meceto usko

Б(л)ог над Б(л)оговите

Кои се ИДОЛИТЕ на младите во Македонија !!!

Posted by mecetousko on 2nd ноември 2010

Идентификација со примери и идоли е значаен агенс за социјализација но и емоционално и когнитивен развој на децата и младината. Овој вид на социјално учење, учење според модели, се усвојуваат битни елементи на системските вредности, социјални ставови, различни облици на социјално однесување и критериуми за процена на сопоственото однесување во една социјална група.

Во социјалната психологија за  примери, егземплари, се земаат одбрани луѓе со кои постои виртуелен емоционален контакт, односно дирекна интеракција, а идоли се славни или популарни личности од јавниот живот и историјата. Децата и младите со своите примери се идентификуваат а своите идоли се обидуваат да ги имитираат.

Со генерации наназад примерите на децата не се менеуваат. Тоа се нивните родители, постари браќа и сестри, роднини, фамилијарни пријатели, наставници во училишта итн. Меѓутоа идолите се менуваат од генерација во генерација.

Кои се идолите на младите во Македонија во првата деценија од 21 век?

Се разбира за ваква една опсежна анализа потребно е да се спроведе еден цел научно-истражувачки проект кој ќе опфати опсежна анкета и анализа но овде ќе се обидеме во пар реченици да ја донесеме поентата.

Веројатно ако спроведете една ваква анкета кај младите средношколци и студенти како свој примери многу мал број ќе ги наведат своите мајки(заради нивната племенитост, љубов и подршка која ја пружаат), своите татковци(затоа што се вредни и заработуваат за фамилијата), ниту пак своите браќа и сестри или пак не дај боже своите наставници и професори. За блиски роднини, баби, дедовци и вујковци, врсници или пријатели нема никакви ни теоретски шанси да се најдат на листата од топ 10 примери или идоли.

Можеби чат пат и ќе се појави некој од нив но во најголем број на случаеви ако се направи анализа со што се бави или што е по професија дотичниот фамилијарен егземплар, речиси без исклучок тоа ќе биде човек со класични транзициони перфонманси.

Ако во моите најмладешки години во деведесетите јас и моите врсници растевме во времето на новите балкански војни од крајот на 20 век, наши егземплари и идоли ни малку не беа познати спортисти, музичари, уметници, пистаели или актери. Во најголем број на случаеви бевме во потрага по улични бараби или турбо фолк диви. Колку и да се обидував и колку и да посакував да излезам од медиокритетната социјална категорија, тоа просто беше невозможно и едноставно себеси морав да се канализирам како и сите мои врсници со идолите од север со Кнеле и Цеца, со домашните квазиполитичари и надриполитиколози од типот на Љубчо и Бранко.

За жал ситуацијата во новиот милениум и новата ера нималку не се променува. И понатаму до нас допира негативниот фидбек од Србија овојпат зачинет и со албанскиот бандитизам. На првите места повторно се позиционирани политичари, а доказ за тоа е што старосната категорија на луѓе кои се бават со политика е симната како никогаш досега  на толку младо ниво што едноставно се прашуваме како може на толку млади години некој да се бави со политика. Веќе политичарите не се триесетгодишници туку дваесетгодишници што е силен аларма за транзиционото блато во кое пливаме. Дури ни мегаѕвездите како Тоше Проевски или пак фудбалскиот супер стар Горан Пандев не се доволни да го одземат приматот на надриполитичарите кои им го трасираат патот на младите идни политичари. Сите од ред до ред како што е според сите социлошко-психолошки правила ги имитираат своите политички идоли. Да биде парадоксот уште поголем тие немаат за пример некој светски политичар кого ќе го имитираат или од кого ќе учат туку локални наши политичари од наше маало.

Нема актери, нема режисери, нема спортисти, нема пејачи…нема ништо што е нормално во идилопоклонството на новите генерации. Искрено верував дека ќе се промени сликата од деведесетите но напротив сликата е се полоша и полоша.

