meceto usko

Б(л)ог над Б(л)оговите

Archive for the 'литература' Category

Георги Марков – Кој ја создаде легендата ЗАПАД

Posted by mecetousko on 31st март 2008

 

СО ЛИТЕРАТУРАТА ПРОТИВ БАЛКАНСКИОТ ПРОВИНЦИЈАЛИЗАМ

 
Георги Марков, бугарски писател, белетрист, драматург, журналист, роден 01.03.1929 година во Кнежево, Софија.

Убиство како на филм: На одење na работа во BBC редакцијата, откако го паркирал својот автомобил јужно од Ватерло мостот во Лондон и се упатил кон автобуската станица за да фати автобус до седиштето на BBC, во гужвата од луѓе наоколу, осетил силна болка во десниот бут на ногата. Кога се завртел видел човек кој свртен накај него собирал отворен чадор. Човекот му се извинил за ненамерното удирање и набрзина се изгубил во едно такси кое стоело на самата постројка. Марков покасно го опишал човекот како висок на возраст од околу 40 години. Со голема болка во бутот од десната нога тој заминал на работа каде на колегите им кажал што му се случило. Забележал крвава флека на џинсот кој го носел и големо црвенило на повреденото место. Кога се вратил дента дома, наеднаш се влошила неговата здравствена состојба со покачена телесна температура. Следниот ден е однесен во болницата “St. James” каде е утврдено постоење на централна пунктура, рана на неговиот десен бут во дијаметар од 2 mm и околна циркуларна област на воспаление. Истовремено е дијагностицирана септикемија и Марков починал 3 ден откако е предизвикана раната во бутот.

По распадот на Советскиот Сојуз, потврдено е дека рицин, отров добиен од растението Ricinus Communis, е користен во посебен механизам од чадорот за да се инјектира отровот во жртвата. Сето тоа било конструирано во тајните лабаратории на КГБ. Во целата операција била вмешана службата за безбедност на Бугарија и КГБ.

Нови контрадикторности околу атентатот и негирање на вмешаноста на Русите имате тука. Во 2003 Скотланд Јард официјално соопштува дека сеуште го смета случајот за отворен и тврди дека истрагата не е завршена. Се надеваат дека ќе овозможат убиецот да одговора пред лицето на правдата, во што ние кои живееме на Балканот тешко можеме да поверуваме дека ќе се случи. За љубопитните околу целата конспирација тука имате уште информации.

Неколку информации за животона Георги Марков: Завршил Прва машка гимназија во Софија (1947). Учи во Техничкото училиште во Русе (1947 – 1950) и во Хемиско – технолошкиот и металургиски институт во Софија(1952). Работи како инжењер технолог и како предавач во Софија од областа на техника за преработка на керамика и стакло. Се разболува од туберкулоза и 1958 година мирува во работењето заради билест. Емигрира од Бугарија на 15 јуни 1969 и отпрвин живее во Италија. Потоа се сели во Лондон каде работи за BBC, програма на бугарски јазик. Покасно на програмата на бугарски јазик, работи и во Келн, редакцијата на DW, како и во Минхен за Радио Слободна Европа. Тука настануваат и неговите есеи, кои се припремани за радиоемисиите и емитувани, за да покасно по извршениот атентат бидат објавени во Цирих 1980, а многу покасно и во Бугарија, дури 1990 година.

На 7 септември 1978 година врз него е извршен атентат (роденденот на Тодор Живков), по што умира во лондонска болнница на 11 септември 1978 година.

Георги Марков во емиграција ги создава своите најзначајни дела, публицистичката книга РЕПОРТАЖА ОД БУГАРИЈА, вреден документ за тешката социјална атмосвера во едно тоталитарно општество. Пред да емигрира, Марков е еден од обновувачите на бугарската проза во шеесетите и ценет автор. Иако најзначајни од тој период се неговите новели, Марков има успех и во кратките приказни. Во нив се осврнува на психолошките проблеми кај луѓето од неговиот град.

Автор е на книгите “Цезиева ноќ. Повести”(1957), “Победниците на Ајакс”, научно фантастичен роман (1959), “Анкета”, новели (1961), “Помеѓу ноќта и денот”, раскази (1961).

“Портрет на мојот двојник”, новели (1966), “Жените на Варшава”раскази и новели (1968) и др.

Посмртно се отпечатени неговите пишувања сврзани со публисцитиката и новинарската работа во радио медиумите, “Репортажи за Бугарија”1990 Софија, 1980 Цирих, “Литературни есеи”Париз 1982, Софија 1990 и други.

 Извадоци од делата на Марков

Кој ја создаде легендата ЗАПАД

Марков за илузијата ЗАПАД (колку ли човек треба да биде самосвесен; дисидент, прогонет од сопствената земја, но со реален поглед на постоењето и живеењето. За тие искази не беше убиен од западот туку од истокот)

"… Да се прашаме – кој ги создаде таквите илузии, дека Западот ќе Ве направи среќни и ќе Ви подари лесен живот? Како се стигна до таму, дека западот за секој бугарски граѓанин е синоним за блаженство? Од каде дојде тоа чувство, дека ако во Софија кажеш, дека си ручал со еден италијанец, секој да смета дека тоа најверојатно бил Адриано Оливети, па макар во стварноста да бил тоа некој беден сицилијанец? Зошто, кога ќе се каже дека некој отишол во некоја западна земја, се смета дека отишол во рајот? Зошто еден куп на бугарски патриоти ќе се испотепаат помеѓу себе, за кој да грабне дипломатско место на запад? Зошто? Зошто? Но не само во Бугарија. Пред неколку години  во Москва, руски пријатели ме поканија на гости кај нив, за да како што ми кажаа бидам почастен со нешто исклучително. Беа интелектуалци, образовани и културни луѓе. И домот им беше преполн со гости, кој беа поканети да го вкусат мистериозниот напиток… кока кола! Можеби изгледа смешно, но некој од некаде донел лименка кока – кола и ние требаше да ја спознаеме горе – доле така, како кога се зема причеста. Тажно…" 

 

Марков за апсорбцијата на информациите во едно друго време. За жал ние и во новото време по истиот начин ги примаме информациите иако го имаме интернетот како средство за освестување.

 

"… Нека само за миг си замислиме како би било, ако бугарските граѓани имаа достап до странските весници, ако не се цензурираа радиовестите на бугарски јазик. Од Радио Лондон бугарските слушатели ќе ја научат точната и објективна вистина за положбата на малцинствата во Англија, ќе слушнеше дирекни документарни предавања за нивните митингувања, јасна слика ќе добиеше за положбата на работничката класа, со сите плусови и минуси, сигурно ќе дознаеше колку е лошо платен трудот на медицинските сестри на пример. Тие проблеми се на врвот од насловните страници на сите весници, ја осветлуваат перспективата од најразлични агли. Или ако бугарите можеа да имаат француски весници ќе научеа за тешката живејачка во областа Кале. Или пак од Италија ќе добиеја престава за положбата на селаните на Сицилија, или на металоработниците, која ни малку не е розова. Сигурно ќе разбереа дека насекаде се води борба за живот, дека не ретко материјалните услови се дури по лоши од бугарските, макар во принцип светот да е сосема различен. И можеби тогаш мечтателите за лесен, безбеден живот ќе бидат помалку…"

 

ИДЕАЛИТЕ – Георги Марков 

Марков за идеалите, идеалистите и борците за слобода (тоа одлично се симулира на нашите истакнати борци од НОБ)

 

"… По законите на борбата многу малку од тие идеалисти го дочекаат 9 септември 1944 година. Во безброј мемоарни записи, издадени покасно, се истакнува дека најдобрите, најдостоинствените загинале. А немалку автори на записи потврдуваат внимателно дека многу од останатите партизани, политзатвореници, членови на партијата, сосема не може да се пофалат со добро поведение. Особено силно е тоа тврдење во спомените на Славчо Трнски, кој зборува за тие кои земале учество во борбата само кога победата веќе била потполно сигурна при тоа самосокривајќи се и итро избегнувајќи ги опасностите. И тоа се разбира дека идеалистите секојпат го плаќаат…" 

Марков за некогашните идеалисти комунисти, кои по се изгледа оставиле генетски аберации во денешните плуралистички општествени системи.

 

"… Во меѓувреме силината на власта така им се услади на многу од нив, што напросто заборавија од каде тргнале. Довчерашните борци за слобода се претворија во нејзини најголеми гонители, довчерашните жртви на полицијата ја надминаа многукратно методиката на мачење и терор, довчерашните пропагатори за принципиелност и висока моралност се претворија во најбезпринципиелните марионети на времето, довчерашните мечтатели за подобар и поубав свет станаа сторители на зло и грозота. Примерите немаат крај. Еден бугарски министер, бивш идеалист, кој сега ја развозува љубовницата по најскапите хотели во светот, се исповеда пред мене – Ми се живее, сега ми се паднало да живеам…"

 

 

 

Кирило Методиевско – Георги Марков

Марков за напредокот во хиерархијата на едно болно општество, напредокот на неталентираните и бездарните, или како што викаше дедоми, ако некој не знае, учителката ќе го седне до тој што знае, за да научел. Сите мораме да знаеме.

 

"… Секојпат сум се прашувал зошто кај нас за разлика од целиот нормален свет се посветува специјално внимание за надградување на неталентираноста. Ако сте талентиран во било која област, ќе поминете низ илјадници проверки, за да добиете признание или потврда за вашата вредност, но ако сте јавен или полујавен бездарник, тогаш од сите страни ви се помага да го развиете талентот на вашата неталентираност, со што ќе го обогатите творештвото на неталентираните со уште еден производ. Доколку пак, ако сте посебно настојчив, вашата кариера е осигурана, вие можете да станете професор, театарски режисер, писател, новинар, политичар, се. Тие кој сметаат дека ги преувеличувам работите нека погледнат околу себе. Колку многу нивни познати направиле академска или друга кариера само со повторувањето на "Оче наш"…"

 

"… Се зборува дека едно дете на петгодишна возраст задава средно осумстотини прашања на ден. И тоа е можеби најпозитивната карактеристика на човекот. Граѓаните од стројните редови на неверството не задаваат никакви прашања. Тие знаат се, и не се интересираат за ништо, тие си имаат теории за неверството која е закачена како етикета. Етикетите се одговор кој треба да биде научен. Вие просто го запомнувате тој одговор и се е понатаму сосема едноставно…"

 

Други размислувања на Георги Марков имате тука:

Празникот на слободата и полицијата

Последната Тајна

Сопствениот Фашизам

Писмо до Христо Ботев

Писмо до Љубомир Левчев – Поет

 

ПРОДОЛЖУВА …

Тагови: , , , , , , , ,

Posted in литература | No Comments »

АЛЕК ПОПОВ – современик на бугарската книжевност

Posted by mecetousko on 28th март 2008

 

СО ЛИТЕРАТУРАТА ПРОТИВ БАЛКАНСКИОТ ПРОВИНЦИЈАЛИЗАМ

 
АЛЕК ПОПОВ е роден во Софија во 1966 година. Автор е на книгите: “Другата Смрт (1992), “Прљави соништа”(1994), “Игра на магии” (1995), “Патот кон Саракуза” (1999), романот “Мисија Лондон” (2001), “Ниво за напреднати” (2002), “Митологија на преодот” (2006), “Црната Кутија” (2007). Завршува национална гимназија за древни јазици и култури “Св. Константин Кирил Филозоф”и бугарска филологија на Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски”.  Пишува и радиозаписи за бугарското национално радијо, и сценарија за документрни и играни филмови. Во 2001 година Бугарската национална телевизија го снима филмот “Туѓите стапки”, според истоимениот расказ од збирката раскази, “Прљави соништа”. Работел и како уредник во Националниот литературен музеј и како дипломат. Во моментов Алек Попов е директор на Домот за детска книга и главен уредник на списанието “Родна Реч”, како и портпарол на бугарскиот ПЕН центар.”

