМ

(Денови на Бугарската литература на блогот The Truth Laid Bear. Секој добронамерен блогер може слободно да испраќа содржини и теми од областа на бугарската книжевност. Овие неколку денови тука ќе бидат објавени, колку што знаењето и времето ми дозволуваат)

 

Ова што се случува по блогерајов не е веќе НАЦИОНАЛИЗАМ, ова е ПРОВИНЦИЈАЛИЗАМ.

Оваа моја одлука ќе наиде на голема осуда и омаловажување од многу луѓе. Знам дека е така, но не можам да им помогнам на оние кои не сакаат да им се помогне. Не можам да ги натерам да прогледаат оние кој сакаат да бидат намерно слепи.

На мојот пост СИЛУВАЊЕ НА РЕАЛНОСТА ОД МЛАДИТЕ ПАРТИЗАНИ, се случи истото она што со години се случува на блогерајот. Се изврши силување на текст, кој нема никаква врска со македонско, бугарските стереотипови, од страна на провинциска групација на блогерајов која во континуитет го прави тоа, тука пред сите нас. Толку се упорни и толку се гласни, создаваат толку силен шум, што се добива впечаток дека сите тука се такви. Дека секој со секого се мрази и секој со секого се омаловажува.

Дали навистина е така?

"… Види го колку е убав Балканот.Колку рамниомерни годишни времиња, колку сонце, колку убави планини, господ давал и се заборавил давајќи. Но некои работи не може да се проголтаат, некои стереотипи никако да излезат од главите на луѓето…"

"… Кој си игра со работи како што се национализмот, омразата, насилството не треба да си игра, затоа што се игра со нешто со што не смее да си игра …"

"… За жал насилството најубаво се гледа таму каде што е најубаво…"

Не, не и не.

Во целата таа провинциска калакурница ќе слушнете и прочитате нешто што не може да допре до никого од големата галама која се создава.

"… ние обикновенните хора не трябва да се подаваме на политическа пропаганда!
сите сме от майка родени и можем да живеем добрососедски!
толкова общи неща имаме дека треба да ни обидинуват!
а некой политичари со тоа ни разеденуват!…"

"…секой кой живее во миналото а не со очи во бъднината го чека голема мизерия и несрекя!…"

"…нека секой ден се опитваме да изявим доброто и да скрием злото!
тогаш сум сигурен дека тоа ке даде добра плод!…"

 

Нормално, вакви размислувања не се интересни за реплики и коментирање. Доволно е да се најде и појави некоја будала и со простачко – провинциски сленг, обавезно пропратено со скопско курчење кое ќе изпровоцира цела лавина од небулозни констатации.

Да направиме мала ретроспектива.

На блогерајот се си почна нормално. Како што треба. Се појави една група на блогери кои почнаа да пишуваат она што сакаа да пишуваат. Живееме во ерата на слободата на размислувањето и говорот. Ниту еден говор ниту едно размислување не е страшно и опасно додека во себе не содржи елементи на омраза, геноцид, и нетолеранција. Секој збор изговорен надвор од уличниот воакбулар е доволен само по себе за дискусија и анализа.

Се појави контра група на блогери, со иста перцепција и начин на делување во спротивен правец. Се појави онаа исконструирана блог пропаганда од НАШИОТ СОСЕД, која наиде на голема осуда од секој разумен човек, но крена толку голема прашина што никако да слегне и да се прочисти слободниот видик.

Продолжи блог провинцијализмот како метод на себепромоција, се појавија еден куп полуписмени и будали тапоглавци кои продолжија да плукаат каде стигнат. Никој не може да побегне од тоа без разлика каде се наоѓа. Сета тоа однесување станува, смешно, комично, фарсично и банално. Имате еден блог со преку 7 500 коментари на еден пост. Се прашувам какви ли се тие луѓе кои пишуваат и коментираат на такви текстови. Но тоа се најчесто луѓе кои никојпат не читаат а уште помалку размислуваат.

Се појави и петиција со која се бараше од сопственикот на овој блог сервис да им забрани пристап на сите кои пишуваат, она што на нив не им се допаѓа.

Забораваме дека интернетот е глобален медиум и дека практично многу тешко е да се цензурира или нешто забрани. Налактени на прозорчињата од своите затворени соби, светот го гледаме само преку она што може да го видиме додека го отвораме и затвораме прозорчето. До каде допира видикот на тоа видно поле до таму гледаме. Не сакаме да погледнеме подалеку, нанапред во иднината, а го имаме компјутерот пред нас. Не ли е тоа парадоксално. Со интернетот светот ти е на дланка, а ние не сакаме да погледнеме во него. Не сакаме да го прифатиме влијанието од западните демократии. Ги гледаме само негативните работи, позитивните како и да не постојат. Затворени сме не само во својата држава, туку и своите градови, маалски се затворивме. Почнавме да го мразиме и оној кој доаѓа од другото мало.

Сета работа е по трагична што вакво однесување се оправдува и од либералните и интелектуални кругови на овој блогерај, кој не можат никако да го прифатат фактот дека светот е променет и дека сите ние сме исти во една голема чекална во која чекаме негде да не примат. Запамтете, се што правите и ви прават останува. Се што ќе кажете и напишете. Не можете нешто што ви е пред очи да се правите дека не го гледате. Тоа е пред вас и треба да се борите да го промените, зошто ќе им го оставите како бреме на потомците.


Затоа во наредните неколку денови, како израз на мој револт кон сета таа провинциско – шовинистичка фарса, на овој блог ќе се појават раскази од познати бугарски писатели и уметници. Да го дигнеме гласот на разумот.

Гласот на културниот и образованиот човек, може и мора да биде погласен од гласот на балканскиот шовинизам.

Почнува новата ера, ера на ЛИТЕРАТУРНИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ.

СО ЛИТЕРАТУРАТА ПРОТИВ БАЛКАНСКИОТ ПРОВИНЦИЈАЛИЗАМ

Затоа што минатото не може да ја победи иднината!

Затоа што омразата не може да ја победи љубовта!

Тагови: ,

Posted in блогосфера | No Comments »

СИЛУВАЊЕ НА РЕАЛНОСТА ОД МЛАДИТЕ ПАРТИЗАНИ

Posted by mecetousko on 27th март 2008

Помеѓу македонската младина секогаш преовладуваат глобалните проблеми и прашања над локалните. Најбезболно е да се занимаваш со тоа. Така стекнуваш репутација на моралист, а задницата ти седи на сигурно место.

По блогерајов ако почнете да пребарувте (под зборот НАТО) ќе ви испливаат еден куп на постови, памфлети со кои се осудува аспирацијата на Македонија за членство во северно атланската алијанса. Се добива впечаток дека на блогерајов преовладува анти НАТО расположение, дека сите сме самосвесни за штетноста од нашето зачленување во најголемата светска воена организација.

Јавно се врши силување на реалноста.

Реалноста ни ја преставуваат како жртва, а ние треба да се спротивставиме реалноста да биде жртва. Се девалвира и ревитализира реалноста и моменталната наша геополитичка положба. Реалноста што скоро сите европски земји се членки НАТО се извитоперува.

Дали пропагирањето на анти НАТО расположение е од општ интерес.

Во земја која има над 300 илјади невработени,каде голем дел и од вработените живеат во мизерни услови, во земја која е во потполност зависна од енергенси па до прехрана од надвор, да се развива ваков анти НАТО ескапизам не може да се толкува никако поинаку отколку, како лудост. Никој од нив не сака да говори за македонските транзициони маки, а оние кој се обидуваат да го направат тоа, веднаш ги етикетираат како ксенофобични и екстремистички индивидуалисти кој се против народот и државата. Послатко е да се зборува и проектираат филмови за Ирачката нафта, отколку да се зборува за македонската социјална маса. Земете една камера и направете документарец по околината на Скопје и низ Македонија, кој ви гарантирам дека ќе биде 100 пати повеќе болен отколку филмчињата што си ги прожектирате катадневно.

Somebody has to rule the world.