Ако се земе во анализа нарушениот систем на вредности во фамилиите, училиштето, општеството, социјалните и економското миље во ко растат, на младите не им останува многу на избор.  Врската со првата транзициона декада и понатаму е силна и има тенденција да се пресели во третата декада.

Би сакал да ја составам листата на топ 10 идоли кај младите на прагот од втората декада во 21 век. За тоа ќе ми биде потребна Вашата помош. Дајте ми сугестија на топ 3 идоли кај младите во овие години на живеење!!!

Posted in колумни, локално, општество, политика | 10 Comments »

СРЕЌА

Posted by mecetousko on 2nd ноември 2010

Во нашето Скопје луѓето многу се занимаваат со СРЕЌАТА. Речиси постојано си ја посакуваат меѓусебе. Секој на секого. Ако си ја посакуваат, си ја посакуваат скришум, јавно и гласно за тоа речиси никојпат и никаде не се зборува. Но има уште еден феномен. Зброт СРЕЌА по навика се употребува само во несреќа. Кога на некого ќе му се случи нешто лошо, ќе му влезат крадци дома и ќе му го соберат целото домашно од колено на колено пренесувано злато, или ако некому му ја чукнат колата или го заборавил тавчето со зејтин па му пламнало или замаглило целиот стан…тогаш следува… “Море си имал СРЕЌА”… “Замисли си да си бил дома кога влегуваат разбојниците, си можел и ти да настрадаш”…или…”добро си поминал замисли си да те удреше од другата страна можеше и да настрадаш ти а не само колата”…или…”можеше и ти да изгориш не само тавчето”.

Веројатно најинтересна е состојбата ако не дај боже се сопнете и паднете или спортувате па паднете… “Море си имал среќа…можеше да паднеш на глава и да го скршиш вратот…ќе треснеше на слепоочницата и веднаш ќе скинеше”.

Овој специфичен облик на среќа морам да признаам дека често навратува во нашево Скопје и со навистина штедра рака ги дели своите дарови. Тука морам да признаам дека врз мене има налетано неколку пати. Многу лесно ја препознавам и знам дека таа е мојата среќна муза во дадени моменти.

На пример еднаш како младо момче возев велосипед на едно тркало. Така гадно паднав што муцката ми се расцвета како булка. Кога дојдов дома целиот крвјосан, додека мајками ми ја чистеше раната постојано повторуваше… “си имал среќа што не ја искрши главата”.

Школската среќа е најинтересна. Треба да одговараш, полагаш, правиш писмена или што уште не, и добиваш кураж од блиските и познатите… “ајде ти држам среќа”…на што ти одлучно одогвараш… “не треба да ми ја држиш среќата треба да ја пуштиш”…ама така пуштена и растрчана по росна ливада некогаш имав впечаток дека ме одминува, но воглавном беше со мене и до мене. Така мислев тогаш, а ништо поинаку не мислам и денеска.

Школската среќа не е исклучок. Постојат и други типови и форми на среќа. На пример коцкарската среќа една од најспоменуваните. Иако коцката си е само коцка и ништо повеќе, СРЕЌАТА и тука со сила ја буткаат иако таа сирота ни на крај памет нема да се занимава со својата побратиме од раѓање … КОЦКАТА. Луѓето веројатно свесни за тоа се повеќе викаат … го сака коцка…го сака карта…одколку го прати среќа.

Моралот и етиката им е доделена на оние на кој им е најтешко во животот па затоа на рударските окна пишува со големи букви … СРЕЌНО. Но ако се случи нешто непредвидливо тогаш не се фрлаат дрва и камења по нејзиното височество СРЕЌАТА… туку по нејзината комшика СУДБИНАТА која се опишува со зборовите … “така му било пишано”.

