meceto usko

Б(л)ог над Б(л)оговите

Дали Меѓународниот Суд за Правда е исто што и нашиот Уставен Суд?

Posted by mecetousko on јули 28, 2010

Дали постои разлика помеѓу меѓународниот суд за правда и помеѓу Македонскиот уставен суд?

Со вакво прашање го започнувам ова мало парче писание кое едноставно испливува од мене и се преточува во неконтролирано типкање на тастатурата. Веројатно подобро би било да прашам дали постои воопшто разлика помеѓу било кој суд на земјинава топка. Веројатно залагањата за правна држава се една самозамислена општествена фикција. Практично не постои разлика помеѓу американските судови и на пример кинеските, постои само декларативна разлика или оние првите себеси се обидуваат да се прикажат како демократски, а овие вториве не се обидуваат да се прикажат како било што ,освен како судови. И едните и другите по потреба егзикутираат луѓе. Општественото право и правда се само уште една алатка за манипулација односно за штимање на сопствениот инструмент кој свири онака како што дуваме и се слуша онака како што сакаме да звучи.

Во изминативе дваесет години сите сме сведоци на кршењето на безброј меѓународни, прописи, закони, регулативи, декларации и што уште не, кои самото човештво ги постави после една таква масовна воена хистерија која резултираше со тоа што резултираше. Практично се што можеше да се прекрши се прекрши и едноставно ништо не остана невино, деветствено и чисто, кое може да даде зрак на надеж дека човештвото се движи во вистинска насока.

Косово е најдобар пример за функционирањето на меѓународното право и за правна држава. Нити се почитуваше меѓународното право кога беше создавана како држава нити се почитува било каков правен систем сега кога е држава.

Држава создадена од банда, бандитски функционира. Можеш слободно да дојдеш во Македонија, да пљачкаш, убиваш, тероризираш и потоа едноставно да пребегаш на Косово каде никој ништо не ти може. Косово е како црна дупка, која тежнее постојано да се шири и проширува и еден ден да го голтне целото човештво.

Мека и медина за верски фанатици, но и мека и медина за криминал од најперверзен тип. Трговија, со луѓе и наркотици, шверц на нафта и нафтени деривати, трговија со човечки органи, а еве од неодамна и високо  софистициран финансиски криминал, затоа што гувенерот на косовската народна банка наводно беше приведен под сомнение дека наводно ја злоупотребил својата должност. Ма која должност, таму никој ништо не одговара за било што уште помалку пред било кого.

И тоа се пред очите на демократската европска и американска политичка елита. Не сакам да споменам европска и американска јавност, затоа што они ионака немаат појма што се случува со територијата која нивните корумпирани политичари ја омеѓија.

Но се е во ред. Низ историјата секојпат имало по еден косовски пример. Сепак има еден пострашен феномен. А тоа е феноменот на обид да сето тоа се престави како нормална појава, како исправка на неправедната историја, како борба за демократија на еден народ, кој по потреба е напатен и измачен, а по потреба демократски и слободољубив на кого иредентистичките и шовинистичко нацистички постапки не му се бројат, а во поново време и напреден, успешен, трудољубив народ.

По се изгледа човештвото ги живее годините на својата најголема политичка перверзија која нималку не се разликува од онаа порно перверзија во која секој секого не бира начин и средство како го силува.

Уште еден пострашен момент е тој што нашиве доместик актери, обичбни граѓани или учесници во политичкиот живот, политички аналитичари, сакаат да го престават ова политичко правно насилие како високодемократски чин кој води кон прогрес и просперитет. Па мудро ја толкуваат одлуката на меѓународниот суд за човекови права дека со тоа регионот ќе биде постабилен, дека работите си легнуваат на своите места, дека тоа е уште една праведна одлука во низата, а најдалеку одат оние који во навивачки стил им честитаат на Албанците за уште една извојувана победа во низата на победи под закрилата на демократијата и либерализмот.

Одредницата дека нешто не може да биде нелегално( спротивно на законот) ако истото не е забрането со закон е најфлагрантно кршење на секаков јавен и човечки морал без пардон и без ни малку човечка и хумана предумисла.