Романот “Мисија Лондон” е преведена и на македонски јазик, ако не се лажам во издание на детска радост.

Линкови до романот Мисија Лондон. (1, 2 ,3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10.)

Оваа година треба да започне и снимање на филм по истоимениот роман. Веднаш да најавам дека ќе биде еден од најголемите балкански комедии некогаш направени, се разбира доколку режисерот и глумата бидат на ниво колку и самиот писател.

 

Алек Попов – “Мисија Лондон”

Ненадејното доаѓање на новиот амбасадор во бугарската дипломатска мисија во Лондон и стравот на службениците од амбасадата дека ќе бидат сменети и вратени назад во Бугарија, создава една од основните приказни на овој роман. Попов, земајќи ја бугарската амбасада во Лондон како јадро, гради во вид на концентрични кругови различни ситуации и ликови. Прекрасна и духовита книга во која се мешаат стварноста и фикцијата. Самиот роман преставува критика на бугарскиот или пошироко на балканскиот карактер. За Мисија Лондон критичарите пишуваа дека е најсмешната книга во современата бугарска литература а воедном дека е тоа и прв европски комичен роман со елементи на криминалистичка приказна која во основа не е ништо друго туку само иронија и убиствена сатира. Авторот посебно се истакнува со осет за детализирање, стилски е богат, разноврсен во опишувањето и со постојан умерен хумор.

За книгата општо толку. Но има еден дел во книгата(многу краток) кој писателот го води преку писма или дописи односно новински извештај. Пренесувам во пширок опис дел од книгата, поточно неколку писма кои циркулираат на релација, амбасада на Бугарија во Лондон, министерство за надворешни работи Софија, за повеќе од книгата следете ги линковите од 1 до 10, од погоре. Мислам дека нема балканска земја која не би се препознала во издвоените писма цитати.

 

“… Почитуван господине амбасадоре!

Од 24.05 до 24.06 на покана од Британскиот музеј во Лондон ќе гостува уникатна експозиција ХИГИЕНА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА БУГАРИЈА, во чии рамки ќе бидат прикажани првите WC во историјата на човештвото.Истиот бил откриен во археолошкото наоѓалиште на територијата на градот Провадија и датира од 1234 година. Автентичноста на пронајденото го имаат потврдено научници од меѓународно значење, како што е проф. Д-р Ван Мајс од Холандија и др. Чарли Ридс од Оксфорд. Сметаме дека со популаризирање на овој пронајдок кој потекнува од старите Бугари ќе се поентира и ќе биде од корист за новиот европски имиџ на драгата наша татковина. Изложбата ќе ја отвори претседателот на општината на градот Провадија, господин Првомаев. Ја молиме амбасадата да помогне околу нејзиното сместување и активно да се вклучи во припремите за оваа манифестација од големо значење…”

 

На ова писмо амбасадорот не одговара но набрзо неговиот одговор се проследува преку следново писмо.

 

“… СТРОГО ДОВЕРЛВО

Во врска со претстојното гостување на изложбата ХИГИЕНА ВО БУГАРСКИТЕ ЗЕМЈИ, Ве информираме дека истата не е во согласност со оделението за култура, ниту со министерството за култура, туку се остварува на иницијатива на локалниот комитет со седиште во градот Провадија. Официјалниот европски став може да се најде во енциклопедија британика, каде е запишано дека првото WC е пронајдено 1569 година и дека негов создавател бил сер Џон Харингтон, за време на кралицата Елизабета I. Истражувањата во дипломатските кругови направени во последно време, покажуваат дека тоа откритие се смета за еден од основните елементи на британскиот културен идентитет, а воедном во поширок аспект и на европскиот. Рушењето на еден таков европски мит кој се втиснал во свеста на низа европски генерации во овој момент нема посебно да допринесе за нашата интеграција во европа, туку напротив ќе предизвика негативна реакција. Препорачуваме амбасадата да се дистанцира од престојната иницијатива и да своите контакти со организациониот комитет ги сведе само на незванично ниво…”

После овие писмени преписки, амбасадорот чита извадоци во превод од англиски на бугарски, од британските печатени медиуми, па пишува,

“… Британските весници посветуваат особено внимание на лондонската изложба ХИГИЕНА ВО БУГАРСКИТЕ ЗЕМЈИ, која денеска се отвора во престижниот британски музеј. Веста е застапена во скоро сите значајни дневни весници.

Предизвик на бугарското WC ( Bulgarian WC Challenge), автор, Мет Gосвел, весник, Трибјун.

Општопознатиот факт дека WC – то е производ од периодот на Елизабета, најверојатно ќе доживее исправка кога денес по прв пат ќе биде претставен неговиот бугарски еквивалент, пишува Госвел.

Направата откриена во Бугарија потекнува од 673 до 680 година и претставува функционален модел на WC какво за прв пат се појавува во западна Европа скоро 1 000 години покасно. Се уште се дискутира за неговото потекло, тракијско, бугарско, или византиско?Зошто не и келтско?

Слични системи не се досега откриени ниту во тракијските некрополи, ниту во грчко – римските археолошки центри на територијата на Бугарија. Овие факти ја поткрепуваат тезата на експертот од Бугарското историско друштво во Лондон, Петар Панчев, дека се работи за стара хигиенска традиција, пренесена од Стара Голема Бугарија, која во минатото се протегала на територијата на денешна Украина и Јужна Русија. Бугарите претендираат дека се едно од најстарите племиња на земјата, кои во древното минато живеело во ферганската долина и на деловите на Памира.

Останува непознато зошто оваа инсталација не добила поширока примена во средновековното бугарско царство. Според Петар Панчев, објаснувањето се наоѓа честите упаѓања на турските племиња кон крајот на XIV век, кои систематски ги уништувале тие достигнувања на локалната култура. Тој не ја исклучува можноста на територијата на Бугарија да се најдат уште споменици од тој вид.

Археологот Елена Пападопулос од Оксфорд има потполно спротивно мислење.Таа тврди дека WC инсталацијата има во потполност византиско потекло. Тоа што недостасуваат други такви примероци, таа го објаснува со упаѓањето на бугарските племиња на Балканскиот полуостров во текот на VII век, кои систематски ги уништувале мислејќи дека се работи за христијански светилишта. Нејзината теза не објаснува зошто слични инсталации не се најдени нигде на друго место во границите на некогашна византија.

Оригинално беше мислењето на професор Мајкл Калахан од универзитетот во Глазгов. Тој смета дека WC – то е реликвиско наследство од времето кога келтските племиња престојувале на овие територии. Сосема очигледно е меѓутоа дека оваа келтска традиција во многу што се рзликува од традицијата на келтите во западна европа и по конкретно од нивната традиција на британскиот остров.

Потеклото на WC системот од Провадија, сега за сега останува тајна. Се очекува изложбата да ја посети лично нејзиното височество, кралицата Елизабета II.

И така натаму…”"

 

Книгата е екстремно сатирична и хумористична, што ја потврдува способноста на писателот да го гледа светот од перспективата на невидливото. Секому му ја препорачувам книгава.

 

Следува извадок, расказ

ОДИСЕЈА НА КОСОВО 2001 ГОДИНА

“… Голем транспортер со натписи на КФОР пополека ползејќи се искачи на врвот и ја завзема позицијата над селото. Во долината се одвиваше спорадична престрелка и се издигнуваа столбови од дим. Катанецот на машината се отвори и над куполата се појави човек со дурбин. Офицерот се заврте за 180 степени додека рамнодушно го набљудуваше пределот во пламенот. Одеднаш како низ магла примети едни размачкани букви JORE ATTRACTIONS.

Веднаш го спушти дурбинот.

Од другата страна на патот, забивајќи го носот во ендекот, се белееше напуштен фургон. На неколку метра пред него се димеа остатоци од превозно средство кое го влечело истиот тој фургон. Позади воланот висеше јагленисан труп. Најверојатно налетеле на мина, претпостави офицерот, или го укокале со зоља. Која по ред е оваа цивилна жртва… Се наведна и викна нешто на англиски. Малку потоа од возилото излегоа петорица војници и пополека се приближуваа до фургонот со вперени автомати. Предводникот на малата група често застануваше и нешто им соопштуваше преку микрофон кој штрчеше преку шлемот. Фургонот немаше прорези, а на вратата стоеше еден полуизбледен знак, забранет влез.

Некој ја притисна кваката. Беше заклучено.

Одеднаш одвнатре долета некој чуден звук, нешто помеѓу стенкање на ранета пума и мјаукање на избркан мачор. Војникот уплашено ги затвори очите и ѕирна низ напукнатата шпијунка.

“Сер, во фургонот има некој…”поднесе извештај младиот водник. “Или нешто…”

“Shits”, процеди низ заби потпоручникот Бобецки. Требаше да донесе одлука. Имаше само дваесет и три години и знаеше дека авторитетот му зависи од тоа.

“Отворај Пеперс!!!”, му нареди на водникот ,“Само внимателно!”

Судејќи по натписот се работеше за циркуски фургон. Можеби внатре се криеја разно разни животни, мајмуни, крокодили… А можеби и бегалци! Должност му беше да провери.

“Сер”, возбудено се јави Пеперс. “Овде е една жена…Права бомба”

Оваа изјава предизвика кај младиот офицер сомнеж.

“Жена?”, строго повтори.

“Заврзана со синџири…”, дополни Пеперс.

“Јасно”, заклучи Бобецки, “сексуална робинка!”. Веќе имаше слушнато дека во целиот регион цвета трговијата со жени. Срцето му се исполни со гордост. Ете, неговата војничка единица спасила едена маченичка душа, тоа може да го претвори во херој кај одговорните надредени структури.

“Сер, ја ослободив жената”, јавува Пеперс. “Се вика Славенка… сер”

Малку покасно и двајцата се појавија пред офицерот насмејани до уши.

Во прегратка на подофицерот трепереше една долгонога девојка, облечена во кратки спортски панталони и во груби сандали со штикли како копита. Војниците ги дочекаа викајќи и урлајќи со одобрување. Бобоцки затрепери со очите. Девојката имаше голема портокалова уста и права позлатена коса која ветерот ја движеше на најживописен начин. Таа со леснотија се ослободи од Пеперсовите машки раце и рипна на земја. Го заобиколи фургонот газејќи ја согорената трева како штрк. Се приближи до колата, се загледа во јагленосаниот труп и одненадеш плукна на него со неочекуван оштар звук. Таа истресе безброј словенски зборови чија смисла не беше тешко да се одгонетне.