Пишано не пишано мојот народ си сима своја формула. Ако човек има сомнеж дека среќата може да протрча покрај него тогаш има разни ритуали на повикување на истата. На пример истурање на вода после човек кој излегува од дома. Практика посебно кога се испраќа домашниот во некоја посебна мисија од големо значење. На пример на први септември секоја година сите скали од мојот влез во зграда се мокри зошто секој стан кој има ученик го испраќа со барем една чаша вода позади своето учениче. Тетка Ратка од четврти предначи со својата одлучноста да ја привика среќата за својот син па не ретко истура и цела кофа вода која се разлева до втори спрат.

Не ретко треба да се чукне во дрвен предмет три пати, или да се намигне, замижи, да се штипне, боцне, задржи здивот, повлече за увце…кој како практикува и милува односно како што мисли дека има ефект. На среќата мора да и се привлече вниманието за да дојде кај нас а не до тие близу нас.

Се разбира таа…СРЕЌАТА…како секој човек си има свои субјективни карактеристики па некого го сака помалку или повеќе. Некој ете и е повеќе мил од некој друг па затоа има луѓе кои се вистински среќлии…а во мојот град за нив не ретко се користи сленгот… “Види го во г’с е праен”… што алудира дека има постојано за се и сешто среќа. Сум пробал во повеќе наврати да ја разбијам алузијата на овој сленг и да разјаснам што има врска г’зот со среќа…развив големи теории научни и ненаучни, па дури и чисто од природа на човековото размножување…но оставам на вас драги мои читатели да ја најдете вистинската конструкција на употребата на овој израз за правите среќлии.

Често се анализира среќата на другите но ретко се споменува нивната несреќа. Несреќата се остава за нас самите. Кога кукаме плачеме и бараме изговор за нашите лични неуспеси или постојани проблеми…тогаш доаѓаме до круцијална констатација “Што да правам кога немам среќа”.

Но СРЕЌАТА е таква со нејзе не можете да потпишете договор како со Ѓаволот, не можете да ја потплатите или освоите … единствено што можете да сторите е да ја привлечете за вас.

Се обидов и да најдам митолошки толкувања за СРЕЌАТА…зошто таа постои и е стара колку што постои и човекот. Така според митолошките размислувања митологоманите сметаат дека СРЕЌАТА му била ќерка на Зевс и сестра на Судбина, а според мислењето на други митологомани, СРЕЌАТА е ќерка на Океан и сестра на трите Парки. Ја сликаат како девојче со заврзани очи, кое стои на тркало секогаш што се врти и ѓаволесто дели добро и зло.

Јас искрено не знам што во суштина сакаат да кажат овие учени луѓе кои се бават со митологијата, но знам дека треба остро да се разликува среќната случајност и СРЕЌАТА како таква. Но тоа е голема тема треба овде да напишеме докторска дисертација, затоа и нема сега да се бавам со тоа. Но корисно е да напоменеме дека светската среќа е нешто невозможно, зошто речиси секојпат среќата на еден човек е несреќа на другиот. Исто така некојпат од неразјаснети причини среќата донесува и зло, па затоа може да се случи несреќата во суштина да биде СРЕЌА. Тоа се многу недефинирани работи па затоа сакам да кажам дека СРЕЌАТА во суштина е внатрешна хармонија, исполнување на сите желби и копнежи. И ако се исполнуваат сите желби и копнежи, човек повторно ќе биде несреќен зошто нема да има копнеж, а човек без копнеж е несреќен човек.

Но да се отргнеме од моите филозовски размислувања. Од нив ионака нема фајде. Вчера бев низ град со двете ќеркички. Ладно е и така натуфтани со облека ги шетам и двете. Едната едвај оди само што проодена, а другата не можам да ја сопрам сака сама да трча. Одам се тетеравам и држам рамнотежа и јас да не паднам. Ме среќава една госпоѓа, така повозрасна, по годините може и на мене да ми биде мајка и како да ме знае од пелени ми дофрла како родена циганска пророчица… “Ти си многу среќен човек!!!“. Јас сеуште збунет не знам што да одговорам, но и не сакав да одговорам, обременет со анализа за СРЕЌАТА решавам да ја прашам зошто така мисли.

