meceto usko

Б(л)ог над Б(л)оговите

Блогерајот е клинички мртов – оставете го да умре на раат –

Posted by mecetousko on август 23, 2010

Кога ќе се закачам на блогерај да читнам нешто надвор што е програмирано на мојот ридер, добивам впечаток како да користам телевизиски пакет на БУМ ТВ. Час фаќа сајтов, час кочи, час нема ништо, сликата е воглавном лоша, добрите програми ги нема, лошите се секојпат со џам слика, ако врне или грми гарант сигналот е недостапен, линкот односно каналките не се секојпат на иста фреквенција… шала на страна но навистината е така.

Блогерајот е одмана клинички мртов, западнат во длабока кома, се бара само човекот да ги одштека каблите и да го исклучи пациентот од апаратите за да се појави тенката линија на смртта.

Во моите тинејџерски години имаше еден филм се сеќавам, со Кифер Сатерленд (помалку славниот син, како тоа обично секојпат бива на филмската легенда Доналд Сатерленд), Кристијан Слејтер, Кевин Бекон, Џулија Робертс, мислам дека глумеше и еден од браќата Болдвини и пар други познати глумци тогаш млади а денеска во зрели години…филмот се викаше…ТЕНКА ЛИНИЈА НА СМРТТА. Група млади надежни студенти на некоја медицинска академија во Америка експериментираат со клиничката смрт и самите себеси артифицијално се доведуваат во таква состојба изложувајќи се на опасност за да најдат одговор на многу прашања, но и за да видат што всушност тогаш се случува … да добијат јасна престава за човекот и човечкиот организам, но и за да се уверат себеси за другата страна на медицината која паранормалните случувања секојпат ги дискредитира. Младите надежни доктори патуваа по тенката линија на смртта за да го видат она што живите никојпат не го виделе и не можат да го видат.

Веројатно и нашиов блогерај кој моментално се наоѓа во клиничка смрт и се движи по тенката линија на смртта, го гледа и живее она што досега не можел да го види и доживее. Движејќи се заедно со блогерајов по тенката линија на смртта, само ги запишувам и меморирам случувањата.

Но нема потреба да влеземе во паушални анализи, цитирања, споменувања, парафразирања треба само да се потенцира дека тука работата не се разликува по ништо од она што ни се случува во општеството и секојдневното живеење, затоа што оваа платформа е токму одраз на сето тоа, а не нејзина последица или производ. Се работи за чиста рефлексија.

Ако добијам инспирација може и да се впуштам во анализа на блогери и блогови…ама сега немам таква желба…потребен ми е позитивен импулс за да ги пренесам доживувањата од тенкаталинија на смртта. Не сум јас крив што блогерајов ме пикна и мене во експериментот. Ми треба само еден поизитивен импулс … мал … да почне линијата да оди цик цак…цик цак.

6 Responses to “Блогерајот е клинички мртов – оставете го да умре на раат –”

  1.   promenlivo Says:

    Мече, се нешто ти треба да те мотивира да пишуваш надвор од тоа што ти е преокупација ( не ме занина што ти е преокупација, работа) ама ништо не пишуваш, само се вадиш на иста фината. Ај биди срцуш и чкртини нешто друго ебаго, само анализи расправаш, остај ги тие, не ги носи дома, аман од работата дома носење.
    и чао.

  2.   mecetousko Says:

    договорено … сеа ќе скоцкам нешто онака секси…похотно…летно…дај ми малку време.

  3.   promenlivo Says:

    мече, не се брзај, лагано, драјв и швепс.
    кога е пишување во прашање нема лимит. терај.

  4.   zoriv Says:

    Nо аny сlues…

    Pozdrav

    Z

  5.   milevski Says:

    Секогаш е вака.. оваа сезона после одморите…

  6.   uvceto Says:

    Пелистерка кола пакувано во амбалажа од Кока кола… :)

Leave a Reply



XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>