“Чудовиштето сигурно и го заслужило тоа!”, помисли младиот офицер.

Не негово изнендадување дамата набрзо се смири и скоро во потполност заборави на својот џелат. Со рака се потпре за Пеперс и почна да разговара со војниците користејќи се со богатиот арсенал од гестови. Од групата допре смеа. Жената го насмери својот поглед кон Бобецки. Усните и се развлекоа во леплива насмевка. Младиот офицер поцрвене до уши, но не се помрдна од своето место. Славенка го фати Пеперс и едниот војник под рака, кажа нешто и сите се придвижија кон фургонот.

“Еј, каде одите!?”, викна Бобецки.

“Ни рече дека сака да ни се заблагодари…сер”, одговори подофицерот со спор, туѓ глас, качувајќи се на малите скалички. Вратата се затвори после него.

“Под итно да се вратите! Тоа е наредба!”, заурла Бобецки, потполно бесен.

Никој не му одговори. Фургонот малку но симболично се заниша. “Мамичето твое курвинско!”, опсова офицерот. Поминаа неколку минути. Клатењето престана. Бобецки ја повлече златната менѓуша на своето уво, за да се увери дека не сонува. Разумот му говореше дека треба да се поврзе со штабот, но гордоста го спречуваше. Ситуацијата беше повеќе грда отколку критична. Наскоро ќе биде пет попладне. Пукотниците во долината се слушаа се посилно.

“Сега ќе ви покажам животни едни!”, им запрети, извлекувајќи го пиштолот и спуштајќи се накај оклопот испукан од сонцето. Додека трчаше накај фургонот, во грлото му растеше се повеќе една голема кнедла од гнев и срам…

“Надвор!”, заурла, буткајќи ја со нога вратата.

Нешто што квичеше бесно рипна на него. Бобецки испали и падна на грб. Над главата му протрчаа уште две прасиња, мачка и куче, па се скрија во блиската висока трева. Стана мумлајќи. Погоденото прасе мрткаѓе со ноженцата и ропташе во локва од крв.

“Жал ми е”, промумла Бобецки, “не знаев знаев дека внатре се наоѓа цела менажерија…”. Го докрајчи прасето со еден куршум и ѕирна во фургонот.

“Пеперс?”

“Одвнатре заудара на животински смрад”. Ѕидовите беа излепени со блескави плакати, маж во цилиндар со жена во растегнато трико изведуваат евтини трикови со анимален призвук. Во дното стоеше еден црвен плишан кауч. Славенка лежеше на него потполно гола, како голема сита змија.

“Дојди”, едвај промумла, подигајќи се на лактите и мрдајќи ги прстите.

Бобецки тргна неодлучно, не испуштајќи го пиштолот, магнум, кој сеуште мирисаше на штотуку испален барут. Беше убеден дека војниците му спремаат гадна шега. Сигурно се провлекле низ принудниот излез, за да му се смејат, помисли. Банда на неспособници!

“Дојди”, повтори, не симнувајќи ги од неа светлите и крупни очи.

“После ќе зборуваат дека сум кукавица”, помисли Бобецки. Или педер… Телото и се белееше во мракот и светеше од потта. Тоа благо го одбиваше но во исто време и го привлекуваше. Како и смрадот. Боже мој зошто ли мириса така?… Почна да му зборува нешто на својот јазик. Му ја завлече раката под униформата, влажна и мека како октоподско пипало. Го раскопча…

“А што ако нема принуден излез?!”, му падна одненадеш на памет. Но веќе беше касно. Нејзините дланки веќе се склизнуваа по неговите раменици и гради, оставајќи траг по штотуку проникнатите сиви влакна.

Малку покасно од фургонот излезе волк. Изгледаше збунето. Го помириса трупот на прасето кое лежеше пред вратата и се загледа во сивата тетоважа на неговиот десен бут. После внимателно почна да ја лиже крвтта.

“Марш!”, долета љут женски глас.

Волкот помукло заржа и ги покажа своите заби. Жената фрли нешто спрема него и тој го сви опашот и побегна. Сивкастиот грб го снема во нивата. Таа почна да се смее. Седна на прагот така гола и почне да го јаде зеленото јаболко со посебно нагласен апетит…”

Линкови до други раскази од Алек Попов:

 

Раскази од збирката раскази, “Ниво за напреднати”

“Услугата”

“Small Woman”

“Cyber – Faust”

“Ниво за напреднати (Advance Level)”

 

 

ПРОДОЛЖУВА … темата Алек Попов…

 

Posted in литература | 7 Comments »

Славомир Моржек

Posted by mecetousko on 25th март 2008

                                      – СЛАВОМИР МОРЖЕК, ретро литература -

Славомир Моржек (1930 -    ) е полски раскажувач, драмски писател, сатиричар, хуморист и карикатурист. Почнува како новинар но набрзо се префрла на пишување драмски текстови. Од 1960 година живее во Париз. Потоа од 1963 до 1996 живее во Шведска. Во 1997 година се враќа во Полска, каде сеуште живее. Уште во неговите први раскази доаѓа до израз особената сатира која често содржи примеси на карикатура и хумор. Подоцнежните дела повеќе се стремат кон пародија и апсурд. Во драмите ја продолжува линијата базирана на своевиден театар на апсурдот, гротескното и црниот хумор.

Дела, збирките раскази, СВАДБА НА АТОМИТЕ, ДВЕ ПИСМА, ДОЖД, СЛОН, есеите, МАЛИ ПИСМА и драмите ПОЛИЦАЈЦИ, МИСИР, ТАНГО, ЕМИГРАНТИ, АМБАСАДОР, КЛАНИЦА и др.

ДО ДИРЕКЦИЈАТА НА ДУШЕВНАТА БОЛНИЦА, ВО МЕСТОТО

Љубезно известувам дека мојот колега во ќелијата изигрува здрав.

Вчера рече дека Нашата Влада и Партијата можат да отидат во пичка мајчина, а на моето прашање дали навистина така мисли – одговори потврдно.

Но, тој со тоа не може да ме измами. Ја молам и Дирекцијата да не дозволи да биде излажана.

Со психијатриски поздрав

Пациент Бр. 267658391

 

ДО СЛУЖБАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Известувам дека е опасно. Завчера некои лица влегоа во мојот стан за време на моето присуство во него и ги расфрлија сите мои лични работи заклучно со постелнината. Нешто како да бараа, но кога беа запрашани што бараат не дадоа одговор. Истакнувам дека ова се случи ноќе.

Мојот најмал син го претепале на влезната врата непознати напаѓачи, кои таму го чекале. И мене кога одам по улица исто така ме следат непознати лица. Мојата жена добива непристојни анонимни писма.

Мојот телефон испушта необични звукови, така што се плашам да разговарам со него.

Јас и моето семејство живееме во страв од тие опасности, поради што ја молам службата за безбедност да не земе во заштита и да ни обезбеди сигурност.

 Граѓанин

Тагови: , , , , , , .

Posted in литература | No Comments »

ФАТАЛИСТ – Сингер Исак Башевис

Posted by mecetousko on 24th март 2008

ИСАК БАШЕВИС СИНГЕР, полски и американски писател од еврејско потекло. Типичен евреин кој ви дава за право да го мразите, ако сте противник на еврејската нација како што е впрочем и 99 и 102,5 % од човечката популација. Но додека сите ние млатиме празна слама, евреите работат и го вртат светот.

Сингер е добитник на нобеловата награда за литература во 1978 година. Со својата фантастична нараторска вештина ја слика полско – еврејската културна традиција која ги оживотоворува универзалните хумани вредности. Ако може да се тврди дека еден евреин може да поседува хумани вредности. Сепак холокаустот изгледа им дава вековно право да бидат најголемите пропагатори за хуманите вредности. Дали е тоа лицемерие или се во право, секој има можност да суди.

Мене само ми се допаѓа стилот на пишување кај Сингер.

За неговиот живот и дело имате кај мене 2 линка.

ИСАК СИНГЕР – на википедија

ИСАК СИНГЕР – на нобеловата страна

 

Во продолжение имате еден интересен расказ.

 

Ф А Т А Л И С Т

 

(извадок од збирката раскази СТРАСТИ И ДРУГИ РАСКАЗИ во издание на издавачката куќа ТРИ”)

 
Прекарите што се даваат во малите градови се обични и секојдневни. Хаим Папок, Јекел Колач, Сара Бандорката, Гител Шатката и слично. Но во полскиот град во кој пристигнав во младоста како учител, слушнав за човек што го викале Бенјамин Фаталист. Вчасот станав љубопитен. Како во малиот град дошле до зборот ФАТАЛИСТ? И што направил тој човек за да го заслужи? Младиот ционист, секретар на организацијата, каде што подучував хебрејски, ми зборуваше за тоа.

Човекот за кој стануваше збор не беше роден таму. Потекнуваше некаде од Курланд. Во градот дошол во 1916 година и излепил огласи дека подучува германски. Тоа било во времето на австриската окупација и секој сакал да учи германски. Во Курланд се зборувало германски и тој Бенјамин Шварц – тоа беше неговото вистинско име, имал голем број ученици од двата пола. Токму додека зборуваше, секретарот покажа со прст кон прозорецот и извика, Ене го доаѓа.

Погледнав низ прозорецот и здогледав низок човек, црномурен, со волнена шапка, со кадрави мустаќи кои одамна беа излезени од мода. Носеше торба за списи. Кога Австријците си отидоа, продолжи секретарот, никој веќе не сакаше да учи германски, па полјаците на Бенјамин Шварц му дадоа работа во архивата. Кога на некој би му притребал извод од матичната книга на родените, доаѓаше кај него. Пишуваше со краснопис. Научи полски, а стана и еден вид самоук адвокат.

Секретарот рече. Овде пристигна како да паднал од небото. Во тоа време беше момче од дваесетина години. Младите немаа никаков клуб и кога во градот ќе дојдеше некој образован човек, тоа беше повод за вистинска прослава. Го повикаа во нашиот клуб и во негова чест беше приредено вечер со дискусија. Во една кутија беа прашањата што требаше да ги извлече и да одговара на нив. Некоја девојка го прашуваше дали верува во посебно привидение и место да и одговори со неколку зборови тој зборуваше цел час. Рече дека не верува во бога, дека сите работи се предодредени, секоја подробност. Ако некој за вечера јаде кромид, го јадел затоа што мора да го јаде. Тоа било предодредено пред милијарда години. Ако шетате по улица и се сопнете од камче било судено да паднете. Себеси се опишуваше како фаталист. Било судено да дојде во нашиот град иако тоа изгледаше случајно.

Зборуваше премногу долго, сепак потоа следуваше дискусија. Зар не постои нешто што се вика случајност?. Ако е така, праша друг, каква е смислата на работата и учењето? Зошто да се учи занает, да се одгледуваат деца? Па надокрај, зошто да се придонесува за ционизмот и зошто да се агитира за еврејската татковина.