Можам да си ја замислам одлуката на истиот суд кога ќе донесе конечна пресуда и по нашето прашање. Не е забрането да не блокира во зачленувањето на меѓународни институции било кој затоа што истото не е забрането со закон…или не знам било каква друга идиотска пресуда која повторно би им дала крила на шалабајзери, шарлатани, пробисвети и курајбери од секаков калибар.

Тоа би значело во превод дека на пример Вие утре можете слободно албанците насекаде да ги нарекувате на пример ШИПТАРИ затоа што ние во Македонија немаме закон со кој се забранува некој да биде така нарекуван и нема право некој да не обвини за дискриминација зошто зборот Шиптар не е погрден збор и не врши никакво дискриминирање како на пример зборот НИГЕР кој го употребуваат чуварите на демократијата отаде барата.

Немате престава што се мојата имагинација може да замисли што да направам а што според закон не е забрането. Веројатно нештата можат да отидат дотаму што општеството би налекувало на една огромна анархистична какафонија излезена од научнофантастичните приказни.

Но исто така се може да се забрани со закон. Ако еден ден советот за безбедност при обединетите нации донесе резолуција која ќе биде општоприфатена од меѓународната политичка сцена дека не е дозволен сеценионизам на една територија по етничка линија извојувана на начин како што е Косовската, дали тогаш ќе треба да ги укинеме сите права на жителите на Косово затоа што практично тоа ќе остане и понатаму ЦРНА ДУПКА а за научниците на НАСА црните дупки во вселената се голема непознаница, не знаат што таму се случува и по кој ред функционираат нештата.

Но физичарите и научниците во минатото биле прилично паметни луѓе. Секое тело кое надвор од својата природа на движење и одеднаш ќе ја промени траекторијата на сопственото движење, тоа повторно тежнее да се врати во првобитната рамнотежна состојба. Ова земјена или би рекол галаксичка закономерност важи буквално за се освен за црните вселенски петна, односно дупки.

Црната Дупка Вечно Останува Црна Дупка.

Туку прашањето ми беше… ДАЛИ МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ЗА ПРАВДА Е ИСТО ШТО И НАШИОТ УСТАВЕН СУД?

Ве молам за одговор…одговорот ќе се искористи за мала статистичка анализа.

30 Responses to “Дали Меѓународниот Суд за Правда е исто што и нашиот Уставен Суд?”

  1.   stefus-refus Says:

    “Некои прашања едноставно незаслужуваат одговор”
    “За Судови и судски одлуки не се коментира”
    Aмин.

  2.   mecetousko Says:

    Сега е апсолутно јасно зошто за меѓународната јавност присутна во земјава на амбасадорско ниво, уставниот суд делува во согласност со нашето локално законодавство.

    Пази законот за данок на вкупен приход(за кој пишуваше Волан) кој уставен го укина а власта пак го донесе … уставен сега не сако повторно да го укине иако е поднесена преставка.

    Ако го чува уставот и поредокот треба одма да го укине…но они молчат а се бават со други нешта…а тој данок е од круцијална важност за малото стопанство и претприемачкиот дух во една земја.

  3.   stefus-refus Says:

    МСП е суд без никаква закондавни права.
    МСП работи под силна политичка контрола и не е независен воопшто.
    http://logblog.blog.mk/2010/07/23/nezavisno-sudstvo-da-ama-samo-na-mars/
    Така да не заслужува посебно внимание.

  4.   oggiedoggie Says:

    wow, мече од каде ваква нервоза?

    можеби треба им дадеме уште малку од територијата на косоварите?

    (ова чисто затоа што ти беше за размена на територии, исто како и Уставниот, исто како и Владата, хмм….)

  5.   mecetousko Says:

    Јас не се сложувам дека не заслужува внимание…потребна е здрава институционална организација ако се сака општествен напредок и просперитет.

    Сега можеме да тврдиме се и сешто ако сакаме…но во суштина човекот како општествено и социјално битие има потреба од институционализација но во согласност со природата на нештата, под силна морална и хумана димензија.

  6.   mecetousko Says:

    Оги…те молам де потсети ме каде јас сум зборувал за размена на територии очигледно си направил превид или ненамерна грешка…си ме смешал со некого.