Додека постои човекот ќе постои и желбата да управува со светот. Пред американосите имаше многу други кои го водеа или се обидуваа да владеат со светот. Некој со цел,некој со само дел. Никојпат низ историјата на човештвото немало движење или милитантно организирање кое имало друга намера освен владеење. Тоа е јасно секому и нема простор за демагогија. Зошто е тогаш оспорена тенденцијата на НАТО да го прави истото?

Младите партизани секојпат се безобразно најгласни!

Целава работа повеќе ми заличува на предвоен Балкан, во кој сите се покоруваат на Третиот Рајх, но младите партизани (комунисти) го дигаат својот глас, јасно и гласно, против. Пукнуваат првите пушки и се понатаму е историја. За првите пушконосци, следат огромни бенифиции кои се насловуваат како “борците од НОБ”. Уште живеат нивните фамилии од тие придобивки и бенифиции на кои се чини им нема крај.

Денешните млади партизани, исто така се групираат, но не во подруми и гаражи, туку во културни центри и кафе книжарници. На своите активности така им даваат до значење дека се работи за високообразовани интелектуалци кои добро знаат за што се залагаат. Сите други кои не размислуваат како нив се далеку попрости, изманипулирани или пак се работи за политички заведени персони кои спроведуваат нечии интереси. Прават списоци на присуство, се легитимираат меѓусебно, се пребројуваат, за евентуално утре да си ја припишат славата за себе, како осветољубени гласници. Можеби утре ќе си делат и титули, станови, викендици, исти како нивните партизани претходници. Но како што од денешнаа дистанца не знам кој повеќе му нанел зло на овој народ (партизаните или окупаторот), така и денес не знам кој ќе нанесе поголемо зло (младите партизани или НАТО).

Ако за нешто си против треба да ја демонстрираш алтернативата!

Тоа за жал не го гледаме од нив. И додека во Европа полека од НАТО надвор останаа земји кои имаат проблеми со општественото и институционалното уредување, нашите млади партизани безобразно демонстрираат антагонизам, заборавајќи да ни ја посочат геополитичката алтернатива. Се споредуваат со Швајцарија, Шведска. Абе ајде!

Што ако не влеземе во НАТО, голема работа!

Најсилното оружје и аргумент на младите партизани. Земја која и после 50 години социјалистичко битисување и 18 години транзиционо мазохистичко перзистирање одеднаш треба да се заканува со – “не ми требате сам ќе си ги градам институциите”.

Илузионизмот како оружје.

Морам да признаам дека се махери за ширење илузија и за демагогија. И Коперфилд  им завидува на нивните илузионистички способности. Махери се да го убедуваат гладниот, просо да сонува. А во суштина ни корка мувлосан леб не може да му понудат. Самата западна демократија е многу по реална и дирекна, иако тие се најчесто обвинети дека се сејачи на магла, дека имаат двојни аршини. Јасно барем Ви кажуваат кој сте и за што ве сметаат. Ве потчукнуваат и ви кажуваат каде ви е местото. Не ви викаат дека сте некој древен народ кој е постар и од дедо Ное. Јасно ги истакнуваат своите империјалистички претензии, додавајќи дека националниот хегемонизам е одамна мртов. Своите градови ги претворија во глобални села токму во името на империјализмот и немаат намера да ве лажат во друго. Не ви прават финта, компир гледа месо вади. Играат стаповите и морковите. Секогаш си знаеш на што можеш да бидеш. Петка, глава.

Сакам да ме лажат и да лажам, понекогаш сакам да бидам и тепан и ебан!

Доведувањето на билатерално грчко – македонскиот проблем во контекст со зачленувањето во НАТО е само аргумент плус за младите партизани. Гледате НАТО како функционира, не омаловажува, ни го ништи идентитетот, името. Тоа што во изминативе 15 години е згазен идентитетот на илјадници македонци и фамилии, што им е скршена гордоста и надежта, тоа не е битно, битно е да не станеме дел од НАТО. Развивањето на чувство на жртва е многу силно орудие во рацете на младите партизани во регрутацијата на нови истомисленици.

Пораката до младите партизани.

Бидете среќни што Македонија воопшто се обидува да се приклучи на северноатланската алијанса. Така ќе имате поголеми придобивки кои обожавате да ги негирате. Јас ќе Ви наведам само една. Македонија го укина служењето на регрутниот воен обврзувачки рок во процесот на реформи за приближување во НАТО. Младите не мора да служат воен рок, а тие малку повозрасните на моја возраст ги амнестираше зошто до сега го избегнале служењето. Нема да морате една цела година од својот живот да одделите за безцелно чмаење по касарните, збирајќи лисја и пикавци или обучувајќи се за евентуална одбрана од атомски напад на нашата држава. Имате повеќе време на располагање да поминете во образование и забава и не мора да се плашите дека некој ќе ви ја ќари девојката додека сте во војска. Искористите го попаметно времето во кафе книжарниците.

Порака до младите партизанки.

Како жени, девојки, идни мајки или веќе мајки, зошто не се залагате малку за една наша болна тема. Третирањето на жените во Македонија како сексуални робинки и секс трафицирањето кое се случува тука. Фактот што Македонија е земја на транзит и крајна дестинација во која меѓународната трговија со жени и деца за сексуална експлоатација изгледа не е доволно интригрантна за тукашните млади партизанки. Направите памфлети и размножувајте ги за таа проблематика. Викајте и бидете гласни. Или можеби како и за се друго НАТО ви е крив и за ова. Младите бугарки и романки кои се малтретираат и злоупотребуваат во западна Македонија не се интересни за вас зошто доаѓаат од земји членки на НАТО.

Тагови: , .

Posted in колумни | No Comments »

Славомир Моржек

Posted by mecetousko on 25th март 2008

                                      – СЛАВОМИР МОРЖЕК, ретро литература -

Славомир Моржек (1930 -    ) е полски раскажувач, драмски писател, сатиричар, хуморист и карикатурист. Почнува како новинар но набрзо се префрла на пишување драмски текстови. Од 1960 година живее во Париз. Потоа од 1963 до 1996 живее во Шведска. Во 1997 година се враќа во Полска, каде сеуште живее. Уште во неговите први раскази доаѓа до израз особената сатира која често содржи примеси на карикатура и хумор. Подоцнежните дела повеќе се стремат кон пародија и апсурд. Во драмите ја продолжува линијата базирана на своевиден театар на апсурдот, гротескното и црниот хумор.

Дела, збирките раскази, СВАДБА НА АТОМИТЕ, ДВЕ ПИСМА, ДОЖД, СЛОН, есеите, МАЛИ ПИСМА и драмите ПОЛИЦАЈЦИ, МИСИР, ТАНГО, ЕМИГРАНТИ, АМБАСАДОР, КЛАНИЦА и др.

ДО ДИРЕКЦИЈАТА НА ДУШЕВНАТА БОЛНИЦА, ВО МЕСТОТО

Љубезно известувам дека мојот колега во ќелијата изигрува здрав.

Вчера рече дека Нашата Влада и Партијата можат да отидат во пичка мајчина, а на моето прашање дали навистина така мисли – одговори потврдно.

Но, тој со тоа не може да ме измами. Ја молам и Дирекцијата да не дозволи да биде излажана.

Со психијатриски поздрав

Пациент Бр. 267658391

 

ДО СЛУЖБАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Известувам дека е опасно. Завчера некои лица влегоа во мојот стан за време на моето присуство во него и ги расфрлија сите мои лични работи заклучно со постелнината. Нешто како да бараа, но кога беа запрашани што бараат не дадоа одговор. Истакнувам дека ова се случи ноќе.

Мојот најмал син го претепале на влезната врата непознати напаѓачи, кои таму го чекале. И мене кога одам по улица исто така ме следат непознати лица. Мојата жена добива непристојни анонимни писма.

Мојот телефон испушта необични звукови, така што се плашам да разговарам со него.

Јас и моето семејство живееме во страв од тие опасности, поради што ја молам службата за безбедност да не земе во заштита и да ни обезбеди сигурност.

 Граѓанин

Тагови: , , , , , , .