“… Среќен си зошто имаш две ќерки и кога ќе остариш ќе те гледаат, зошто ако имаш синови како мене нема да те погледнат кога ќе остариш…дури и ќе навиваат, што побрзо да одиш кај бога…”, триумфално поентираше госпоѓата.

Види види си викам, колку е далековид мојов народ со СРЕЌАТА, не само што ја привикува во сегашноста туку гледа нанапред во иднината и прогнозира каде се таа… СРЕЌАТА ќе се прилепи и ќе се најде. Јас сум стварно среќен човек што сум татко на две убави девојчиња ама никојпат не сум помислил дека ќе бидам и среќен … ете дедо на пример…а сега веќе и тоа го знам.

Продолжив да одам целиот обземен со СРЕЌАТА и вербата дека навистина…таа СРЕЌАТА… никогаш не ме напушта…се надевам дека ќе имам СРЕЌА и да остарам прво пред таа да продолжи да ми помага во староста.

Posted in колумни, култура, литература, лично, локално, општество, раскази | 2 Comments »

СЕРПИКО

Posted by mecetousko on 28th октомври 2010

“… Кога тргнала од Наполи, Марија Џенова била во седмиот месец од бременоста и за време на тешката пловидба прерано се породила. Пристигнала во Њу Јорк, еден снежен декемвриски ден 1927 година. Обилно крварела и не знаела ниту еден збор на англиски јазик, а и никој не ја дочека по пристигнувањето. Вујкото кој требало да и се најде при рака се разболел во последен момент. Властите нејзе и бебето набрзина ги сместиле во градската болница, но бебето, момченце веднаш почина. Таа останала во прифатилиштето за имигранти неколку денови, се додека на крај не и пронајдоа некој подалечни роднини од Бруклин. Останала со нив долго очекувајќи нејзиниот сопруг Винченцо набрзо да и се придружи во Америка.

За да им се одолжи за постелата и кровот над глава, перела и шиела се во фамилијата каде престојувала и уште работела кај некој преработувач на крзно. Но била премногу слаба и кревка со здравјето за да може да ги поднесе условите за работа во кожарскиот погон. Жештината смрдеата на кожата и прљавиот воздух преполн со влакна и сметаа, па морала да побара и најде некоја друга работа. Правела прекрасни колачиња и ги пакувала во една мала слаткарница во близината на Бруклин. Постојано штедела и мислела на заработката. Секој ден пешачела по цели две миљи до слаткарницата и назад за да заштети по 5 центи за автобус.

Поминала една година пред повторно да го види Винченцо. Иако документите на американската страна биле во ред, неговото заминување за Америка постојано бил одложуван заради фашистичкиот закон кој го отежнувал емигрирањето на италијанските државјани. Откако конечно после цела година повторно се видоа, се вселиле во двособен стан без топла вода во Бруклин. Тој барал работа, а Марија продолжи да работи во слаткарницата секој ден.  Работата која Винченцо конечно ја најде во продавница за поправка на чевли претставувало тежок удар за гнеговата гордост. Единствена почетна работа која ја добил било чистење на поправените чевли за петнаесет долари неделно. Но после шест месеци дотогашниот главен кондураџија се скарал со сопственикот на продавницата околу должината за пауза за ручек и си поднел оставка. Винченцо го превземал неговиот мајсторски марифетлук и тука останал цели шест години. Платата му пораснала до цели триесет и девет долари неделно од првичните петнаесет и се било во ред додека сопственикот тврдејќи дека му опадна прометот не му ја намалил заработувачката за десет проценти.

