Posted by mecetousko on јануари 15, 2010
Американскиот претседател Барак Обама одржал работна средба со извршните директори на националните најголеми американски банки во понеделникот оваа недела и им дал до знаење на секаков можен начин да отпочнат со позајмици на пари на малите претприемачки бизниси во земјата и на граѓаните во вид на потрошувачки кредити.
Притоа потенцирал:
“Вербата во нашиот финансиски институционален систем е тесно поврзана со нашата економија и нашата земја. Овие финансиски институции(мислејќи на банките) не може да опстојуваат на пазарот профитабилно, доколку работниците немаат работа и бизнисот не расте, а како би растел кога потрошувачите немаат пари да трошат. Американските банки примија огромна подршка и поткрепа од американските даночни обврзници за да ја обновата својата финансиска индустрија, и сега тие се повторно во форма и стојат стабилно на своите нозе. Сега очекуваме огромно разбирање од нивна страна да помогнат повратно во закрепнувањето на економијата.”
Оваа реакција е повторно Обид на Обама да ги освести банкарските магнати да не се занесуваат во претерано исплаќање на нереални бонуси и да не аздисуваат во енормниот профит со покачување на каматните стапки.
Се враќаме на македонската реалност.
Во Македонија изгледа не важи оваа логична констатација на американскиот претседател. Тука работниците навистина немаат работа, со тоа немаат пари и куповна моќ со што индустријата би се размрдала, а банките и понатаму се однесуваат лешинарски. Притисокот на македонските власти е насочен единствено кон Народната Банка но не и кон комерцијалните односно деловните банки. И по намалувањето на каматните стапки од страна на Народната Банка, деловните банки се оставени и понатаму (главен изговор не можеле одма да го наштимаат софтверот) да работат со високите каматни стапки со што остваруваат зголемени приходи. Дозволено им е да ги депонираат заштедите на граѓаните и профитот во странски банки со што ја развиваат економијата на трети држави а не сопствената. Главен изговор е дека е ризик да се импутираат преку кредити парите во македонското стопанство. Никој нема ама баш никаква престава колку исплаќаат бонуси и во кој износ македонските банкарски менаџер.
Обама има намера да им ги зголеми даноците на околу 50 финансиски институции во голема мера банки, доколку не почната да работат по сугестиите кој тој ги повторува неколку пати. Бара начин како да го дисциплинира нивното развратничко работење.
Кај нас дисциплина немало и веројатно никогаш нема да има иако на крај од секоја година секој ученик има поволно поведение…за сите нас тоа е повеќе проформа…сите сме примерни.
This entry was posted on јануари 15, 2010 at 10:47 am and is filed under вести, општество, пари, политика.
Tagged: америка САД, банка, банкарски систем, банки, Барак Обама, деловни банки, комерцијални банки, народна банка.
You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed.
You can leave a response, or trackback from your own site.
јануари 15th, 2010 at 11:03 am
За кои банки пишуваш во МК?
Мислиш за овие лихварскиве институции?
јануари 15th, 2010 at 11:09 am
Ѓуровски слабата едукација на граѓаните е одлично тло за функционирање на банките на тој начин. со самото тоа што ќе ги декларираш како лихвари не си направил ништо…кучињата ќе лаат а караванот ќе си врви.
Доколку невладиниот сектор помалку би се занимавал со популизам и пропаганда, како вршење на притисок на власта за промена на името(што е најглупо нешто што некогаш сум го видел во својот живот, да се критикуваш самиот себе)а се завземат со анализа на реалните општествено – економски дисторзии не би имале ваква животна средина.
блогот на Мечето Ушко ги детерминира вистинските општествени девијации а не простачко популистичките.
Имаш блогери кој со години пишуваат за името, магистерски тези испонапишаа, се сликаат за новини, излегуваат на телевизија…ја манипулираат јавноста.
јануари 15th, 2010 at 11:20 am
Значи дека кај Америве функционир централната власт или сунчаниот папа кој без теклив делеше финансиска помош
по банките и осигурителните друштва.Таа помош беше во рамките на големата финансиска криза.Е сега Обамата е на ред
да каже кој како ќе работи,ќе дава пари,кредити и со колкави камати.