Posted in литература | No Comments »

ШМИЗЛИ – женски шљам, а не идел за жена

Posted by mecetousko on 25th март 2008

Сашко Тасев напиша цела книга од пет драми, книгата ја наслови како Шмизла, и се обиде во своите драми да ја дефинира типичната скопска ШМИЗЛА.

Ако гуглате под зборот ШМИЗЛА, ќе ви се исфрлат темите од некои форуми, Каде вечер, Романтичари каде повторно од дискусиите не можете да ја видите а уште помалку, осетите вистинската ШМИЗЛА. Како самите шмизли да коментираат по ваквите форуми.

Скопското сонце и смог како да е одлична средина за развој на ФЕНОМЕНОТ ШМИЗЛА. Жалосно е што во скопското граѓанско живеење шмизлите добиваат позитивна конотација. Се гради култ дека е трендовски да си шмизла. Убаво е. Модерно е. Тоа ја потврдува уште еднаш ретроградноста на нашето културно и граѓанско живеење. ШМИЗЛИТЕ се производ на многу општества но само во едно болно општество можат да бидат статусен симбол.   

Каква е типичната скопска шмизла?

Скопската шмизла е едно вонвременско, вондимензионално женско суштество, од најразлична старосна категорија. Поточна шмизла може да се биде од пелени, па се до касна возраст, шмизла, баба. Шмизлата се  одгледува, се воспитува како таква. Шмизла не се станува преку ноќ.

Јас  шмизлата ја сретнав уште од градинка. Чудно е да се сретне толку рано и некому ќе звучи неверојатно, но тоа се мали шмизличиња кои се воспитувани и одгледувани од млади мајки шмизли или возрасни, зрели мајки со префикс ШМИЗЛА.

Кога ќе ја повлечев за киките, Ана плачеше, кога ќе ја бутнев плачеше, за да потоа кога сака ќе заплаче, а јас добивав воспитно плескање од негователката Јошка. Не ми беше криво ако сум плеснат а сум крив, ама ми беше криво кога плескањето не го провоцирав. А така беа повеќето од плескањата. Но кој ми е крив кога тогаш бев мал и не знаев што е ШМИЗЛА. На секое плачење, Јошка реагираше со, "смрдле едно заради тебе ќе ја слушам онаа вампиркана". Вампирката беше името на директорката, инаку тетка на Ана. Непотизмот е силно орудие на скопската шмизла во компаензацијата за своите недостатоци.

Ана го носи синчето во истата градинка и секој ден се гледаме додека јас ја носам ќеркичката. Трчам секое сабајле да стигнам пред нејзе зошто, малото синче легнува пред врата и никој не може да го внесе внатре, вика, урла, плаче и сите деца плачат. И јас понекогаш ми иде да се расплачам. Среќа што е синче, а не девојче, шмизла не може да биде, ама курајберче е загарантирана титула. Сите негувателки се ангажирани во одгледување на нејзиното синче. Учителката Славка и е школска другарка. ШМИЗЛАТА тежнее во одржувањето на традицијата.

Во основно школо сите ја сакавме малата шмизла која мајка и ја носеше на снимање детски серии за деца. Сите ги пеевме песните со "Кате на тате" и учевме дека не може да се помине улица на црвено. Така не советуваше Елена во "црвено жолто зелено". Други времиња беа тоа. Немаше киндер јајца, немаше милка и нестле чоколада. Имаше само краш чоколада. А младата надежна глумица после секое снимање доаѓаше во училиште со 300 грамско чоколадо од кое лиги ни течеа цела недела, на самата помисла на чоколадото. Задоволен бев што барем никој од нас учениците не го јадеше. Чоколадото завршуваше во рацете на учителката како поклон, подарок за разбирањето кое го има кон една таква идна, талентирана ѕвезда. Тука почнав да ги разбирам ШМИЗЛИТЕ иако не знаев сеуште дека се викаат така. Шмизлите одлично ја разбираат природата на човекот. Махери се за тоа.

Но ШМИЗЛИТЕ ја разбираат и природата на општеството.

Младата надежна актерка денеска е надежна режисерка, која режира филмови за својата сестра, актерка ШМИЗЛА. Таа пак развива еден нов правец на андерграунд, интелектуални шмизли. Филмовите не верувам дека некој ги гледа , но тие сепак се снимаат. Чоколади завршуваат во рацете на сите оние кои покажуваат разбирање за нивната филмска уметност. Се обидов и јас да најдам разбирање. Ме прелажаа шмизлите по којзнае кој пат. Се најдов во кино салата со еден куп средношколци кои со хартивчиња продуцираа искри под светлината на прожекторот и галамеа толку силно што тешко беше да го сфатам сижето на самото уметничко дело.

Шмизлата е убедена во своите квалитети и спообности,

Иако најчесто не располага со ништо што е повиско од просечноста. Дури и просечноста за неа е недостижна во реалниот свет. Сепак таа е одличен компензатор и компензира на секое ниво. Многу е добра во тоа.

Денешниве тинејџери грешат кога мислат дека шмизлите се оние девојчиња кои стојат во град во група, без дечковци и кои ги одбиваат сите дрипци кои ќе им се залепат, а се лепат на некој полукелав чиче кои има со што да ги провози. Не, тие се друга категорија, тие се девојки кои сакаат да ги имитираат шмизлите. Тоа се имитатори на шмизлите. Тие се безопасни и најчесто под оклопот се крие наивна душа. Со нив никојпат не сум имал проблем одлично сум се разбирал и ме разбирале. Имавме потпишано спогодба. Ниту јас ги возев ниту тие мене.

Вистинската шмизла има силен бекграунд.

Под дифолт, мајка и е шмизла, ако има сестра и таа е шмизла, татко и ако не е курајбер тогаш е некој вообразен мајмун, кои своите фрустрации ги лечи на некој скопски тениски терен.

Вистинската шмизла ги презира шмизлите имитатори, зошто овие по правило се поубави и поатрактивни. Често ги исмева во друштво и ги смета за провинцијалки истакнувајќи го нивниот пролетијаторски или провинциски бекграунд. Но затоа им дозволува да се дружат со неа и обично им дава за право да ја сметаат за своја најдобра пријателка.

Вистинската шмизла ја користи енергијата од своите шмизли имитаторки, живее со нив во некаква сапрофитна симбиоза. Шмизлите имитаторки во потполност ги задоволуваат машките сексуални потреби. Тие не се промискуитетни, но се слободни. Нивната интелектуална и духовна плиткост, не резултира со сексуална плиткост. Напротив многу добро знаат што сака мажот.

Вистинската пак шмизла нема никаква врска со сексуалноста ниту пак упатеност кон неа. Таа е толку обземена со самата себе што сексуалноста ја доведува во тесна врска со пазарниот конзумеризам. Вистинската шмизла ја фокусира својата сексуалност кон машката половост во смисла на негово трошење.

Како изгледаат ШМИЗЛИТЕ или како ние мажите гледаме на нив?

Не можам да избегнам од впечатокот дека ШМИЗЛИТЕ во својот однос кон сопствениот женски изглед се премногу ексцентрични. Премногу се вештачки, непотребно нападни. Разните типови и форми  на ШМИЗЛИ, коишто треба да ги дефинираат како такви од страна на мажите, најчесто се доживуваат или подобро би било кога би рекол кај мажите најчесто провоцираат ефект спротивен од оној кој ШМИЗЛИТЕ би сакале да го предизвикуваат или пак кој планирале да го предизвикаат.

Ексцентричната облека, шминка или тн. контење е всушност беззвучен и безгласен извик на очајот на загубениот идентитет и незадоволените потреби на една ШМИЗЛА. Значи да бидам по директен. Ако би им поставиле на ШМИЗЛИТЕ прашање од типот “Дали сакаат да бидат сакани или посакувани?”веројатно би предизвикале кај нив воздржаност во одговорот, двоумење, неодлучност или би добиле одговор од чисто филозофски тип, “па види… ако … ако…”. А …, аШМИЗЛИ што викате? Сакате да бидете сакани или посакувани?