Таа навреда не можеше да ја поднесе. Марија Џенова го знаела тоа. Знаела што тоа значи за него, па иако тогаш веќе имале три деца, без било какви двојби го наговорила да отвори сопствена продавница. Заедно пронашле соодветни простории во соседството и ја потрошиле целокупната заштеда и залиха од пари само за да ја изнајмат просторијата, купат материјали и ја набават неопходната опрема. Едвај преживуваа првите неколку месеци, но постепено работа имало се повеќе и повеќе и веќе следната година, Кога се роди Френк, винченцо вработили свој помошник. Три години покасно се преселиле во поголеми простории на другата страна од улицата и вработиле уште еден човек.

Конечно Винченцо Серпико заштедил доволно пари за да си купи скромна троспратна куќа од цигли во еден дел на Бруклин кој се нарекува Бедфорд-Стивесант. Едно време немале ни централно греење. Френк се сеќава на оние времиња кога зимоска се грееле со шпорет на јаглен од самата кујна. Се сеќава и како мајка му навечер му го подготвувала креветот за спиење ставајќи во него врела цигла замотана во чаршав и како секое утро се завиткувал во јорганите и ќебињата сакајќи да што повеќе го одложи студенилото кое му следувало при утринското седење на клозетската шоља. … “

Извадок

СЕРПИКО

Питер Мас

Вака од прилика горе – долу изгледа животот и денеска во Америка посебно за новодојдените имигранти. Ништо не се променило ниту после еден век.

Секој Македонец кој се обидел да работи и живее со фамилијата во САД поминал низ слична голгота, нормално во согласност на модерните трендови на живеење во ерата на електрониката и комуникациите. Но тоа е тоа.

Ако сакаме да насликаме во кратки црти живот на едно македонско семејство во Македонија, веројатно не би можеле да започнеме со описот како семејството Серпико.

Има неколку варијанти. Еве една. Таткото земал пушка кон крајот на војната, станал првоборец, му доделиле стан од 120 квадрати, викендица во Маврово и стан во Охрид. Син му…приказната понатака горе доле сите ја знаат…едно е јасно…син му сигурно не бил Френк Серпико !!!

 YouTube Preview Image

Posted in колумни, култура, литература, лично, локално, општество | 4 Comments »

НИ НАС…НИ ВАС… НИ НЕМА СПАС !!!

Posted by mecetousko on 22nd октомври 2010

Ни нас а богами и на вас ни нема спас…така отприлика пееше она пијано дуо трио, Хавана бенд од деведесетите години, Зеко(кафанскиот скопски хитмејкер), Пиже(вечниот душегрижник за добра голтка) и Игор(во една од своите животни епизодни улоги). И колку и да изгледаше триото пијано, расштимано, во суштина праќаше порака која еве 20 транзициони години е гола вистина. НИ ВАС НИ НАС НИ НЕМА СПАС.

Веќе не може нормално да се води било каква јавна дискусија. На пример коментирам на пост во кој се зборува за мајчинство. Ми реплицираат за мојот општествен став и мојата јазична писменост. Сакам да читам книга, ми нудат да читам весници, сакам да учам ме тераат да препишувам, сакам да спортувам ме тераат да лежам, одам да гледам фудбал гледам само бараби а не фудбалери, сакам телевизија да гледам ми сервираат платени пропагандни реклами. Веќе никој не ме ни прашува што сакам нити па можам да правам што сакам. Веќе не можам ни да работам, создавам, живеам, стареам, уживам, болувам, тагувам… не можам ни да се радувам. Ништо што е човечки не може да се прави. Ако ми го секнат и сексот не знам што тогаш ќе правам. Веројатно ништо како што ни сега ништо не правам.