  7.   oggiedoggie Says:

    не, те немам смешано,

    кога неуставно се утврдуваше/менуваше границата меѓу Македонија и Косово

  8.   волан Says:

    Прашањето е длабока правничко – не се ни обидувам да споредувам нешто што не е споредливо … Одлуките на Уставниот суд се со правнообрзувачко дејство, додека на пример одлуките на Хаг се само препораки … судот го носи само ајде така да кажам парламентот на светот преку неговата влада т.е. „Советот на обединетите нации“ каде нели има членови со право на вето … рамноправност нема …

    Затоа меѓународна правда нема – таму има само договор меѓу партнерите (оние моќните со право на вето) за поделба на меѓународниот плен и пазар … се што нема да се договорат моќниците е осудено на пропаст или статус кво …

  9.   mecetousko Says:

    аха сеа се сетив за што зборуваш…Браво Оги како слон имаш меморија…јас мислев збориш за онаа идеја на Ману од 2001 година…Оги јас многу добро го познавам тој терен и знам дека не е дадена територија на Косоварите…не бери гајле…но исто така се сложувам дека не се доби ништо со тоа(мислам дека локалното население сега е задоволно).Инаку и тогаш со тебе се сложив дека е неуставно но тврдев дека не сме дале територија на поклон…тоа ни беа разликите во дебатата.

    Во секој случај се што Македонија потпишала билатерално со Косово е под присила и притисок и верувам дека во иднина истото ќе биде ништовно :) .

  10.   mecetousko Says:

    Волан се сложувам дека прашањето е правничко дека тоа се различни судови и се по ред…но свесно направив ваква паралела имајќи ја впредвид независноста и логиката при судските арбитрирања.

    Тоа е тоа.

    Инаку и федералниот суд на САД носи пресуди кои се косат со многу демократски, правни, општествени, морални и други норми. ама сепак важи за демократски. Нели!!!

    Инаку овој текст е дирекно испровоциран од шалабајзерот Перо Наков кој овде неколку дена ликува и јавно им честита на Косоварите за одлуката на меѓународниот суд во Хаг…а и од огромниот број на прочитани аналитички текстови по весниците кои се појавија ден по одлуката.

  11.   волан Says:

    Прашањето е длабока правничко – не се ни обидувам да споредувам нешто што не е споредливо … Одлуките на Уставниот суд се со правнообрзувачко дејство, може и да се коментираат но не може да не се извршуваат. Додека одлуките на Хаг се само препораки … судот во Хаг го носи само како препораки, дава свое мислење иако и тоа видовме дека не е независно, а светскиот парламентот преку неговата „влада’ т.е. „Советот на обединетите нации“ ја носи извршната одлука. Но таму нели има членови со право на вето, одтаму нема ни рамноправност, ни правда …

    Затоа меѓународна правда нема – таму во ООН има само договор меѓу партнерите (оние моќните со право на вето) за поделба на меѓународниот плен и пазар … се` што нема да се договорат моќниците е осудено на пропаст или статус кво …

    За жал во последната реченица се наоѓаме и ние и нашата судбина … затоа и сме во флотирачка ситуација на статус кво и стоиме на слеп колосек, бидејки нема договор меѓу моќниците за нашиот случај …

    Избриши го предходниот коментар.

  12.   волан Says:

    И Косово може да го сместиш некаде во редовите на мојот горен комнтар. Сила бога не моли. тоа е мотото на Америте.

  13.   mecetousko Says:

    ако е недовршен коментар не го бришам…како беше…повеќе коментари преку линкувани блогови… повисоко на пребарувачи.

    Сеа еден ваков сличен текст ќе припремам и ќе го поставам на 4-5 јазика…нека се чита гага по светов.

  14.   logous Says:

    mecetousko Says:
    јули 28th, 2010 at 3:35 pm

    “Инаку и федералниот суд на САД носи пресуди кои се косат со многу демократски, правни, општествени, морални и други норми. ама сепак важи за демократски.”

    *******************************************************

    Ne postoi Federalen sud na SAD.

  15.   волан Says:

    Мече – зарем мислиш дека луѓето незнаат. Знаат, но никој не сака да си ја крши главата од зид. Само нас тука не тераат самите да си ја скршиме главата. Веројатноста дека сами ке си ја скршиме главата е извесна … боли но вистина е …

  16.   mecetousko Says:

    Волан америте имаат друго животно мото…верувај ми…инаку не се сложувам во потполност со твојот став дека светските играчи не знаат што да направат со нас и косоварите…премногу ми е пацифистички…во хипи стил.