Убеден сум дека од морализаторски причини повеќето од Вас би одговориле “сакаме да бидеме сакани”, или пак оние похрабрите би ми одговориле “ сакаме да бидеме сакани и посакувани во исто време”, што според мене не држи вода ова второво. Но каква е реалноста? Реалноста е таква што според начинот на која секоја ШМИЗЛА ја спроведува својата логика да биде сакана (со облакањето, шминкањето терањето на некаков имиџ), ме наведува да речам дека ШМИЗЛАТА повеќе сака да биде посакувана.

Желбата на секоја ШМИЗЛА да биде посакувана е толку силна и толку доминира над површната фраза да биде сакана што ја подредува секоја шмизла на машкиот полов егоизам.

ШМИЗЛИТЕ се страшно лоши во кревет!

Жива катастрофа се. При тоа тебе ќе те обвинат за неспособност и сексуална неумешност или инфантилност. Оние најбезобразните шмизли може да те оквалификуваат како импотентен, со што ја рушат целата ваша машкост.

Колку само ми е смешно, колку е нефкусно кога ќе видам ШМИЗЛА во своите четириесети, сака да изгледа како оние ШМИЗЛИ од своите дваесети, но врв или кулминација на пародијата достигнува кога истите тие четириесет годишни ШМИЗЛИ сакаат и се однесуваат како да се на своите дваесети. На мојата генерација ШМИЗЛИ во триесетите би им препорачал да не тежнеат да изгледаат како оние шмизличиња од шеснаесет години, со своите фарбани коси, облека со голо стомаче и прекумерната употреба на дреч шарени бои.

Впрочем ШМИЗЛИТЕ во своите триесети се најнезгодните ШМИЗЛИ што некогаш воопшто сум ги запознал. Осознавајќи го влијанието на времето тие се најнепријатните ШМИЗЛИ и за дружба и за креветни авантури. Ако воопшто постои Шмизла за такво нешто. Тие се на господ бељата.

Сепак, како и сите мажи не сум и не можам да бидам имун на магиите со кои располагаат правите шмизли. Никој не е имун и никој не може така едноставно да им се спротивстави. Победата над нив доаѓа обавезно после претрпен еден или повеќе порази. И тоа доколку сте мудри и истрајни.

Шмизли баби!

Имам една тетка која кога и да се најдеме на некоја фамилијарна веселба постојано ме ословува со братучет, тоа затоа што мојот татко и таа се братучеди. Иако е на возраст на мојата мајка, јас сум за неа братучет. Ја прифатив нејзината сугестија и кога ја барам на работа по телефон, на колешките им викам, "пренесети и дека ја бараше братучет и!". Иако свесни за својата менопаузична состојба, шмизлите баби сакаат да им биде прифатена играта. Тоа ги прави среќни и исполнети со самите себе.

Вистинските ШМИЗЛИ се ШМИЗЛИ до гроб.

Не е убаво да се дели животот со нив.

Добивајќи коментари на блогов, деновиве дојдов до констатција дека и на блогерјов постојат блогерки шмизли, следи анализа за сите шмизли на блогерајов. Ако ги препознавате, сугерирајте кој се.

Тагови: ,

Posted in колумни | No Comments »

ФАТАЛИСТ – Сингер Исак Башевис

Posted by mecetousko on 24th март 2008

ИСАК БАШЕВИС СИНГЕР, полски и американски писател од еврејско потекло. Типичен евреин кој ви дава за право да го мразите, ако сте противник на еврејската нација како што е впрочем и 99 и 102,5 % од човечката популација. Но додека сите ние млатиме празна слама, евреите работат и го вртат светот.

Сингер е добитник на нобеловата награда за литература во 1978 година. Со својата фантастична нараторска вештина ја слика полско – еврејската културна традиција која ги оживотоворува универзалните хумани вредности. Ако може да се тврди дека еден евреин може да поседува хумани вредности. Сепак холокаустот изгледа им дава вековно право да бидат најголемите пропагатори за хуманите вредности. Дали е тоа лицемерие или се во право, секој има можност да суди.

Мене само ми се допаѓа стилот на пишување кај Сингер.

За неговиот живот и дело имате кај мене 2 линка.

ИСАК СИНГЕР – на википедија

ИСАК СИНГЕР – на нобеловата страна

 

Во продолжение имате еден интересен расказ.

 

Ф А Т А Л И С Т

 

(извадок од збирката раскази СТРАСТИ И ДРУГИ РАСКАЗИ во издание на издавачката куќа ТРИ”)

 
Прекарите што се даваат во малите градови се обични и секојдневни. Хаим Папок, Јекел Колач, Сара Бандорката, Гител Шатката и слично. Но во полскиот град во кој пристигнав во младоста како учител, слушнав за човек што го викале Бенјамин Фаталист. Вчасот станав љубопитен. Како во малиот град дошле до зборот ФАТАЛИСТ? И што направил тој човек за да го заслужи? Младиот ционист, секретар на организацијата, каде што подучував хебрејски, ми зборуваше за тоа.

Човекот за кој стануваше збор не беше роден таму. Потекнуваше некаде од Курланд. Во градот дошол во 1916 година и излепил огласи дека подучува германски. Тоа било во времето на австриската окупација и секој сакал да учи германски. Во Курланд се зборувало германски и тој Бенјамин Шварц – тоа беше неговото вистинско име, имал голем број ученици од двата пола. Токму додека зборуваше, секретарот покажа со прст кон прозорецот и извика, Ене го доаѓа.

Погледнав низ прозорецот и здогледав низок човек, црномурен, со волнена шапка, со кадрави мустаќи кои одамна беа излезени од мода. Носеше торба за списи. Кога Австријците си отидоа, продолжи секретарот, никој веќе не сакаше да учи германски, па полјаците на Бенјамин Шварц му дадоа работа во архивата. Кога на некој би му притребал извод од матичната книга на родените, доаѓаше кај него. Пишуваше со краснопис. Научи полски, а стана и еден вид самоук адвокат.

Секретарот рече. Овде пристигна како да паднал од небото. Во тоа време беше момче од дваесетина години. Младите немаа никаков клуб и кога во градот ќе дојдеше некој образован човек, тоа беше повод за вистинска прослава. Го повикаа во нашиот клуб и во негова чест беше приредено вечер со дискусија. Во една кутија беа прашањата што требаше да ги извлече и да одговара на нив. Некоја девојка го прашуваше дали верува во посебно привидение и место да и одговори со неколку зборови тој зборуваше цел час. Рече дека не верува во бога, дека сите работи се предодредени, секоја подробност. Ако некој за вечера јаде кромид, го јадел затоа што мора да го јаде. Тоа било предодредено пред милијарда години. Ако шетате по улица и се сопнете од камче било судено да паднете. Себеси се опишуваше како фаталист. Било судено да дојде во нашиот град иако тоа изгледаше случајно.

Зборуваше премногу долго, сепак потоа следуваше дискусија. Зар не постои нешто што се вика случајност?. Ако е така, праша друг, каква е смислата на работата и учењето? Зошто да се учи занает, да се одгледуваат деца? Па надокрај, зошто да се придонесува за ционизмот и зошто да се агитира за еврејската татковина.

Онака како што е напишано во книгите на судбината, така мора да се случи, одговори Бенјамин Шварц. Ако е судено некој да отвори дуќан и да банкротира, тој мора да го направи тоа. Сите напори што ги правеле лугето биле исто така судбина, зашто слободниот избор не е ништо друго туку илузија. Дискусијата траеше до доцна во ноќта и одтогаш го нарекоа ФАТАЛИСТ…

Претпоставувавме дека множеството по таа вечер ќе се измори од тие дискусии и ќе се врати кон вистинските проблеми на нашето време. И самиот Бенјамин рече дека тоа не е нешто што може да се реши со логика. Или се верува во тоа или не. Меѓутоа, сета наша младина некако стана опседната со тоа прашање. Ќе закажеа состаноци во врска со заемите за Палестина или за образованието, но место да се придржуваме кон тие теми, се дискутираше за фатализмот.