Од друга страна пак кај нас во Македонија,да не заборавиме,Народната Банка а пред се Владата се тркаа кој повеќе
државни хартии од вредност или банкарски хартии од вредност ќе продаде и кој со поголема камата.Отука банките
поубаво да си купуваат такви хартии,нема ризик,одколку да го помагаат стопанството со ефтини кредити.Па затоа Премиерот нема можност да советува да се намалат каматите на кредитите а па најмалку за позајмици и сл.
јануари 15th, 2010 at 11:59 am
Филип…пари од федерланата американска власт се даваше исклучиво на банките а не на финансиските институции како осигурителни компании и инвеститорски куќи, а самите банки не можеа да ги импутираат дирекно парите во големите финансиско-инвестициони корпорации. Со парите можеа само да ги покријат загубите и да го рестартираат кругот на издавање профитабилни кредити.
Одлуката на Обама не е централистичка и социјалистичка како што го обвинуваат популистите.
Тоа ти е исто како со комуналниот смет за кој се караа општините Тетоцо и гостивар. Не правеа ништо се додека премиерот не се закани дека ќе ја земе државата надлежноста за комуналниот смет во тие општини. Тогаш тие реагираа и се договорија. Така и Обама им вели ако не работите како што се договоривме пред да Ви ги дадеме парите, тогаш ќе воведеме мерки со кои ќе морате така да работите. Но тогаш е друга ситуација кога со закон ќе се отпочне да функционира некоја работа. Тогаш се функционира додека тој закон постои, а може да постои се додека не биде сменет.
Друго во Македонија Народната Банка издава државни хартии од вредност точно, за да ги прибере парите во свои раце, но истата таа, а и комерцијалните банки ги депонираат банките во трети банки во трети земји. Така дирекно се финансира економијата во тие земји. Практично се повлекуваат пари од оптек и се исфрлаат од кругот на вртење, оплодување во Македонија.
Владата кога ги издаде хартиите од вредност, со парите кои ги зема од банките истите преку плати или јавни работи ги импутираше во економијата и потрошувачката. Да сум на твое место не би ја анализирал оваа одлука на владата еднострано. Таа има и позотивна импликација и тоа како во услови на недостаток на пари на пазарот.
јануари 15th, 2010 at 1:08 pm
Mecetousko-Аиии,мајката???Да го оставиме сунчаниот настрана,тие си имаат пари,ќе се снајдат.
Но што првиме ние?Н.Б.е задолжена да го чува денарот на секој можен начин,може да собира,може и да пушта пари во оптек,према економските параметри.Владата ни наша е само трошаџија и ако видиме дека 75% од буџетот го троши само за плати.За плати за енормно гломазна администрација,која па од таа администрација 1/4 си седи дома и си зема плата.Така се брани економскиот интегритет на државата?Таа,владата поради падот на производството за да подели плати си продава држани обврзници со големи банкарски камати,па уште се натпреварува со Н.Б.со што поголема камата да ги продаде.Од друга страна пак врши притисок на Н.Б. за смелување на каматите,за кој па има и директна вина.Ако добро се размисли ќе видиме дека со примањето партиски војници по рамковен околу 30 иљади,кој па се уште и неписмени,излегува дека владата пак пушта во оптек пари кој не се заработени а Н.Б. сето тоа трба да го брани како знае и умее.
Банките како банки си гледаат свој интерес,профит и сигурност во пласманите.Посигурно им е да даваат пари во владата со високи камати отколку да ги депонираат тие исти пари некаде,од каде само можат да сонуваат за такви камати.Е сега со ваква калабурница за сите што трошат пари има,ама за кредитирање на стопанството и граѓаните,тоа нема.Тука се пласманите не сигурни иако скоро сите кредити се гарантираа со хипотеки,ама банките не сакаат да ги боли глава со судови и т.н.
Владата за мир во куќа едино што ја боли глава е само платите во администрацијата,за капацитети од јавен интерес не ја боли глава,нема.Е ќе заборав,има како не,статуи,кипови разни видиви на споменици,музеј,парафини и восоци и уште какви не заебанции од каде нема никаков профит самата држава и намалувањето на невработеноста.
јануари 15th, 2010 at 9:08 pm
И филип ја откри америка.
Па тоа е откако Македонија е независна…ова што го набројуваш не се случува последните 2 години туку последните 20 години.