    Знаат многу добро што прават и што ќе направат…но некојпат кога се меша манџата не излегува по наш вкус…а може и да загори.

  17.   logous Says:

    Ne postoi Federalen sud na SAD,kako takov,sto bi rekol pero nakov

    :)

  18.   logous Says:

    mislish li na ,vo prevod,vrhoven sud na sad?

  19.   mecetousko Says:

    Logus SAD имаат 13 федерални судови :) … каде доаѓаат предметите по жалба од 94 обласни судови и тој суди без порота и сведоци… мислам дека тешко ќе ти оди да се докажуваш со мене за општествениот систем во САД…а и немам намера сеа да продавам памет…те молам не се обидувај да дискутираш надвор од темата…не ми е тоа намера.

  20.   logous Says:

    inace ako temata ti e “nema pravda” ….epa razbira se …sudovite,sekade,se otvoreni na sekoj da go dokazuva svojot predmet….nesto isto kako sto ….tamu najskapiot Hotel vo Skopje e otvoren za site gradgani sto sakaat skapi hoteli

    :)

  21.   logous Says:

    i uste nesto…kolku da znaesh,koga rece

    “Инаку и федералниот суд на САД носи пресуди кои се косат со многу демократски, правни, општествени, морални и други норми. ама сепак важи за демократски”

    Sudovite koga donesuvaat presudi,se trudat (ponekogash i ne se trudat) da pokazat deka nivnite presudi se PRAVNO izdrzani (toest ne se kosat so,kako sto ti rece,pravni normi)

    Demokratskite,opstestvenite,moralnite ,i drugi normi ne se predmet na rasprava pred sud

  22.   oggiedoggie Says:

    мече, со задоцнување ти одговарам

    нема проблем ;-)

  23.   mecetousko Says:

    Logus дел од коментарите ти се привремено отсранети заради контекстот на кои се однесуваат.

    Повторно ќе бидат вратени кога текстот нема да биде актуелен.

    Дотогаш може да коментираш понатака.

  24.   logous Says:

    mecetousko Says:
    јули 28th, 2010 at 7:00 pm

    Logus дел од коментарите ти се привремено отсранети заради контекстот на кои се однесуваат.

    Ili otstrani gi site moi komentari,privremeno,ili ne.

  25.   mecetousko Says:

    Логус не дрндај со мене ако ти се коментира по темата коментирај…ако не ќути не се докажувај со мене.

    Коментарите ќе ти ги вратам кога постот ќе стане бајат.

  26.   logous Says:

    “постот ќе стане бајат”

    Stana bajat bidejci egoto ti e povazno od korektnosta.
    Mozese da si ja popravis greskata,koja ti ja ukazav,namesto da cenzuriras i da se penjavis

  27.   Charlotte Says:

    Може кратко да одговорам на насловот?Нема никаква врска уставен суд со ИЦЈ доколку прашањево не си решил да ти биде реторичко .И замисли уште нешто:во своето досегашно постоење овој суд не судел случај кој би му го оправдал името .Зеро.Нада.И тоа не затоа што не сакал ,просто никој немал доверба во него за да му додели да разреши спор по принципот “ex aequo et bono”.Барем така кажува Вики.
    Во случајот со Косово судот добро пресуди.Му бараа совет,си добија.Не е спротивно на меѓ.право.Сега може слободно да не му го послушаат советот.Во нареден спор судот нема обврска да се повикува на претходна одлука те нема никаков преседан.

  28.   mecetousko Says:

    Егото на човек се гледа и според начинот на однесување а не само според она што го тврди.

    Шарлотка појма немаш душо.

    И ти му се придружуваш на честитките на Перица.

  29.   Charlotte Says:

    Мече ја и Шехи сме ти две страни на иста пара.Или може стварно појма немам ,не знам.

  30.   logous Says:

    jas ne vrsam cenzura.

    p.s
    uste ti stoi federalen sud na SAD gore.

Leave a Reply



You must be logged in to post a comment.