Во тоа време нашата библиотека доби примерок од Лермонтовиот ХЕРОЈ НА НАШЕТО ВРЕМЕ, преведен на јидиш, што го опишува фаталистот Печорин. Сите го прочитаа тој роман, а меѓу нас имаше и такви што сакаа да ја проверат својата среќа. Веќе знаевме за рускиот рулет и некои од нас би го испробале, да имавме револвер. Но никој го немаше.

А сега слушнете го ова. Меѓу нас имаше една девојка, Хејеле Минц, убава, остроумна, активна во нашето движење, ќерка на богаташ. Татко и го имаше најголемиот дуќан за текстил во градот, а сите момчиња лудуваа по неа. Но Хејеле беше пребирлива. Кај секого и пречеше нешто. Ако нешто и речете таа без двоумење ќе ви одврати со остра и резлива забелешка. Кога сакаше можеше некого да го исмее на вешт и полушеговит начин. Фаталистиот се вљуби во неа уште кога пристигна. Воопшто не беше срамежлив. Една вечер и пријде и и рече. Хејеле, судено е да се омажиш за мене и, бидејќи е така, зошто да се одлага неизбежното?

Тоа го рече гласно за да слушнат сите и тоа предизвика урнебес. Хејеле одговори. Судено е да ти кажам дека си идиот, а освен тоа си и безобразен и затоа и ти го кажувам тоа. Ќе мора да ми простиш, сето тоа е предодредено во небесните книги од пред илјада години.

Не долго време потоа, Хејеле се сврши со момче од Хрубјешов, претседател на тамошната организација на Поалецион. Венчавањето беше одложено за една година, зашто свршеникот имаше свршена постара сестра која мораше да се омажи прва. Момчињата го предизвикуваа фаталистот, а тој зборуваше. Ако Хејеле мора да биде моја, ќе биде моја, а Хејеле одговори. Јас ќе му бидам жена на Озер Рубинштајн, не твоја. Тоа е тоа што го сака судбината.

Една зимска вечер повторно се распламти дискусијата за судбината и се јави Хејеле. Господине Шварц, или господине ФАТАЛИСТ, ако навистина верувате во она што го велите и дека сте дури подготвен да играте руски рулет, ако имате револвер, имам за вас една игра што е уште поопасна.

Овде сакам да споменам дека железничката пруга во тоа време уште не минуваше низ нашиот град. Минуваше на оддалеченост од две милји, а таму возот не ни застануваше. Тоа беше возот од Варшава за Лвов. Хејеле му предложи на ФАТАЛИСТОТ неколку минути пред да помине возот да легне на шините. Таа образложи. Ако е судено да живееш ќе живееш и нема од што да се плашиш. Но ако не веруваш во фатализмот, тогаш….

Сите прснавме да се смееме. Сите бевме сигурни дека ФАТАЛИСТОТ ќе истапи со некој изговор за да се извлече од тоа. Да легнеш на шините значеше сигурна смрт. Но ФАТАЛИСТОТ рече. Ова како и рускиот рулет е игра, а играта бара бара и втор учесник кој исто така мора нешто да ризикува.

Тој продолжи. Ќе легнам на шините, како што предложи ти, но ти мора да дадеш свечено ветување дека, ако преживеам, ќе ја прекинеш свршувачката со Озер Рубинштајн и ќе се омажиш за мене.

Во салата завладеа мртва тишина. Хејеле пребледе и рече. Добро, ги прифаќам твоите услови.

Заколни ми се во тоа, рече ФАТАЛИСТОТ, а Хејеле му ја подаде раката и рече. Немам мајка, умре од колера, но се колнам во нејзината душа дека ако ти го одржиш своет ветување и јас ќе го одржам своето. Во спротивен случај честа нека ми биде извалкана засекогаш. Се сврте кон нас и продолжи. Сите вие сте сведоци. Ако го згазам дадениот збор, сите можете да ми плукнете во лице.

 
… Следниот ден сите станавме рано. Толку бев исплашен што за појадокот не можев да проголтам никаква храна. Целата таа работа не би се случила ако ја немавме читано книгата на ЛЕРМОНТОВ. Не баш сите. Имаше само шест момчиња и четири девојки, вклучувајќи ја и Хејеле Минц. Надвор беше многу студено. Фаталистот се сеќавам носеше лесна јакна и капа. Се состанавме на патот Замошќ, надвор од градот. Јас го прашав.
Шварц, како спиеше синоќа? А тој ми одговори. Како секоја друга ноќ. Не беше лесно да се погоди што чувствува , но Хејеле беше бледа како штотуку да преживеала тифус. И пријдов и и реков. Хејеле, знаеш ли дека праќаш еден човек во смрт?. А таа рече. Не го праќам јас. Има уште доста време да се предомисли.

Додека сум жив нема да го заборавам тој ден. Никој од нас нема да го заборави. Одевме, а снегот непрестајно врнеше. Дојдовме до шините. Мислев дека поради снегот постои можност возот да не дојде, но некој очигледно ги исчистил шините. Стигнавме цел час порано и верувајте ми тоа беше најдолгиот саат во мојот живот. Петнаесет минути пред да помине возот, Хејеле рече. Шварц одново размислував за сето тоа и не сакам поради мене да го загубиш животот. Направи ми услуга и да ја заборавиме целата оваа работа.

Фаталистот ја погледна и праша. Значи си се предомислила? Го сакаш по секоја цена тоа момче од Хрубјешов , а?.

Таа рече. Не момчето од Хрубјешов туку твојот живот. Слушам дека имаш мајка и не сакам поради мене да го загуби синот. Хејеле одвај ги изговори овие зборови. Зборуваше и трепереше. Фаталистот рече. Ако го одржиш своето ветување, јас сум готов да го одржам своето. Но под еден услов. Застани малку подалеку. Ако во последен момент ме натераш да се повлечам играта е завршена.

Тогаш тој извикан. Сите нека се тргнат дваесет чекори наназад! Изгледаше како да не хипнотизира со своите зборови и почнавме да се потргнуваме.Повторно викна. Ако некој се обиде да ме одвлече ќе го фатам за капутот и ќе ја дели мојата судбина.

Свативме колку опасно може да биде тоа. Често се случува кога човек ќе се обиде некого да спаси од давење, двајцата да ги повлече водата и да се удават.

Додека се повлекувавме наназад шините почнаа да се тресат и да ѕунат, а го слушавме и писокот на локомотивата. Почнавме сите во еден глас да викаме. Шварц, не прави го тоа!, Шварц смилувај се!

Но додека ние викавме , тој се спружи преку шините. Тогаш постоеше само еден пар шини. Една од девојките се онесвести. Бевме сигурни дека за секунда ќе видиме лице пресечено на половина. Не можам да ви опишам низ што се минав за тие неколку секунди. Од возбуда крвтта буквално ми зовре. Во тој миг се слушна гласно чкрипење и удар, и возот застана не повеќе од еден метар од ФАТАЛИСТОТ. Низ маглата ги видов машинистот и ложачот како скокаат од локомотивата. Викаа по него и го извлекоа. Многу патници слегоа од вагоните. Некои од нас избегаа за да не ги уапсат. Настана вистински метеж. Јас останав каде и што се најдов и посматрав се. Хејеле дотрча кај мене, ме обви со рацете и почна да плаче. Тоа беше повеќе од плачење, беше како завивање на животно.

Дајте ми цигара. Не можам да зборувам за тоа. Ме задушува. Простете…

Му дадов на секретарот една цигара и гледав како му се тресе меѓу прстите. Повлече дим и рече. Тоа е всушност целата приказна.

Дали се омажи за него?, прашав.

Имаат четири деца.

Претпоставувам дека машинистот успеал навреме да го сопре возот, забележав.

Да но тркалата беа само на еден метар од него.

Дали тоа Ве убеди во фатализмот?, прашав.

Не. Не би прифатил таков облог дури и кога би ми го понудиле целото богатство на овој свет.

Дали тој е сеуште фаталист?

Да.

Дали би го направил тоа пак?, прашав.