Онака како што е напишано во книгите на судбината, така мора да се случи, одговори Бенјамин Шварц. Ако е судено некој да отвори дуќан и да банкротира, тој мора да го направи тоа. Сите напори што ги правеле лугето биле исто така судбина, зашто слободниот избор не е ништо друго туку илузија. Дискусијата траеше до доцна во ноќта и одтогаш го нарекоа ФАТАЛИСТ…

Претпоставувавме дека множеството по таа вечер ќе се измори од тие дискусии и ќе се врати кон вистинските проблеми на нашето време. И самиот Бенјамин рече дека тоа не е нешто што може да се реши со логика. Или се верува во тоа или не. Меѓутоа, сета наша младина некако стана опседната со тоа прашање. Ќе закажеа состаноци во врска со заемите за Палестина или за образованието, но место да се придржуваме кон тие теми, се дискутираше за фатализмот.

Во тоа време нашата библиотека доби примерок од Лермонтовиот ХЕРОЈ НА НАШЕТО ВРЕМЕ, преведен на јидиш, што го опишува фаталистот Печорин. Сите го прочитаа тој роман, а меѓу нас имаше и такви што сакаа да ја проверат својата среќа. Веќе знаевме за рускиот рулет и некои од нас би го испробале, да имавме револвер. Но никој го немаше.

А сега слушнете го ова. Меѓу нас имаше една девојка, Хејеле Минц, убава, остроумна, активна во нашето движење, ќерка на богаташ. Татко и го имаше најголемиот дуќан за текстил во градот, а сите момчиња лудуваа по неа. Но Хејеле беше пребирлива. Кај секого и пречеше нешто. Ако нешто и речете таа без двоумење ќе ви одврати со остра и резлива забелешка. Кога сакаше можеше некого да го исмее на вешт и полушеговит начин. Фаталистиот се вљуби во неа уште кога пристигна. Воопшто не беше срамежлив. Една вечер и пријде и и рече. Хејеле, судено е да се омажиш за мене и, бидејќи е така, зошто да се одлага неизбежното?

Тоа го рече гласно за да слушнат сите и тоа предизвика урнебес. Хејеле одговори. Судено е да ти кажам дека си идиот, а освен тоа си и безобразен и затоа и ти го кажувам тоа. Ќе мора да ми простиш, сето тоа е предодредено во небесните книги од пред илјада години.

Не долго време потоа, Хејеле се сврши со момче од Хрубјешов, претседател на тамошната организација на Поалецион. Венчавањето беше одложено за една година, зашто свршеникот имаше свршена постара сестра која мораше да се омажи прва. Момчињата го предизвикуваа фаталистот, а тој зборуваше. Ако Хејеле мора да биде моја, ќе биде моја, а Хејеле одговори. Јас ќе му бидам жена на Озер Рубинштајн, не твоја. Тоа е тоа што го сака судбината.

Една зимска вечер повторно се распламти дискусијата за судбината и се јави Хејеле. Господине Шварц, или господине ФАТАЛИСТ, ако навистина верувате во она што го велите и дека сте дури подготвен да играте руски рулет, ако имате револвер, имам за вас една игра што е уште поопасна.

Овде сакам да споменам дека железничката пруга во тоа време уште не минуваше низ нашиот град. Минуваше на оддалеченост од две милји, а таму возот не ни застануваше. Тоа беше возот од Варшава за Лвов. Хејеле му предложи на ФАТАЛИСТОТ неколку минути пред да помине возот да легне на шините. Таа образложи. Ако е судено да живееш ќе живееш и нема од што да се плашиш. Но ако не веруваш во фатализмот, тогаш….

Сите прснавме да се смееме. Сите бевме сигурни дека ФАТАЛИСТОТ ќе истапи со некој изговор за да се извлече од тоа. Да легнеш на шините значеше сигурна смрт. Но ФАТАЛИСТОТ рече. Ова како и рускиот рулет е игра, а играта бара бара и втор учесник кој исто така мора нешто да ризикува.

Тој продолжи. Ќе легнам на шините, како што предложи ти, но ти мора да дадеш свечено ветување дека, ако преживеам, ќе ја прекинеш свршувачката со Озер Рубинштајн и ќе се омажиш за мене.

Во салата завладеа мртва тишина. Хејеле пребледе и рече. Добро, ги прифаќам твоите услови.

Заколни ми се во тоа, рече ФАТАЛИСТОТ, а Хејеле му ја подаде раката и рече. Немам мајка, умре од колера, но се колнам во нејзината душа дека ако ти го одржиш своет ветување и јас ќе го одржам своето. Во спротивен случај честа нека ми биде извалкана засекогаш. Се сврте кон нас и продолжи. Сите вие сте сведоци. Ако го згазам дадениот збор, сите можете да ми плукнете во лице.

 
… Следниот ден сите станавме рано. Толку бев исплашен што за појадокот не можев да проголтам никаква храна. Целата таа работа не би се случила ако ја немавме читано книгата на ЛЕРМОНТОВ. Не баш сите. Имаше само шест момчиња и четири девојки, вклучувајќи ја и Хејеле Минц. Надвор беше многу студено. Фаталистот се сеќавам носеше лесна јакна и капа. Се состанавме на патот Замошќ, надвор од градот. Јас го прашав.
Шварц, како спиеше синоќа? А тој ми одговори. Како секоја друга ноќ. Не беше лесно да се погоди што чувствува , но Хејеле беше бледа како штотуку да преживеала тифус. И пријдов и и реков. Хејеле, знаеш ли дека праќаш еден човек во смрт?. А таа рече. Не го праќам јас. Има уште доста време да се предомисли.

Додека сум жив нема да го заборавам тој ден. Никој од нас нема да го заборави. Одевме, а снегот непрестајно врнеше. Дојдовме до шините. Мислев дека поради снегот постои можност возот да не дојде, но некој очигледно ги исчистил шините. Стигнавме цел час порано и верувајте ми тоа беше најдолгиот саат во мојот живот. Петнаесет минути пред да помине возот, Хејеле рече. Шварц одново размислував за сето тоа и не сакам поради мене да го загубиш животот. Направи ми услуга и да ја заборавиме целата оваа работа.

Фаталистот ја погледна и праша. Значи си се предомислила? Го сакаш по секоја цена тоа момче од Хрубјешов , а?.

Таа рече. Не момчето од Хрубјешов туку твојот живот. Слушам дека имаш мајка и не сакам поради мене да го загуби синот. Хејеле одвај ги изговори овие зборови. Зборуваше и трепереше. Фаталистот рече. Ако го одржиш своето ветување, јас сум готов да го одржам своето. Но под еден услов. Застани малку подалеку. Ако во последен момент ме натераш да се повлечам играта е завршена.

Тогаш тој извикан. Сите нека се тргнат дваесет чекори наназад! Изгледаше како да не хипнотизира со своите зборови и почнавме да се потргнуваме.Повторно викна. Ако некој се обиде да ме одвлече ќе го фатам за капутот и ќе ја дели мојата судбина.

Свативме колку опасно може да биде тоа. Често се случува кога човек ќе се обиде некого да спаси од давење, двајцата да ги повлече водата и да се удават.

Додека се повлекувавме наназад шините почнаа да се тресат и да ѕунат, а го слушавме и писокот на локомотивата. Почнавме сите во еден глас да викаме. Шварц, не прави го тоа!, Шварц смилувај се!

Но додека ние викавме , тој се спружи преку шините. Тогаш постоеше само еден пар шини. Една од девојките се онесвести. Бевме сигурни дека за секунда ќе видиме лице пресечено на половина. Не можам да ви опишам низ што се минав за тие неколку секунди. Од возбуда крвтта буквално ми зовре. Во тој миг се слушна гласно чкрипење и удар, и возот застана не повеќе од еден метар од ФАТАЛИСТОТ. Низ маглата ги видов машинистот и ложачот како скокаат од локомотивата. Викаа по него и го извлекоа. Многу патници слегоа од вагоните. Некои од нас избегаа за да не ги уапсат. Настана вистински метеж. Јас останав каде и што се најдов и посматрав се. Хејеле дотрча кај мене, ме обви со рацете и почна да плаче. Тоа беше повеќе од плачење, беше како завивање на животно.

Дајте ми цигара. Не можам да зборувам за тоа. Ме задушува. Простете…

Му дадов на секретарот една цигара и гледав како му се тресе меѓу прстите. Повлече дим и рече. Тоа е всушност целата приказна.

Дали се омажи за него?, прашав.

Имаат четири деца.

Претпоставувам дека машинистот успеал навреме да го сопре возот, забележав.

Да но тркалата беа само на еден метар од него.

Дали тоа Ве убеди во фатализмот?, прашав.

Не. Не би прифатил таков облог дури и кога би ми го понудиле целото богатство на овој свет.

Дали тој е сеуште фаталист?

Да.

Дали би го направил тоа пак?, прашав.

Секретарот се насмевна. Не би го направил за Хејеле.

Тагови: , , , , , , .

Posted in литература | No Comments »

ЕКОЛОШКО ХРАНЕЊЕ – Бојан Биолчев

Posted by mecetousko on 24th март 2008

- да не беа коментарите на Бочваров за неговите фрижидерски ќуфтиња со N-ти % на лук, веројатно немаше да ми текне да го шлапнам краткиов расказ, од Бојан Биолчев, на НЕТ повторно. Оди вака –


… Секогаш изгледа сомнително кога човек ќе реши да се храни поздраво, различно од начинот по којшто јадел неговиот татко.

И бидејќи само писмената култура историја на човештвото е стара пет илјади години, можете да си претставите за колку татковци наназад станува збор.

Но, од друга страна, ниту во длабоката древност, ниту во средновековието можеле да претпоставуваат какви се глупости ќе доживеат нивните потомци. Така, починатите татковци не би требало да се лутат на пра на енти степен внукот, којшто решил дека му е време да се храни еколошки.

Би го додал уште и тоа дека, во конкретниот случај не станува збор дури ни за јадење, туку за прикаска крај маса, при којашто луѓето полнејќи ги стомаците со тоа што можат да си го дозволат, го изливаат од главите она што се насобрало во нив помеѓу две јадења, а тоа воопштоне е малку затоа што весниците се уште се поевтини од саламата.

Но, на таа тема се случи еден постар маж, Добруџанец, којшто одамна го заборавил патот по којшто стигнал во Софија. Тој плашливо зеде збор, затоа што очигледно за сите овие години не беше успеал да најде место во изобилната приказна на мудрите нови поколенија.

“Ќе ви кажам кое е вистинското еколошко хранење!, започна тој и за среќа никој не го прекина.”

“Во нашето село постапуваме така. Тогаш зимите беа студени и снежни и не се излегуваше често од дома.”