Ако го читате ова веројатно сте се навлекле на текстовите на Мечето Ушко по некоја грешка. Впрочем да повториме по којзнае кој пат … кој би бил Миленко или кој би бил Жарко, кој би бил Љупчо или кој би бил Бранко, кој би бил било кој медиумски извикан политичар или јавна личност, да не сме тука ние, да не сте вие… јас, ти, тој, ние, вие, тие,  јавноста, новинарите, блогерите, аматерите, хејтерите, се поголемиот број зависници на социјални мрежи(за жал), кои веќе денови и денови, само за тоа мислат, само за тоа пишуваат, се натпреваруваат меѓусебе кој ќе биде пожесток во дискусијата, или поточно кој ќе го разоткрие она што веќе одамна е познато и ќе го нарече онака како што одмана си го носи своето име. Така во целата таа калакурница, ЌЕ СЕ ЈАВАТ И ОНИЕ НАЈПИСМЕНИТЕ, т.н интелектуална маса која под дифолт е поларизирана и така после десетина исти текстови, настапи по електронски медиуми, заклучоци и гримаси ќе извадат од никаде некоја теза со која поинаку ќе не убедуваат дека во суштина човекот оди на две нозе, птиците пејат, а влекачите се влечкаат и рибите нормално пливаат исто онака како што бебињата кога се гладни плачат.

И во целото тоа арчење на микрофоните и тастатурите, абење на очите и согорување на енергијата, ништо нити се кажува нити случува, што денеска или утре кога гладот за надмоќ и доминација ќе го замени разум и умор, а што би ни помогнало да бидеме уште утре, подобри луѓе и посреќно општество. Иако за општеството учиме од најмали нозе едвај чекаме да спроведеме виртуелна војна која како под некој дифолт трае не повеќе од една седмица и ќе остане само во сеќавање на серверските мемориски плочи и во иднина ќе им служи на виртуелните археолози кои ќе копаат по електронското минато. Секој ден, секој, час, секоја минута се троши енергија на небитни работи во желба да се менува нешто во земја каде никојпат јавноста ништо битно не променила. Зарем тоа не го сфативте во овие двецениски повеќе изборни гласачки циклуси !!!

И така секоја караница секој вербален судски спор, секоја јавна расправа, секоја квалификација и новинарски спин, ќе остане во некој канцалариски класер каде од време на време по потреба ќе се употребува или подобро да кажам злоупотребува за нечии интереси за кои ние ама баш немаме никаква корист. А во меѓувреме времето тече ли тече…подобро да кажам лета и покрај нас проаѓаат убави работи, луѓе кои мотивираат, приказни кои инспирираат, моменти кои пленат. Оптеретени до коска со глупости ја потврдуваме тезата на пијаното трио дека од тој маѓепсан лавиринт нема спас нити за нас а ниту за сите вас кои инспиративно и илузионо го залажувате својот ум дека нешто менувате, допринесувате или што е уште посмешно постигнувате во својот живот.

Да се занимава човек со последиците секојпат е осудено на неуспех. Превенцијата е единствена работа, која може да не одржи на здрави нозе а богами и на здрав разум. Единствено само може превентивно да се делува и креира, последично никојпат не можело ниту пак ќе може. Тое се едноставни природни закономерности. Додека главна преокупација ни е да го поправаме непоправливото или да зборуваме за злото, пропуштаме момент да оние кои навистина вредат им одадеме признание и им кажеме на своите деца и поколенија кој пат треба да го следат.  Општо е познато дека сто пати изговорена лага станува вистина, а од Гебелс па до ден денешен, се повеќе верувам дека сто пати кажана вистина, луѓето почнуваат да ја примаат со недоверба и накривена глава а речиси редовно во себе помислуваат … ОВОЈ ГАРАНТ ЛАЖЕ. Филозофијата на медиумите одамна држи до сентенцата ПИШИ ШТО САКАШ САМО СТАВИ ШТО ПОГОЛЕМА СЛИКА. Популарноста, славата и моќта им припаѓа на оние кој ќе пронајдат простор да ги пласираат своите слики, а суштината и конотацијата е сосема небитна.