Секретарот се насмевна. Не би го направил за Хејеле.

Тагови: , , , , , , .

Posted in литература | No Comments »

ЕКОЛОШКО ХРАНЕЊЕ – Бојан Биолчев

Posted by mecetousko on 24th март 2008

- да не беа коментарите на Бочваров за неговите фрижидерски ќуфтиња со N-ти % на лук, веројатно немаше да ми текне да го шлапнам краткиов расказ, од Бојан Биолчев, на НЕТ повторно. Оди вака –


… Секогаш изгледа сомнително кога човек ќе реши да се храни поздраво, различно од начинот по којшто јадел неговиот татко.

И бидејќи само писмената култура историја на човештвото е стара пет илјади години, можете да си претставите за колку татковци наназад станува збор.

Но, од друга страна, ниту во длабоката древност, ниту во средновековието можеле да претпоставуваат какви се глупости ќе доживеат нивните потомци. Така, починатите татковци не би требало да се лутат на пра на енти степен внукот, којшто решил дека му е време да се храни еколошки.

Би го додал уште и тоа дека, во конкретниот случај не станува збор дури ни за јадење, туку за прикаска крај маса, при којашто луѓето полнејќи ги стомаците со тоа што можат да си го дозволат, го изливаат од главите она што се насобрало во нив помеѓу две јадења, а тоа воопштоне е малку затоа што весниците се уште се поевтини од саламата.

Но, на таа тема се случи еден постар маж, Добруџанец, којшто одамна го заборавил патот по којшто стигнал во Софија. Тој плашливо зеде збор, затоа што очигледно за сите овие години не беше успеал да најде место во изобилната приказна на мудрите нови поколенија.

“Ќе ви кажам кое е вистинското еколошко хранење!, започна тој и за среќа никој не го прекина.”

“Во нашето село постапуваме така. Тогаш зимите беа студени и снежни и не се излегуваше често од дома.”

Затоа, со првиот снег, мажите се собираат во куќата на првиот од нас. Прв од исток на запад, според движењето на сонцето, кога не е облачно. Остануваме внатре додека не ја испразниме бочвата. Жените за цело тоа време беа некаде, но имааа само едно задолжение. Навреме да подаваат храна низ едно мало прозорче. Кога ќе го испиевме виното на човекот, се преместувавме во друга куќа. Селото беше доволно големо за да стигнат бочвите до крајот на зимата и доволно малечко за да не продолжиме така и за време на пролетта. Мојата куќа беше последна. Но, пак, мојата бочва беше најголема и затоа, кога ќе стигневме до неа,  не изгледаше многу страшно.

Надвор студ. Пука камен. Ама само каменот, затоа што дрвата предвидливо се исцепани и наредени во собите каде што ќумбето и образите на мажите секогаш се вжештени до црвено.

И во тој момент во една од тие зими надвор слушнавме како испишти жена ми. А, ние во нашите приказни по којзнае кој пат бевме спомнале некој волк, затоа што сите бевме ловџии кој законски кој со незаконско чифте, а во Добруџа постојано чекаат волци од Романија, како Романија да е некој резерват специјално создаден за нас.

Штом жена ми пишти надвор, значи надвор може да има нешто. Излегов јас и всушност излезе дека биволицата ни се подлизнала, ногата и се фатила меѓу гредите на оградата и при паѓањето ја скршила. Жена ми пишти, уште малку ќе почне да вие. Влегов во куќата, ја зедов пушката, се наметнав и излегов. Биволицата со скршена нога не се оставаше жива дури и во предеколошкото време. И удрив еден куршум зад увото, да не се мачи добичето, и ја пресеков со нож артеријата на вратот за да истече крвта и тргнав назад во куќата.

Тоа сигурно не Ви звучи убаво сега, а тогаш жена ми не можеше да го поднесе. Изнакажа еден куп лути клетви и замина некаде. Во почетокот не обрнав толку внимание, но откако мина некое време, видовме дека никој не ни подава храна низ прозорчето. А, не можевме да прекинеме на половина бочва. За тоа не можеше да стане збор.

Излегов надвор. Биволицата се беше веќе здрвила. Ја зедов секирата и делнав едно парче од бутот. Тавата излезе точно толку голема колку што е темето на самото ќумбе. Месото се пржи, вино се точи, приказни се леат. Во непрекинат циклус.

Ете тоа ти е еколошко хранење. Ладилникот – надвор.

Ниту фреони, ниту ѓавол – работи еколошки, чисто. Виното – без грам шеќер. А од тутунот под таванот се тегне еден пласт, синкав и густ. Тогашните тутуни се лепеа како тапет по таваните. Така што дури и озонскиот пласт над нас да се истенчеше од фрижидерите на Западот, ултравиолетовите зраци не можеа да поминат низ тој плат, во никој, ама во никој случај. А жена ми од тој ден понатаму престана да пишти затоа што разбра дека понекогаш пукам без предупредување.

Стариот маж, Добруџанецот, заврши со својот расказ во гробна тишина.

Зошто повеќе историчари сметаат дека во својата историја човештвото се развива и напредува, ќе си остане нивна еколошки чиста тајна.

Тагови: , , , , , ,

 

Posted in литература | No Comments »

ПИЖАМА – Давид Албахари

Posted by mecetousko on 24th март 2008

- ретро литература, ретро расказ -

… Годините си го направија своето – се почесто се будам ноќе и тогаш, ненаспан, одам во бањата, седам на работ од кадата и се џарам во својот одраз во огледалото. Порано лунѕав низ куќи одев од соба во соба, го палев и гаснев телевизорот, го отворав фрижидерот и јадев, ама откако другарите на син ми почнаа да остануваат преку ноќ, се осудив себеси на престој во бањата. Проќелавев, со стомак и нозе проширени од вени, не можев да ја поднесам средбата со младите мускулести тела, со исончаните лица врамени во густа коса и со блескавите заби кои светеа во полутемниот ходник во кој се разминувавме. Момчињата беа внимателни кога ќе видеа дека гори светло во бањата, одеа во другиот тоалет, покрај кујната, препуштајќи ме на мојата несоница и обидите да пронајдам лек во домашната аптека.

Меѓутоа сношти додека расчекорен стоев над клозетската школка и го празнев бабулето, вратата на бањата се отвори и на неа се појави девојка која никогаш порано ја немав видено. Костат и беше бушава, шминката малку замачкана, а на себе имаше огромна бела маица која и досегаше до колената и под која насетував, нема ништо друго. Очите и беа полузатворени кога стапна во бањата, како се уште да се наоѓаше во полусон или што бев поподготвен да го прифатам, под влијание на доцна испушен џоинт, така што дури по вториот чекор свати дека во бањата се наоѓа уште некој. Застана очите и се раширија, а десната рака полета погоре во обид да ја доведе косата во ред.

За тоа време немоќен да сменам нешто, јас продолжив гласно да мочам. Чувствувајќи како образите ми горат. Најпосле девојката се разбуди, што јасно се гледаше на нејзиното лице и погледот и се спушти на мојата машкост. Се погледнав и јас на тоа место, потоа внимателно го истресов органот и го воврев во долниот дел на пижамата. Пижамата беше стара, искината помеѓу нозете и под мишките, ама се надевав дека нема да го забележи.

Жими се, рече девојката, убава алатка.

Не бев сигурен на што мисли. Која алатка? Ја прашав. Каде?

Таа, рече девојката и мавна кон мојот стомак, која ја чуваат Клапчо и Мики Маус.

Имено, мојата пижама беше украсена со ликови од Дизниевите цртани филмови. Ја добив пред неколку години од жена ми – отпатува во америка како Фулбрајтов стипендист, се врати со пижама и потоа повторно замина таму. Рече дека ќе оди на усовршување, макар што никогаш не кажа што ќе усовршува. Се јавуваше во неопределиви временски растојанија за да праша како е Дејан, нашиот син и дали нејзината златна рипка се уште е жива. Никогаш не праша како сум јас, како што никогаш прецизно не одговараше на моето прашање кога се враќа. Се уште не е вистинскиот миг, ќе речеше или само ќе се насмееше и потоа тивко ќе ја спуштеше слушалката.