Затоа, со првиот снег, мажите се собираат во куќата на првиот од нас. Прв од исток на запад, според движењето на сонцето, кога не е облачно. Остануваме внатре додека не ја испразниме бочвата. Жените за цело тоа време беа некаде, но имааа само едно задолжение. Навреме да подаваат храна низ едно мало прозорче. Кога ќе го испиевме виното на човекот, се преместувавме во друга куќа. Селото беше доволно големо за да стигнат бочвите до крајот на зимата и доволно малечко за да не продолжиме така и за време на пролетта. Мојата куќа беше последна. Но, пак, мојата бочва беше најголема и затоа, кога ќе стигневме до неа,  не изгледаше многу страшно.

Надвор студ. Пука камен. Ама само каменот, затоа што дрвата предвидливо се исцепани и наредени во собите каде што ќумбето и образите на мажите секогаш се вжештени до црвено.

И во тој момент во една од тие зими надвор слушнавме како испишти жена ми. А, ние во нашите приказни по којзнае кој пат бевме спомнале некој волк, затоа што сите бевме ловџии кој законски кој со незаконско чифте, а во Добруџа постојано чекаат волци од Романија, како Романија да е некој резерват специјално создаден за нас.

Штом жена ми пишти надвор, значи надвор може да има нешто. Излегов јас и всушност излезе дека биволицата ни се подлизнала, ногата и се фатила меѓу гредите на оградата и при паѓањето ја скршила. Жена ми пишти, уште малку ќе почне да вие. Влегов во куќата, ја зедов пушката, се наметнав и излегов. Биволицата со скршена нога не се оставаше жива дури и во предеколошкото време. И удрив еден куршум зад увото, да не се мачи добичето, и ја пресеков со нож артеријата на вратот за да истече крвта и тргнав назад во куќата.

Тоа сигурно не Ви звучи убаво сега, а тогаш жена ми не можеше да го поднесе. Изнакажа еден куп лути клетви и замина некаде. Во почетокот не обрнав толку внимание, но откако мина некое време, видовме дека никој не ни подава храна низ прозорчето. А, не можевме да прекинеме на половина бочва. За тоа не можеше да стане збор.

Излегов надвор. Биволицата се беше веќе здрвила. Ја зедов секирата и делнав едно парче од бутот. Тавата излезе точно толку голема колку што е темето на самото ќумбе. Месото се пржи, вино се точи, приказни се леат. Во непрекинат циклус.

Ете тоа ти е еколошко хранење. Ладилникот – надвор.

Ниту фреони, ниту ѓавол – работи еколошки, чисто. Виното – без грам шеќер. А од тутунот под таванот се тегне еден пласт, синкав и густ. Тогашните тутуни се лепеа како тапет по таваните. Така што дури и озонскиот пласт над нас да се истенчеше од фрижидерите на Западот, ултравиолетовите зраци не можеа да поминат низ тој плат, во никој, ама во никој случај. А жена ми од тој ден понатаму престана да пишти затоа што разбра дека понекогаш пукам без предупредување.

Стариот маж, Добруџанецот, заврши со својот расказ во гробна тишина.

Зошто повеќе историчари сметаат дека во својата историја човештвото се развива и напредува, ќе си остане нивна еколошки чиста тајна.

Тагови: , , , , , ,

 

Posted in литература | No Comments »

ПИЖАМА – Давид Албахари

Posted by mecetousko on 24th март 2008

- ретро литература, ретро расказ -

… Годините си го направија своето – се почесто се будам ноќе и тогаш, ненаспан, одам во бањата, седам на работ од кадата и се џарам во својот одраз во огледалото. Порано лунѕав низ куќи одев од соба во соба, го палев и гаснев телевизорот, го отворав фрижидерот и јадев, ама откако другарите на син ми почнаа да остануваат преку ноќ, се осудив себеси на престој во бањата. Проќелавев, со стомак и нозе проширени од вени, не можев да ја поднесам средбата со младите мускулести тела, со исончаните лица врамени во густа коса и со блескавите заби кои светеа во полутемниот ходник во кој се разминувавме. Момчињата беа внимателни кога ќе видеа дека гори светло во бањата, одеа во другиот тоалет, покрај кујната, препуштајќи ме на мојата несоница и обидите да пронајдам лек во домашната аптека.

Меѓутоа сношти додека расчекорен стоев над клозетската школка и го празнев бабулето, вратата на бањата се отвори и на неа се појави девојка која никогаш порано ја немав видено. Костат и беше бушава, шминката малку замачкана, а на себе имаше огромна бела маица која и досегаше до колената и под која насетував, нема ништо друго. Очите и беа полузатворени кога стапна во бањата, како се уште да се наоѓаше во полусон или што бев поподготвен да го прифатам, под влијание на доцна испушен џоинт, така што дури по вториот чекор свати дека во бањата се наоѓа уште некој. Застана очите и се раширија, а десната рака полета погоре во обид да ја доведе косата во ред.

За тоа време немоќен да сменам нешто, јас продолжив гласно да мочам. Чувствувајќи како образите ми горат. Најпосле девојката се разбуди, што јасно се гледаше на нејзиното лице и погледот и се спушти на мојата машкост. Се погледнав и јас на тоа место, потоа внимателно го истресов органот и го воврев во долниот дел на пижамата. Пижамата беше стара, искината помеѓу нозете и под мишките, ама се надевав дека нема да го забележи.

Жими се, рече девојката, убава алатка.

Не бев сигурен на што мисли. Која алатка? Ја прашав. Каде?

Таа, рече девојката и мавна кон мојот стомак, која ја чуваат Клапчо и Мики Маус.

Имено, мојата пижама беше украсена со ликови од Дизниевите цртани филмови. Ја добив пред неколку години од жена ми – отпатува во америка како Фулбрајтов стипендист, се врати со пижама и потоа повторно замина таму. Рече дека ќе оди на усовршување, макар што никогаш не кажа што ќе усовршува. Се јавуваше во неопределиви временски растојанија за да праша како е Дејан, нашиот син и дали нејзината златна рипка се уште е жива. Никогаш не праша како сум јас, како што никогаш прецизно не одговараше на моето прашање кога се враќа. Се уште не е вистинскиот миг, ќе речеше или само ќе се насмееше и потоа тивко ќе ја спуштеше слушалката.

Во меѓувреме девојката сосема ми се приближи и морав да се повлечам. Еј, ми рече, не гризам, не треба да се грижиш, само сакав да го направам истото што и ти. Претпоставувам дека не чуваш цела ноќ почесна стража покрај клозетската школка?

Се поттргнав за да ја пропуштам, ама бањата наеднаш се смали, стана тесна и нејзиниот лакот го допре мојот стомак. Девојката ја крена маицата и седна врз школката. Бев во право – немаше ништо под маицата.

Јас сум Ведрана, рече девојката, додека шурка нејзината моч и клокотеше во водата.

Јас сум таткото на Дејан, одговорив.

Тогаш можам да заклучам дека Дејан е момчето што спие во соседната соба, така ли е?

Да реков, Дејан е мојот син.

Привлечно момче, возврати девојката. Веднаш ми кажа дека живее со татко му. Искина два листа тоалетна хартија и се избриша меѓу нозете. А што се има случено со мајка му? Да не е умрена? Ја фрли хартијата во школката и се исправи. Го почеша папакот пред да ја спушти маицата и во тој краток миг видов дека сите влакна на тоа место и се избричени.

Не е умрена реков, само живее далеку од нас.

Во Австралија, праша девојката, или на Нов Зеланд?

Во Америка е, одговорив.

Америка не е далеку, особено ако е во Њујорк, рече девојката.

Не знам каде е, почувствував како гласот ми се крши.

И девојката го почувствува тоа. Ми пријде малку поблиску, ја пружи раката и го допре Клапчо, кој се наоѓаше точно преку моето срце. Пижамава ја имаш добиено од неа зарем не? Го пордна прстот малку десно и запре на мојата лева боска, каде што се наоѓаше Мики Маус. Благо го заокружи и јас почувствував како машкоста ми расте. Зарем не мислиш дека си преголем за Мики Маус и за Клапчо?

Ја фатив за зглобот и ја тргнав нејзината рака од себе. Има такви, кои никогаш не пораснуваат, и реков.

Тогаш на вратата на бањата се отвори на неа се појави Дејан. И тој беше во огромна бела маица, со закрвавени очи и испулани усни. Што се случува овде?, праша. Зарем во куќава повеќе не може да се спие? Погледна во мене, па во девојката, а потоа погледот му застана на мојата набрекната машкост поради која Клапчо и Мики Маус наликуваа на одрази во криво огледало. Еве до каде стасал светот, рече, татко му ја презема девојката на синот. Зарем тоа има смисла? А ти, погледна во девојката, како, всушност, се викаше?

Јас сум ведрана, рече девојката.

Не е виновна таа, се замешав. Бев во бањата кога влезе и малку поразговаравме. Ништо се нема случено, завршив избегнувајќи го Дејановиот поглед.

Никому кој носи таква пижама не може ништо да му се случи, рече СДејан и ме измерка од глава до петици. Недостасува Пајо Паторот, заклучи. Дали забележа дека го нема Пајо Паторот?, и се обрати на девојката.

Ако нешто недостасува, тогаш тоа е Пата, рече девојката.

Ја погледнав и таа ми намигна.

Баш сте се здружиле, рече Дејан. Можеби е најдобро да си одам?

Ти остани, јас ќе си одам, рече девојката и ме помилува по образот. Чувај ја алатката, Пата ќе се врати еден ден.

Мојата соба е десно, рече Дејан по неа, немој да свртиш во погрешна насока. Извини, ми се обрати мене, морам да се измочам!

Во ред е тоа овдека сите го прават одговорив.
Додека минуваше покрај мене со лактот ме допре по стомахот, на истото место како и девојката. За разлика од неа, не сакав да гледам како моча, туку застанав косо покрај клозетската школка. Мочаше долго и гласно, а судејќи по се, на себе немаше ништо под белата маица. Кога заврши, се погледна во огледалото, се насмевна и си ги оближа усните.

Да го ебам!, рече кога погледите ни се сретнаа. Да е некоја друга женска во прашање, ќе ти ја пратев во кревет, ама оваа е опасна змија и со неа се уште не сум завршил. Како рече дека се вика?

Ведрана, реков.

Ведрана, повтори. Убаво име.

Молчев.

Дејан ми упати претпазлив поглед. Не ти се допаѓа или нешто се лутиш на мене?, праша.

Зошто би се лутел на тебе?

Слегна со рамениците. Не знам, рече, зарем татковците и синовите не би требало постојано да се караат?

Ние никогаш не се караме, му реков.

Можеби во тоа е грешката, продолжи дејан, можеби би требало да бидеме поостри еден спрема друг. Се доближи и одново ме измерка од глава до петици. Во право е, ја нема Пата.

И што сега, треба ли да ја фрлам пижамава?

Ја носиш веќе осум години, рече. Можеби е време да ја фрлиш во ѓубре!

Обајцата молкнавме. Не знам за што размислуваше Дејан, ама јас ја замислив својата пижама во контејнерот и потоа ги видов ѓубреџиите како ја креват и ја растегнуваат и како еден од нив го провлекува средниот прст низ цепаницата меѓу нозете. Јасно видов како прстот се ниша напред – назад како глиста, додека останатите ѓубреџии се смејат.

Па тогаш рече Дејан, одам јас.

