meceto usko

Б(л)ог над Б(л)оговите

Носители на звукот на новата српска музичка сцена

Posted by mecetousko on февруари 10, 2010

Полека, полека српската музичка сцена се раздвижува и постои реална можност во втората декада од новиот милениум да го повторат успехот кои го имаа во седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век. Очигледно црниот српски период од деведесетите полека се заборава и земјата излегувод калта во која длабоко зацапа. Секојпат културата, музиката, уметноста е показател за таквите трендови. Еве неколку песнички актуелни во моментов на српската музичка рок и авангардна сцена. Лично ми се допаѓаат и тука си ги постирам за да можам да си ги слушам.

Интерсен бенд кој постои од неодамна. Името на бендот е ИЗДРЖИ РИБИЦЕ. Пред да почнат со јавни настапи и да бидат пронајдени од телевизиите, своите авторски песни ги поставуваа на својот My space, впрочем како и многу други нови бендови. На линкот погоре можете да ги преслушате нивните песнички а публиката ги препознава по нивниот синг МИ, кој неверојатно наликува на бендот од осумдесетите Лаки Пингвини.

СВИ НА ПОД, е еден музички проект. Тоа е и не е бенд. Тие ја игнорираат идејата за класичен бенд и неминовност од одредување на правецот во музиката, па затоа користат и повеќе луѓе и експериментираат со разни правци, а главната цел им е создавње на добра музика. Музика со правила или без правила сеедно. Иницијатор е Петар Рудич, кој после неговиот ангажман со групата МРАВИ, решава да се впушти во нов проект. Моментално се препознатливи по синглот УШЧЕ. И нив ги имате на My space да ги преслушате комплетно.

ВЕЛИКИ ПРЕЗИР, српска рок група од Врбас датира од далечната 1994, но дури после снимањето на својот трет албум во продукција на Радио Телевизија Б92 добиваат на значење. Моментално се актуелни со спотот и песната No No . И нив ги имате My space.

Краткиот преглед го завршувам со ЖЕНЕКЕСЕ, актуелни со синглот Без Тебе.  Носители на звукот на новата српска сцена, израснати во црните деведесети но музички сега се афирмираат и то би рекол во одличен стил. Мене лично ми се најинтересни. Можете да ги слушнете на My space комплетно.

Во друга прилика нешто повеќе за сите нив, и за другите носители на новата српска музичка сцена.

Leave a Reply



You must be logged in to post a comment.