Во меѓувреме девојката сосема ми се приближи и морав да се повлечам. Еј, ми рече, не гризам, не треба да се грижиш, само сакав да го направам истото што и ти. Претпоставувам дека не чуваш цела ноќ почесна стража покрај клозетската школка?

Се поттргнав за да ја пропуштам, ама бањата наеднаш се смали, стана тесна и нејзиниот лакот го допре мојот стомак. Девојката ја крена маицата и седна врз школката. Бев во право – немаше ништо под маицата.

Јас сум Ведрана, рече девојката, додека шурка нејзината моч и клокотеше во водата.

Јас сум таткото на Дејан, одговорив.

Тогаш можам да заклучам дека Дејан е момчето што спие во соседната соба, така ли е?

Да реков, Дејан е мојот син.

Привлечно момче, возврати девојката. Веднаш ми кажа дека живее со татко му. Искина два листа тоалетна хартија и се избриша меѓу нозете. А што се има случено со мајка му? Да не е умрена? Ја фрли хартијата во школката и се исправи. Го почеша папакот пред да ја спушти маицата и во тој краток миг видов дека сите влакна на тоа место и се избричени.

Не е умрена реков, само живее далеку од нас.

Во Австралија, праша девојката, или на Нов Зеланд?

Во Америка е, одговорив.

Америка не е далеку, особено ако е во Њујорк, рече девојката.

Не знам каде е, почувствував како гласот ми се крши.

И девојката го почувствува тоа. Ми пријде малку поблиску, ја пружи раката и го допре Клапчо, кој се наоѓаше точно преку моето срце. Пижамава ја имаш добиено од неа зарем не? Го пордна прстот малку десно и запре на мојата лева боска, каде што се наоѓаше Мики Маус. Благо го заокружи и јас почувствував како машкоста ми расте. Зарем не мислиш дека си преголем за Мики Маус и за Клапчо?

Ја фатив за зглобот и ја тргнав нејзината рака од себе. Има такви, кои никогаш не пораснуваат, и реков.

Тогаш на вратата на бањата се отвори на неа се појави Дејан. И тој беше во огромна бела маица, со закрвавени очи и испулани усни. Што се случува овде?, праша. Зарем во куќава повеќе не може да се спие? Погледна во мене, па во девојката, а потоа погледот му застана на мојата набрекната машкост поради која Клапчо и Мики Маус наликуваа на одрази во криво огледало. Еве до каде стасал светот, рече, татко му ја презема девојката на синот. Зарем тоа има смисла? А ти, погледна во девојката, како, всушност, се викаше?

Јас сум ведрана, рече девојката.

Не е виновна таа, се замешав. Бев во бањата кога влезе и малку поразговаравме. Ништо се нема случено, завршив избегнувајќи го Дејановиот поглед.

Никому кој носи таква пижама не може ништо да му се случи, рече СДејан и ме измерка од глава до петици. Недостасува Пајо Паторот, заклучи. Дали забележа дека го нема Пајо Паторот?, и се обрати на девојката.

Ако нешто недостасува, тогаш тоа е Пата, рече девојката.

Ја погледнав и таа ми намигна.

Баш сте се здружиле, рече Дејан. Можеби е најдобро да си одам?

Ти остани, јас ќе си одам, рече девојката и ме помилува по образот. Чувај ја алатката, Пата ќе се врати еден ден.

Мојата соба е десно, рече Дејан по неа, немој да свртиш во погрешна насока. Извини, ми се обрати мене, морам да се измочам!

Во ред е тоа овдека сите го прават одговорив.
Додека минуваше покрај мене со лактот ме допре по стомахот, на истото место како и девојката. За разлика од неа, не сакав да гледам како моча, туку застанав косо покрај клозетската школка. Мочаше долго и гласно, а судејќи по се, на себе немаше ништо под белата маица. Кога заврши, се погледна во огледалото, се насмевна и си ги оближа усните.

Да го ебам!, рече кога погледите ни се сретнаа. Да е некоја друга женска во прашање, ќе ти ја пратев во кревет, ама оваа е опасна змија и со неа се уште не сум завршил. Како рече дека се вика?

Ведрана, реков.

Ведрана, повтори. Убаво име.

Молчев.

Дејан ми упати претпазлив поглед. Не ти се допаѓа или нешто се лутиш на мене?, праша.

Зошто би се лутел на тебе?

Слегна со рамениците. Не знам, рече, зарем татковците и синовите не би требало постојано да се караат?

Ние никогаш не се караме, му реков.

Можеби во тоа е грешката, продолжи дејан, можеби би требало да бидеме поостри еден спрема друг. Се доближи и одново ме измерка од глава до петици. Во право е, ја нема Пата.

И што сега, треба ли да ја фрлам пижамава?

Ја носиш веќе осум години, рече. Можеби е време да ја фрлиш во ѓубре!

Обајцата молкнавме. Не знам за што размислуваше Дејан, ама јас ја замислив својата пижама во контејнерот и потоа ги видов ѓубреџиите како ја креват и ја растегнуваат и како еден од нив го провлекува средниот прст низ цепаницата меѓу нозете. Јасно видов како прстот се ниша напред – назад како глиста, додека останатите ѓубреџии се смејат.

Па тогаш рече Дејан, одам јас.

Јас ќе останам уште мслку реков.

Дејан ја крена десната дланка во знак на поздрав, се насмеа и излезе. Речиси истиот миг се врати. Заборавив да ти кажам, рече, сношти се јави мама.

Што рече?

Ништо.

Не може да не кажала ништо.

Дејан се замисли. Не, рече, не кажа ништо.

Ништо е ништо, не вредеше и понатаму да инсистирам. Дејан замина, јас седнав на старото место на кадата и се загледав во својот лик во огледалото. Тогаш станав, ја соблеков пижамата и ја фрлив во кантата за отпадоци. Не знаев дали се чувствувам подобро, единствено бевсигурен дека не ми е постудено. Од Дејановата соба допираше гласна смеа, а после, кога веќе бев воп својата соба, се слушна како неговиот кревет чкрипи во изедначениот ритам на спојувањето. Би требало нешто да облечам, помислив, ама не можев да се сетам на ниедно парче облека. Ја зафрли главата наназад, ги стиснав рацете во тупаници и препуштајќи му се на студот кој ми се искачуваше по нозете, стоев и чекав во куќата да настапи тишина.

Тагови: , , ,

Posted in литература | No Comments »

КАЛЕНДАРИ, НОВИ ГОДИНИ и ВЕЛИГДЕН

Posted by mecetousko on 24th март 2008

- раното славење на Велигден кај католиците во споредба со нас православците ме натера да ја реобјавам оваа стара колумна -

Ова со новите години, стара нова година, или кај секогаш радикалните срби српска нова година, се повеќе ме нервира и ми оди на нерви. Нова година си е нова година и точка, не знам што ни треба и стара нова година или како сакате наречете ја.

Самото сметање на времето е еден од основните тековни цивилизациски придобивки на човештвото. Ако погледнеме низ историјата, ќе видиме дека еволуцијата на календарот, а тоа најповеќе се гледа во прецизноста, е во нераскинлива корелација со развојот на познавањата од математиката, астрономијата, и науката во целост. Затоа не е ни чудо кога историски гледано ќе видиме дека најнапредните календари се продукт на најразвиените цивилизации. Ќе наведам само некој. Индиски, кинески, календар на мајите, еврејски па и денешниот календар кој сите го користиме. Тогаш што ќе ни е воопшто тоа празнување на стара нова година, пардон српска нова година. Сте слушнале ли на пример, евреите да ја слават еврејската нова година, индијците покрај оваа глобална нова година да ја слават својата индијска, кинезите додуша прават одбележување на нивната кинеска нова година но тоа е повеќе карневал кој има посебно во последниве години туристичка и бизнис тенденција. Само кај нас стара нова година е уште една нова година во низот на безцелни празнувања.