Јас ќе останам уште мслку реков.

Дејан ја крена десната дланка во знак на поздрав, се насмеа и излезе. Речиси истиот миг се врати. Заборавив да ти кажам, рече, сношти се јави мама.

Што рече?

Ништо.

Не може да не кажала ништо.

Дејан се замисли. Не, рече, не кажа ништо.

Ништо е ништо, не вредеше и понатаму да инсистирам. Дејан замина, јас седнав на старото место на кадата и се загледав во својот лик во огледалото. Тогаш станав, ја соблеков пижамата и ја фрлив во кантата за отпадоци. Не знаев дали се чувствувам подобро, единствено бевсигурен дека не ми е постудено. Од Дејановата соба допираше гласна смеа, а после, кога веќе бев воп својата соба, се слушна како неговиот кревет чкрипи во изедначениот ритам на спојувањето. Би требало нешто да облечам, помислив, ама не можев да се сетам на ниедно парче облека. Ја зафрли главата наназад, ги стиснав рацете во тупаници и препуштајќи му се на студот кој ми се искачуваше по нозете, стоев и чекав во куќата да настапи тишина.

Тагови: , , ,

Posted in литература | No Comments »

КАКО СИ ГО ИЗЕДОВ ЧЕВЕЛОТ – РОМЕН ГАРИ

Posted by mecetousko on 21st март 2008

- РЕТРО ЛИТЕРАТУРА - 

РОМЕН ГАРИ роден на 8 мај 1914 година во Вилнус, Литванија, е познат француски новелист, филмски режисер и сценарист, пилот во втората Светска војна и дипломат.

Расте во Вилнус и покасно во Варшава, Полска во еврејска фамилија. Покасно заминува во Франција и своето вистинско име Ромен Качев го менува во Ромен Гари, кога бега од Франција во Англија каде заедно со англичаните се бори против Германската окупација на Франција и цела Европа. Детството и младоста ги минува со својата мајка откако татко му ги напушта. Во своите новели, романи и есеи, дава различна верзија за мотивот на неговиот татко да го стори тоа, за неговата професија и воопшто за своето детство. Покасно студира право, а подоцна учи да пилотира и од Англија под вотство на Де Гол се бори од страна на сојузниците во Северна Африка и Европа како воен пилот. Имал вкупно 25 успешни офанзивни летови и вкупно околу 65 часа воздушни воени дејства. Добива многу ордени и признанија а по војната 1945 година работи како дипломат и ја објавува својата прва книга. Набрзо станува еден од најпопуларните писатели во тоа време кога публикува преку триесет есеи, новели и мемоари, кој тогаш биле напишани воглавном под псевдонимот Емил Ажар. Пишува и под псевдонимите Фоско Синибалди и Шатан Богат.

Тој е единствен писател кој успева двапати да ја добие престижната француска награда за литература ПРИКС ГОНКОУРТ.

Но токму неговото пишување под различни псевдоними ја збунува комисијата и не намерно му е доделена наградата по втор пат.

Си го одзема животот на 2 декември1980 година непосредно по смртта на неговата втора сопруга која била актерка и која исто така си го одзела животот. Во пораката која ја оставил Ромен Гари по прострелувањето на куршум во својата глава било дека неговото самоубиство нема врска со самоубиството на жена му и дека се води од други побуди, но не навел кои се тие.

Во продолжение краток расказ од Ромен Гари.

 

КАКО СИ ГО ИЗЕДОВ ЧЕВЕЛОТ

Пустината Аризона ги простираше пред мене своите трњаци и камењари, болникавата растителност и својата исушена почва. Тој пејсаж соодвествува на мојата возраст, на мојата душевна состојба, на моето расположение. Поточно, под влијание на таа бесплодна сува слика ми се случи неразумност и и раскажав на жена ми едно доживување од моето далечно минато. Всушност под силата на некаква заштитна реакција попуштив пред носталгијата, а можеби и пред некаков протест спроти белезите на возраста врз слепоочниците и срцето.

Накратко почнав да и ја раскажувам на жена ми приказната за својата прва љубов.

Можам да кажам не фалејќи се дека уште на деветгодишна возраст фатив место меѓу најголемите љубовници на сите времиња, извршувајќи за својата љубена, која имаше само осум години, подвиг во кој, колку што знам, никој никогаш не успеал да ме достигне. За да и ја докажам својата љубов, за неа ИЗЕДОВ ЕДЕН ГУМЕН ЧЕВЕЛ.

И не ми беше првпат да јадам нешто за неа.

Осум денови пред тоа изголтав цела сина серија поштенски марки од Баварија, кои ги украдов од дедо ми специјално за таа цел, а петнаесет денови порано, веднаш по првата наша средба, изедов за неа дванаесет земни црви и шест пеперутки.

Овде треба да отворам загради.

Знам дека кога се работи за љубовни подвизи, мажите се многу склони кон самофалба. Кога ги слуша човек, нивните подвизи немаат граница и тие обично не кријат никакви подробности. Затоа не барам од никого да ми верува кога тврдам дека заради својата љубена бев изел исто така и едно јапонско ветрило, пет метри јапонски конци, половина килограм костилки од цреша – таа ги јадеше црешите и ми ги даваше костилките, и три ретки риби што ги уловивме во аквариумот на нејзиниот учител по музика.

Мојата пријателка беше на осум години но имаше големи барања. Таа трчаше пред мене по алеите во паркот, ми посочуваше со прст ту купче лисја, ту малку чакал или фрлен весник и јас покорно исполнував. Се сеќавам дека по едно време започна да бере маргаритки и јас со ужас гледав како букетот расте во нејзините раце, но ги изедов и маргаритките под нејзиниот внимателен поглед, во кој залудно барав да откријам искричка восхит. Значи без да ја изрази својата благодарност, таа се затрча подрипнувајќи и по малку се врати со половина дузина полжави и ми ги подаде со решителен гест. Потоа отидовме да се скриеме во грмушките, за да не не видат гувернантките и јас требаше да се потчинам. Ги изедов корупките и се друго под нејзиниот внимателен поглед. Немаше место за забошотување.

Во тоа време на децата не им се кажуваше ништо за тајната на половите и јас бев убеден дека тие нешта така се случуваат. Дури ни денес не сум сигурен дека сум се лажел. Се погрижив колку што можев. Мислам дека таа прекрасна Месалина еднаш за секогаш го беше извршила моето воспитување во сентиментална смисла.

Најтажно беше што не успеав да и направам впечаток. Одвај завршив со маргаритките и полжавите, а таа ми кажа замечтаено.

“Жан Пјер изеде педесет муви заради мене и запре само затоа што мама не викна на појадок.”

Истрпнав. Чувствував дека можам да изедам педесет муви за неа, но тоа што не можев да го поднесам беше мислата дека, само што ќе и свртев грб, таа ме мамеше со мојот најдобар пријстел. Но и тоа го проголтав. Почнав да се навикнувам.

“Може ли да те бакнам?”

“Да, но немој да ми го влажиш образот, не сакам така.”

Ја бакнав грижејќи се да не и го влажам образот. Коленичевме зад грмушките и јас ја бакнував уште и уште.

“Колку станаа?”

“Осумдесет и седум. Може ли да направам илјада?”

“Да, но побрзај. Колку е илјада?”

“Не знам. Може ли да ти го бакнам рамото?”

“Да.”

Ја бакнував и по рамото, но и тоа не беше се. Чувствував дека има и нешто друго што не го знам. Нешто многу посуштествено. Срцето ми биеше силно и јас ја бакнував по носот, по косата, но нешто се повеќе и повеќе ми недостигаше. Чувствував дека не е доволно, дека треба да отидам подалеку и на крајот, избезумен од љубов, седнав на тревата и си го собув едниот гумен чевел.

“Ако сакаш ќе го изедам заради тебе.”

Таа се наведна и клекна на петите. Ми се стори дека во очите и видов сјај и почит. Повеќе и не сакав. Си го извадив ножето и започнав да си го јадам чевелот. Таа ме гледаше.

“Суров ли ќе го изедеш?”

“Да.”

Голтнав едно парче, потем уште едно. Под нејзиниот поглед, исполнет со восхит, се почувствував најпосле маж. Го забодев ножето подлабоко во чевелот и земајќи здив меѓу залаците, продолжив уште извесно време, додека не го слушнав зад себе викот на гувернантката, која ми го истргна гумениот чевел од рацете. Ноќта ми стана многу лошо. Ми го промија стомахот и размерот на мојата љубов се откри пред родителите парче по парче.

Тоа беше споменот што и го раскажав на жена ми, седнат на терасата на мојот дом во Аризона, пред тој безводен пустински пејсаж, небаре со наближувањето на шеесетите години бев почувствувал потреба да си приспомнам за свежината на една одамна мината младост. Жена ми го ислуша расказот молчеливо, но ми се стори дека забележав некаква чудна замечтаеност на нејзиното лице. Од тој ден нејзиниот однос кон мене неочекувано се промени, речиси не ми збореше. Навистина постапив нетактично што и раскажав за минати љубови доживелици, но во квечерината на животот, по триесет години брак, сметав дека имам право на извесна искреност.

Кога и го среќавав погледот, читав во него укор и дури страдеж, а понекогаш видував дури солзи во очите. По неколку денови нерасположение, таа легна болна. Не дозволи да повикаме лекар и непрестано ме следеше со поглед исполнет со огорченост. Кога влегував во нејзината соба, ја наоѓав свиткана околу греалката и со нов измачен поглед ми вртеше грб и видував само една наежена топка од сива коса врз перницата. Во тоа време двете наши ќерки беа веќе мажени и ние живеевме сами во куќата. Сновев од соба во соба како призрак. И телефонирав на големата ќерка да се обиде да разбере во што ми замеруваат, зашто обично жена ми и ќерка ми секој ден си зборуваат по цел час на телефон и сето време ме критикуваат за нешто. Но овој пат ќерка ми не знаеше ништо. Единствено што жена ми и го кажала беше привидно незначителна фраза.

“Твојот татко никогаш вистински не ме сакал.”

Слегнав на терасата се раскомотив на една фотеља и започнав да размислувам. Го гледав пејсажот од кактуси, бесплодната почва и угасените вулкани и, бавно, сериозно си ја анализирав душата. Потем воздивнав. Станав, отидов во гаражата, ја зедов колата. Се упатив кон Скотздал и влегов во продавницата на Џон и С – ие.

“Би сакал”, реков, “еден пар гумени чевли. Нешто лесно, за деветгодишно дете.”