Најстарото славење на новата година било забележано во Месопотамија, пред околу 4000 години. Новата година почнувала со младата месечина која е најблиска до пролетната рамноденица, обично средината на март. Кај Асиријците, Египчаните и Персијанците, новата година била во времето на есенската рамноденица која е денеска на 23 септември. Кај старите Грци Новата година паѓала на 21 декември, а кај римјаните годината започнувала на 1 март се до 153 година пред наша ера кога е префрлено на 1 јануари и тоа го усвоил и Цезар во својот календар 46 година пред нашата ера.

Еврејската нова година наречена Rosh HaShanah, се нарекува уште празник на трубите, почнува првиот ден во месецот Тишри, кој паѓа помеѓу 6 септември и 5 октомври. Никогаш не паѓа во недела, среда или петок, како ни во време на полна месечина. Славењето трае 48 часа но само како вовед во 10 дневното покајување наречено Yom Kippur. Ни оддалеку не се слави како официјалната нова година или како што ние ја славиме нашата стара нова година. Впрочем кај нас нема разлика и двете се слават подеднакво.

Кинеската Нова Година, почнува помеѓу 20 јануари и 19 февруари (со првата млада месечина во новата година) и славењето трае цел месец со петарди и игранки на улица, нешто што го спомнав на почетокот на текстот дека повеќе личи на карневал. Повторно не она што кај нас се случува. Кинескиот календар е некоја комбинација на лунарен и соларен календар. Лунарниот циклус трае околу 29,53 дена. За да го стигнат соларниот календар, како и сите кои имаат лунарно-соларни календари (таков е и нашиот), кинезите додаваат еден дополнителен месец на неколку години(7 година во 19 годишен циклус). Тоа е нешто слично како додавањето на екстра ден во престапна година па затоа и нивната нова година не паѓа ист ден секоја година. Последните децении новата година за кинезите е грегоријанската нова година, другото е само карневал за туристи ала бразилскиот во Рио. Луѓето прават само религиозни церемонии во чест на Небото и Земјата, боговите на семејството и предците. Нема лумперајки.

Јас предлагам да славиме празници по календарот на мајите.

Оваа стара и таинствена култура која имала свој подем во периодот од 300 до 800 година пред наша ера, (па и ова пред наша ера е по некој календар нели)имала свој календар, кој покасно влијаел на календарите на Астеките, Тотлеки и други племенски цивилизации. Мајите имале еден календар кој им бил световен и се викал Цолкин, имал 260 дена, и друг календар Хааб кој бил врзан за годишните временски периоди и имал 365 дена и служел за земјоделски активности и за секојдневниот живот. Тој имал 18 месеци по 20 дена, плус 5 додатни денови за празнување и немал никакви престапни години. Световниот пак календар на мајите Цолкин се состоел од 4 периоди по 65 дена. Што сме ние, племе маји кое изумира и кое живее по два календари, грегоријанси и јулиански?

Постоеле и календари кои иако биле напредни, биле укинати на начин како и што биле наметнати. Таков е францускиот револуционерен календар кој траел само 14 години. Во време на француската буржоаска револуција од 1789 година одлучено е да се прекине со сите буржоаски текови, па и со календарот како таков и да се создаде сопствен. Тој бил во официјална употреба од 24 ноември 1793 година се до 31 декември 1805 година. Имал 12 месеци од по 30 дена, плус 5 или 6 екстра денови. Секој месец имал 3 недели од по 10 дена, а последниот ден бил предвиден за одмор. За цел на тотални промени, планирале да воведат и секој саат да има 100 минути, а секоја минута по 100 секунди. Кога е правен овој револуционерен календар, планирано е секоја година да започнува со есенската рамноденица, затоа што тој бил ден на создавање на Републиката. Но и кај револуционерните французи тоа кратко траело и тие си легнале на брашното па го прифатиле грегоријанскиот календар.

Но нејсе да ги оставиме мајите и французите и да се навратиме на нашиве новогодишни лумперајки.

Старата нова година, ја славиме по јулианскиот календар. Јулианскиот календар бил преставен од страна на Јулиус Цезар во 46 година пред нашата ера, а стапил на сила 45 година пред нашата ера. Го носи неговот име затоа и се вика јулиански календар. Овој календар како и неговиот наследник грегорианскиот по кој се слави вистинската и глобална нова година имал 365 дена поделени во 12 месеци со додавање на онаа 29 секои 4 години на месецот февруари. Просечното траење на годината на овој календар била 365,25 дена. Овој календар останал на сила длабоко во цивилизацијата на човештвото.

Календарот кој го заменува јулианскиот календар е грегоријанскиот, оној кој денес го користи целиот свет. Тој стапува во сила 1582 година кога папата Гргур го воведува. Веднаш го прифаќаат Италија, Полска, Португалија, Шпанија, а набрзо и останатите католички земји. Протестантите го прифаќаат многу покасно, а православците дури во 20 век, со тоа што сеуште не го забораваат своето фамозно славење на верските празници по јулианскиот календар (со исклучок на Романија, Бугарија и Грција кои целосно го прифаќаат новиот календар).

По новиот широко прифатен календар на папата Гргур, грегоријански, просечната должина на траење на годината е намален за разлика од јулианскиот и изнесува 365,2425 дена и има 97 престапни години на секои 400 години што дава грешка во сметање на времето од 26 секунди на ден. Тоа значи дека оваа грешка ќе акумулира еден цел ден во период од 3225 години. Тој е најточен календар досега и затоа е широко прифатен. Стариот Јулианскиот е помалку прецизен за мала разлика и за пократко време акумулира еден ден, затоа што има 100 престапни години на секои 400, значи се разликува од денешниот календар за 3 престапни години. Денес разликата помеѓу Јулианскиот и Грегоријанскиот календар изнесува 13 дена, а после 2100 година ќе се зголеми на 14 дена, што значи ќе се помести и славењето на стара нова година. Јулијанскиот календар на секои 127 години се одалечува за еден ден од официјалниот грегоријански календар. Тоа е уште еден доказ во низата за тоа дека новиот календар е многу поточен.

Поентата ми е.

Со постов сакам само да го искажам своето мислење за фамозната СТАРА НОВА ГОДИНА или кај србите СРПСКА НОВА ГОДИНА, која онака диво, со жар се слави по кафаните и дискотеките низ цела земја, а гледам и слушам и нашиот естаблишмент ја прифаќа безрезервно. Дали тие луѓе знаат што е тоа СТАРА НОВА ГОДИНА?

СТАРАТА НОВА ГОДИНА е мерена по календарот на Гај Јулије Цезар, а он го превзел од Египчаните, така да не гледам тука ништо посебно, ендемични и карактеристично за православните словени. Ова нека ми го објаснат тие што се најстрасни приврзаници на нејзиното славење. Во Македонија или на овие македонски простори грегорианскиот календар официјално стапува на сила за време на кралството СХС 1919, кога Македонија била вардарска бановина како дел од Србија. Овој податок важи посебно за Србите или Србоманите, каде е тука српството во СТАРАТА НОВА ГОДИНА.

СТАРАТА НОВА ГОДИНА може само пригодно да се обележи но славење по кафани и ноќни клубови не е ништо друго туку рефлексија на турбо фолк еуфоријата која јавно се манифестира без никакво значење или традиција. А тоа да стане традиција е најголема глупост.

Да се прекине со славењето на верските празници по стариот јулиански календар. Тоа е глупост над глупостите. Ако е научно докажано дека денешниот грегоријански календар е најточен досега календар и ако живееме и работиме по него, глупаво е да ги славиме верските празници по стариот јулиански календар кој иако доста точен сепак не е совршен како грегоријанскиот кој највеќе се базира на точност во поглед на астрологијата, соларните години и приближувањето на календарската година до тропската година.

Стварно е глупаво и безцелно, зошто се формира еден извртен свет во главата на луѓето дека ете ние православците сме нешто посебни и дека другите сакале да не заебат и асимилираат кога ни го вовеле новиот календар. Да не почнеме и ние како србите да викаме македонска нова година.

Тагови: , , , , , .

Posted in колумни | No Comments »