Го зедов пакетот и се вратив дома. Отидов во кујната и ги ставив чевлите да вријат половина часот на огнот. Потоа ги ставив во една чинија и со решителен чекор влегов во собата на жена ми. Таа ме погледна со тага, во која меѓутоа прозрев некаков пламен на интересирање. Се подисправив на леглото. Очите буквално и блеснаа од надеж. Понесено го извадив од џебот старото ноже и седнав крај нејзините нозе. Потоа го зедов едниот чевел и почнав. Голтнав едно парче. Фрлив патетичен поглед кон жена ми, на крајот од краиштата стомакот не ми беше како некогаш, но видов во нејзиниот поглед само израз на длабоко задоволство. Замижав и продолжив да го јадам чевелот со мрачна решителност, одбивајќи да се предадам пред годините, белата коса и пред несреќата да си човек кој старее. Со затворени очи си реков дека нема никаква основа да се потчинам на ерозијата, на увенувањето на срцето и на есента. Голтнав уште едно парче. Не осетив како жена ми ми го грабна ножето од рацете. Но, кога ги отворив очите, видов дека таа го беше зела другиот чевел и веќе го џвакаше вториот залак. Ми се насмевнуваше низ солзи. Ја фатив за раката и долго останавме така во полумракот. Ги гледавме детските чевли и чинијата пред нас

Тагови: , , .

Posted in литература | No Comments »

РАЃАЊЕ НА ГЕНИЈОТ – Андре Мороа

Posted by mecetousko on 21st март 2008

- РЕТРО ЛИТЕРАТУРА –  

Андре Мороа еден од големите француски писатели великани на француската книжевност го користи ова име како псевдоним или прекар за делата кои ги пишува. Неговото вистинско име Емил Херцог никојпат не било ниту пак е познато во светот на литературата.

Роден е 26 Лули 1885 година умира после долга кариера на 9 октомври 1967 година.

Образованието го стекнал во Руен и Нормандија.

Учествува во Првата светска војна првин во француската армија а по брзиот пораз на французите пребегнува во Британија каде до крајотна војната е офицер за врски. Иако пишува на француски неговите дела отпрвин голем успех доживуваат во Англија не поради друго туку затоа што знае и е голем махер да одредени личности, историски или какви и да се од различни временски периоди ги префрли во реални настани кои се одвиваат во моментот. Многу англиски политички, историски или книжевни личности ги преставувал токму како такви реални фигури.

Станува член на француската академија во 1938 година а за време на втората војна и покрај тоа што е веќе пеесет годишен маж активно учествува во борбите против нацистичка германија и како француски и како британски војник.

Во долгата кариера пишува, новели, романи, раскази, биографии, мемоари па дури и раскази за деца. Еден расен писател кој е погребан во алејата на великаните во Парис.

Во продолжение краток расказ од Андре Мороа – Раѓање на Генијот

РАЃАЊЕ НА ГЕНИЈОТ

Сликарот Пјер Душ довршуваше една мртва природа – цвеќиња во аптекарски стаклен сад и патлиџани во чинија – кога писателот Пол – Емил Глез влезе во неговото атеље. Глез ја погледа неколку минути работата на својот пријател и отсече.

“НЕ”

Изненаден сликарот ја подигна главата и престана да се вѕира во еден од патлиџаните.

“Не!”, повтори Глез. “Не и не. Така нема да биде ниѓто. Имаш замав, имаш дарба, чесен си. Но делата ти се обични, човеку. Не блескаат со ништо, не обземаат. Во сала со пет илјади платна, твоите немаат со што да го привлечат вниманието на задреманиот посетител… Не, Пјер Душ, ти нема да успееш. Жално.”

“Зошто?”, воздивна чесниот Душ. Го сликам она што го гледам, се обидувам да го изразамона што го чувствувам.

“Точно, во тоа е проблемот, кутар мој пријателу. Ти имаш жена, човеку, жена и три деца. На секого од нив секојдневно му требаат три илјади калории. Слики има повеќе одошто купувачи, глупаци повеќе одошто познавачи. Е кажи ми Пјер Душ, како тогаш мислиш да испливаш над толпата непознати и неуспешни?”

“Со труд”, одговори Пјер Душ. “Со искреност”.

“Не занесувај се Пјер Душ, единствено нешто со кое можеш да ги разбудиш глупаците е да создадеш импозантни нешта. Соопшти дека ќе сликаш на северниот пол. Шетај облечен како египетски фараон. Создади школа. Направи турлитава од научни зборови, селекција, динамизам, потсвест, ликовност, прикажувај големи работи. Негирај го движењето или мирот, белото или црното, кругот или квадратот. Измисли неохомеровско сликарство само во црвено и жолто, цилиндрично сликарство, осумѕидно сликарство, сликарство во четири димензии…”

Во тој миг чуден и сладок парфем го најави пристигањето на госпоѓа Козневска. Таа беше убава Полјачка и Пјер Душ и се восхитуваше на очите со боја на темјанушка. Госпоѓа Козневска добиваше разни скапи списанија кои штедро предлагаа репродукции и ремек дела дури и од тригодишни деца, но во нив никогаш не можеше да се сретне името на чесниот Душ, поради што таа ги презираше неговите произведенија. Дамата се истегна на диванот, се загледа во започнатото платно, си ги стресе русите коси и се насмевна малку здодевно.

“Вчера бев”, рече таа со свој ритмичен мелодичен акцент, “на една изложба на црнечка уметност, навистина содржајна. Ах, каква чувствителност, каква рељефност, каква сила!”

Сликарот донесе да и покаже еден портрет од кој беше многу задоволен.

“Убаво”, изви усни дамата.

Потем, разочарана, одмерена, складна, миомирисна, таа си отиде.

Пјер Душ ја фрли палетата во еден ќош и се спушти врз диванот.

“Подобро”, рече тој, “да станам агент во осигурително друштво, банкарски чиновник, полициски комесар. Ликовната уметност е најжалната професија!”. Успехот создаден од зјапачи е само за бојаџии. Место да ги уживаат мајсториите, критичарите ги потикнуваат дивјаците. Ми дојде до гуша се откажувам!

Пол Емил го ислуиша запали цигара и длабоко се замисли.

“Чувствуваш ли во себе сила”, го запраша тој најпосле, да изјавиш убедливо пред Козневска и пред неколцина други дека веќе десет години подготвуваш преродба на сопствената уметност?

“Јас…?”

“Слушај… Ќе ги известам капацитетите како неа со две добро стокмени статии дека создаваш идеоналитична школа. Досега портретистите во својата невиност, го изучуваа човечкото лице. Глупост! Не и не. Човекот, тоа се мислите што тој ги буди во нас! Така и што портретот на еден полковник, преставува сиво златен фон пресечен со пет огромни галони коњ во едниот агол, крстови за храброст во другиот. Портретот на еден индустријалец, фабрички оџаци и стегната тупаница врз масата. Разбираш ли Пјер Душ што ќе му дадеш на светот и можеш ли да насликаш за еден месец дваесет идеоналитични портрети!!!”

Сликарот се насмевна горчливо.

“За еден час”, рече тој. “Тажно е Глез, што не сум поинаков човек, можеби ќе успеев.”

“Да се обидеме барем.”

“Ми недостига дрскост.”

“Слушај пријателе, ако ти побараат објасненија, помолчи, приПАЛИ СИ ГО ЛУЛЕТО, ИСПУВКАЈ ОБЛАК ЧАД во лицето на соговорникот и кажувај ги само овие прости зборови. СТЕ ГЛЕДАЛЕ ЛИ НЕКОГАШ КАКО ТЕЧЕ РЕКА?”

“И што значи тоа?”

“Ништо”, отсече Глез. “Имено затоа ќе сметаат дека немаш рамен на себе, а кога ќе те откријат, објаснат, префалат, ќе им ја раскажеме целата вистина и ќе се посмееме на нивната збунетост.”

Два месеца подоцна, свеченото отворање на изложбата завршуваше триумфално. Мелодична, складна, миомирисна, личната госпоѓа Козневска не се одделуваше од својот нов јунак.

“Ах,” повторуваше таа, “каква чувствителност, релјефност, сила! Кажете скап пријателе, како ги постигнавте тие восхитувачки синтези?”

Сликарот молчеше, си го запали лулето, пушти облак чад и рече.

“Сте гледале ли некогаш, госпоѓо, како тече река?”

Трепетните усни на личната Полјачка ветуваа складни, мелодични наслади.

Во палто со јака од зајачка кожа, младиот и блескав Струнски ја опсудуваше изложбата среде некаква група.

“Каква сила!”, зборуваше тој. “Каква сила! Кажете Душ, каква е тајната на вдахновението! Од каде ве озари? Од моите статии ли?”

Пјер Душ молчеше длабокомислено, му пуфна свечен облак чад во лицето и запраша.

“Сте гледале ли некогаш, мил мој, како тече река?”

“Восхитувачки!”, одобри Струнски. “Восхитувачки!”

Во тој миг познат трговец со слики, откако го беше обиколил атељето, го повлече сликарот во еден агол.

“Пријателе Душ”, рече тој, “Вие сте итроман! Можеме да направиме чудесен удар со тоа. Сочувајте ми ги сите слики. Не менувајте ја својата сила дури јас не ви кажам. Купувам по педесет платна годишно. Прифаќате ли?”

Душ продолжи да пуши загадочно и молчеливо.

По малку атељето опусте. Пол – Емил Глез ја затвори вратата по последниот посетител. По скалите отшумуваше восхитувачки шепот. Останат сам со сликарот, писателот задоволно си ги пикна рацете во џебовите.

“Е, пријателе”, рече тој, “разбра ли сега како ги смотавме? Ја слушна ли онаа дребулија со зајачката јака? А личната Полјачка? И трите прелестни момички, кои повторуваа. НЕВИДЕНО! НЕВИДЕНО! Еј, Пјер Душ знаев дека човечката глупост е бескрајна, но оваа ги надмина сите мои очекувања.”

И тој се заниша од несоздржано кикотење. Сликарот сви веѓи, додека Глез се давеше од смев и рече грубо.

“Глупак!”

“Глупак!”, извика налутено писателот, кога само ќе си помислам дека по Бискиу никој не бил таква марка…

Сликарот ги погледна со гордост дваесетте аналитични портрети и изјави со тврдост, произлезена од убедување.

“Да Глез, ти си глупак. Има нешто во таа уметност…”

Писателот го погледна смаено својот пријател.

“Тоа ме уби!”, рикна тој. “Душ сети се! Кој ти го внуши тој нов начин?”

Тогаш Пјер Душ постоја за миг молчеливо и откако повлече од лулето праша.

“СИ ГЛЕДАЛ ЛИ НЕКОГАШ КАКО ТЕЧЕ РЕКА?”

 

Тагови: , , .

Posted in литература | No Comments »

ГОЛЕМИНАТА НА МАЛИОТ ЕКРАН – Ефраим Кишон

Posted by mecetousko on 21st март 2008

- РЕТРО ЛИТЕРАТУРА –  

Ефраим Кишон, роден во средна класа на еврејска фамилија во Будимпешта, Унгарија. Вистинското име му е Ференц Хофман. Студирал вајарство и сликарство за потоа да почне да издава хумористични есеи и да пишува за хумористични театарски престави. За време на Втората светска војна нацистите го затвараат во неколку концентрациони логори, каде неговиот шаховски талент многупати го има спасено. Во еден камп не е транспортиран во полските смртоносни логори само и само затоа што командантот на логорот барал достоен шаховски противник. По 1945 година го менува своето презиме од Хофман во Кишот за да го прикрие своето еврејско потекло и да се врати во Унгарија, каде ќе може да студира и да објавуива хумористични есеи. Емигрира во Израел 1949 година, бегајќи од комунистичкиот режим и имиграциониот офицер го заведува под името Ефреим Кишон.

Многу брзо магистрира Хебрејски јазик и започнува со своите сатирични колумни во многу весници во Израел. Набрзо станува еден од најпопуларните колумнисти во земјата.

Од вториот брак има три деца, во 1981 година се преселува да живее во Швајцарија, како протест поради се поглемата дискриминација на евреите дојдени во Израел од надвор за разлика од Евреите родени во Израел. Тврд конзервативец, чист ционист ја одобрува интервенцијата на Американците 2003 во Ирак. Следната година ја добива највисоката награда за животно дело во Израел, а умира во 80 година од животот од срцев удар во Швајцарија 2005 – тата. Погребан е во алејата на великаните во Тел Авив.

Краток расказ извадок од збирката раскази “My family right or wrong” 1977 година, наслов “Големината на малиот екран”.

ГОЛЕМИНАТА НА МАЛИОТ ЕКРАН

Пред големата промена живеев во апсолутна анонимност. Многу ретко ќе ме погодеше среќа да доживеам јавно признание. Така на пример мојата “Хебрејска енциклопедија” (2 тома) најде посебно место во рубриката “Нови книги”, во некое списание за жени. “Е.Киш. Хебр. Енц. Том 24”. Еднаш за време на мојот годишен одмор успеав да се искачам на врвот КИЛИМАНЏАРО, и дописникот на агенцијата Ројтер да не беше по некоја случајност болен и да не добиеше грип, сигурно тогаш ќе ме споменеа на радијо. Неколку години покасно, кога ја компонирав Бетовеновата Х симфонија, добив во еден магазин, кој излегува на Јидиш, сосема пристојна критика која излегува во рубриката “Направи сам”. Памтам уште еден светол момент во мојот живот. Кога открив лек против рак, ме прими министерот за здравство и се задржа со мене на разговор од цели седум минути, се додека не пристигна некоја Уругвајска делегација. Има ли уште нешто? Ах, да, кога излезе мојата “кратка историја за еврејскиот народ од Аврам до Голде”, дадов интервју за ноќната програма на радио. Но за луѓето на улиците останав потполно непознат.

И тогаш како што веќе кажав настана огромна промена.

Дојде како од ведро небо и тоа на средина на една улица. Ми пријде некое дете, ми стави пред уста микрофон и ме запраша што мислам за општата состојба во светот.

“Нема причина за загриженост”, одговорив.

Отидов дома и повеќе не мислев на таа случка.

Додека со најдобрата сопруга на светот седев и вечерав, одеднаш од соседната соба каде децата вечераа на подот и гледаа телевизија, слушнав некаков продорен крик. За само дел од секундата на вратата се појави нашиот син Амир треперејќи од возбуденост.

“Тато!”, едвај зборуваше. “На телевизија…, тато…, беше на телевизија…!”

Зборуваше уште нешто неразбирливо се додека не доби напад на кашлање поради што не можеше да изусти ниту еден единствен друг збор. Докторот, кого веднаш го повикавме, не можеше да дочека ниту да влезе во собата а веќе на скалилата почна да вика.

“Ве видов! Слушнав што рековте на телевизија! Нема причина за загриженост!”

Дури тогаш се присетив дека покрај она детето со микрофон, стоеше уште едно дете со некоја направа во својата рака и дека за цело време нешто тивко зуеше додека го изнесував своето мислење за општата состојба.

Во тој момент заѕвони телефонот.

“Од срце Ви благодарам”, рече некој треперлив женски глас. “Живеам веќе шеесет години во Ерусалим и Ви заблагодарувам во името на човештвото”.

Стигна и првото цвеќе. Преставник на парламентот испратил букет цвеќе со порака, “Вашиот огромен оптимизам остави на мене длабоко влијание. Ви посакувам успех во Вашата понатамошна работа и Ве молам да ми испратите две Ваши фотографии со потпис”.

Доаѓаа сите комшии кои се редееа до ѕидот и ме посматраа со некакво огромно воодушевување. Неколку од нив, оние најхрабрите, ми доаѓѓаа поблиску, го допираа работ од мојата облека и брзо брзо бегаа назад, едвај совладувајќи ги сопствените емоции.

Беа тоа славни денови, прекрасен период, исполнет со одамна подзабиоравените младешки соништа. На улица луѓето застануваа, се вртеа по мене и гласно шепотеа.

“Еве го иде…Да, тоа е тој…Нема причина за загриженост…Рече тој на телевизија…”.

Една продавачка кога влегов да си купам цигари во продавница, широко се оцери, пробувајќи да земе воздух и падна во несвест. Познаниците кои дотогаш не ме ни приметуваа, почнаа да ми дофрлаат заводливи погледи. И цвеќе, цвеќе…

Нешто се промени и во држењето на најдобрата сопруга на светот, и тоа во моја корист. Една ноќ се разбудив со нејасно чувство дека некој ме гледа. Тоа беше мојата сопруга. Собата во која спиевме беше осветлена со блесокот на месечината, а таа се налактила и гледа право во мене и тоа како да ме гледа за прв пат во животот.

“Ефраиме”, предеше таа. “Кога те гледам од профил, знаеш ли дека ми личиш на Ринго Стар”.

Приметив промени дури и на самиот себеси. Одот ми стана по витален, телото се подисправи. Мојата мајка постојано тврдеше дека сум пораснат за најмалку три сантиметри.

Кога сакав да се вклучам во некаков разговор, обично речениците ги започнував со зборовите, “Дозволите ми како на човек кој веќе има давано изјави за на телевизија, да го искажам и своето мислење…”.

После сите неуспеси од минатите години, после залудниот мој труд да постигнам нешто со енциклопедијата, симфонијата и сличните на нив глупости, го осетив конечно слаткиот вкус на славата. По некои мои проценки тој вторник на телевизискиот екран ме имаше видено целокупното население на земјината топка со исклучок на Јехуде Гриншпан кои ми се извинуваше дека баш во тој момент за време на мојот настап му прегорела цевката во телевизорот. Доброволно писмено му го прераскажав интервјуто.

По се судејќи, нашата улица доби ново име, “Улица на интервјуата”, можеби дури и “Булевар без причина”.

Во секој случај си нарачав сам нови визит карти.

ЕФРАИМ КИШОН

Автор на телевизискиот коментар

“Нема причина за загриженост”

Понекогаш за време на некои долги ноќи, ги распростирам визит картите и си ги гледам. Има во нив нешто што ме теши, а тоа сега и те како ми е потребно.

Неблагодарниот свет по малку ме заборави. Се почесто луѓето проаѓаат покрај мене а не ме ни препознаваат, дури не ме ни приметуваат, баш исто онака како никојпат и да не сум настапувал на телевизија. Се распраша дури дали им е во план да ја репризираат емисијата за да им го освежат помнењето на публиката. Ми рекоа дека немаат намера да го сторат тоа.

Талкам по улиците и барам да сретнам деца со микрофон или некои предмет што зуи во раката. На жалост или ги нема никаде или пак ништо не ме ни прашуваат.

Неодамна бев на опера. Непосредно пред да се дигне завесата, еден камерман ја насочи камерата право кон мене и во последен момент се насочи и задржа кон човекот кој седеше до мене и кој си го чепкаше носот. И јас почнав да си го чепкам носот но покасно дури ни тоа ништо не ми помогна.

Пред некој ден ме информираа дека за својот расказ добив Биаликова награда.

Прво лично отидов во телевизија и се распрашав дали ќе ги пренесуваат доделувањата на наградите. Бидејќи со сигурност не можеа ништо да ми кажат, одлучив да не одам ин да не ја примам наградата.

Пред да излезам од зградата, една чистачка ми обеќа дека ќе ме прошверцува во студиото “Б”, помеѓу статистите на ТВ серијата “Човеку не љути се!”.

Повторно живеам во надеж.

Тагови: , , , , , .

Posted in литература | No Comments »

The Memoirs of a survivor – Doris Lessing

Posted by mecetousko on 18th март 2008

На блогерајов многу малку се спомнува годинашнава нобеловка Дорис Лесинг. Најверојатно затоа што кај нас воопштено е мислењето дека секој Нобеловец за литература не е со сигуреност гарант дека вреди. Можеби тоа би важело за другите Нобелови награди, но за најпрестижната награда за литература – Нобеловата Награда, не би се сложил. Сигурно има писатели кои не ја добиле а ја заслужувале, но сепак кај секој Нобеловец може да се пронајде доволен литературен квалитет.

На Блогерајов за годинашниот победник Дорис Лесинг го најдов само овој текст на блогот на Илина.

Еве едно мало дополнување.

Најверојатно кога би требало да ја насликам нашава хистерична и турбулентна животна секојдневност, би се согласил со ова гледање на нештата од страна на нобеловката Дорис Лесинг.

 The Memoirs of a survivor – Doris Lessing

"… Сега знаеме дека една работа била вистинита за сите нас, но секој во себе мислел дека таа е доказ на упорно чуваната изворност на духот. Сите разбиравме што се случува неслужбено, неконвенционално. Бевме навикнати на радио, новости и прогласи и тоа воопшто не го презиравме. Без тоа би биле потиштени, тажни, затоа што човек мора да има печат на службеноста, посебно во време кога ништо не се случува според очекувањата. Но сепак вистина беше дека секој од нас во еден час стана свесен дека од службените извори не ги добиваме фактите од која се гради слика за опкружувањето, различна од објавената службена слика. Низа од зборови ги кристализираа случувањата во слика. Готова е приказната, А после се случило тоа…, а тој и тој рекол вака… . Но се почесто тие зборови се слушале за време на неврзани разговори, или можеби секој сам си ги говорел на себе.

“Да така е!”, би помислил човек. “Така е.” ”Долго го знаев тоа”. “Едноставно не сум го слушнал тоа во таков облик, не ми беше јасно…”

Однесувањето спрема власта, спрема нив, тие, они, беше се поброблематично и сите верувавме дека живееме во некаква чудна анархистичка заедница. Сигурно не. Насекаде беше исто. Но можеби би било подобро да се разбере попосле, задржувајќи се само за напомена како употребата на зборот “тоа”, секојпат е знак за криза, од јавен и општествен карактер. Постои огромен јаз помеѓу “Зошто мораат да бидат толку неспособни!” и “Боже состојбава е грозна”, баш како и “Работиве се грозни!”, кое сепак помалку е различно од “И овде тоа почнува!” или “Дали уште нешто слушнавте за тоа?”

Ќе ја почнам оваа приказна во времето пред да почнеме да зборуваме за “тоа”. Бевме сеуште на нивото на општа нелагодност. Состојбата не беше добра, дури беше и прилично лошо. Многу работи не чинеа и беа лоши, се прекршуваа многу нешта, се предаваа или поточно постоеше причини за узбуна, како што обично се слушаше на вестите. Но за “тоа”, како нешто што би се осетило како закана која може да се насети, сеуште не посотеше, а никогаш и не се случи… "

Тагови: , , , , , , , , , , , , .

Posted in литература | No Comments »