Кога ќе ги видам денешните деца кои имаат по десетина години, како ќе изгледаат за десет години кога во себе освен инспириум на омрза, негативизам, бандитизам друго и не вдишуваат ми иде во пијана варијанта и јас да почнам да го пејам накарадниот препев на Џејмс Браун од пијаното трио Хавана Бенд … НИ ВАС НИ НАС НИ НЕМА СПАС.

Posted in блогосфера, колумни, лично, општество | 5 Comments »

Push the button … и плати ја цената за тоа.

Posted by mecetousko on 30th септември 2010

Ричард Метисон, американски писател и новинар, роден во далечната 1926 година напишал огромен број на новели и кратки раскази. Голем дел од неговите писанија кои воглавном се движат во границите на фантазијата, научната фантастика и имагинацијата се филмувани од многу позната холивудски режисери. Дел се филмувани и во познатите серијали за “The Twilight Zone” , кои и после многу години се интересни за телевизиска консумација.

Со писанијата на Ричарт Метисон се запознав за време на повеќегодишните авантури во САД. Неговите текстови можете да ги најдете буквално секаде од неделни магазини, дневни весници до збирки на научно фантастични раскази. Лесни и едноставни за читање, посебно додека се возите во метро или додека летате со авион, кои може некогаш и со недели да ве задржат во длабока анализа и размислување. Без голема литературна вредност, но со моќ да го опседнат човека долго после читањето на последниот збор. 

Деновиве ми падна во рака веројатно најновиот филмуван расказ на Ричарт Метисон од 2009 година, филмски наречен The Box, во режија на Ричард Кели, а во главна улога на ултра шармантната Камерон Дијаз. Норма(Камерон Дијаз) и Артур Луис добиваат една обична кутија од непознат човек кој им нуди милион долари доколку се одлучат да го притиснат копчето кое се наоѓа на врвот од кутијата. Ако се одлучат да го сторат тоа парите се нивни и некој и некаде кого они не го познаваат ќе настрада како резултат на нивната одлучност да го притиснат копчето и земат парите. Во спротивно ако се одлучат да не го сторат тоа, никому ништо. Парите и кутијата одат на понуда на друго место и пред други луѓе.

Без да навлегувам во прераскажување на филмските случувања сакам да додадам дека иако филмот е возбудлив за гледање исто како што се расказите на Ричард Метисон возбудливи за читање во себе носи и длабока порака.

Сите ние имаме можност да притиснеме некое копче кое драстично ќе ни го промени животот. Тоа се одлучуваме да го сториме или да не го сториме доколку сме спремни да ги сносиме последиците кои ги носи со себе тој едноставен акт на притискање копче.

Многу луѓе се решаваат да го притиснат копчето. Фасцинирани се од славата, моќта, заслепени се од илузионизмот на супериорноста кое може да ја добијата само со еден прост акт или дејствие – Притискање на копче.

Во нашата реалност насекаде гледаме, минуваме крај нив и се дружиме со луѓе кои го притиснале копчето на Ричарт Метисон. Тоа се едни од многуте луѓе кои секојдневно ги гледаме експонирани во јавниот живот, но и оние помалку познатите од нашето соседство. Илузијата и лажната надеж се пресилни за да многу луѓе можат да одолеат на еден таков предизвик и понуда. Во нив гледаме слика и икона на успешни луѓе, влијателни луѓе, моќни поединци, богати комшии, славни личности. Некогаш, некаде го притиснале копчето и не помислиле на реперкусиите, последиците и цената што треба да ја платат за да ја остварат својата цел. Секојпат кога го притискале копчето, некој, некаде страдал или настрадал, но тоа не е нешто за што треба било кој да се грижи. Важен е нашиот интерес, нашата цел и нашиот успех. Никојпат не се мисли на наплатата, кога ѓаволот ќе дојде по своето.

Кога низ една ваква призма ќе се гледа целата циркузијада околу лустрацијата и лустрирањето на јавните институционални личности се добива сосема јасна слика и престава од преголемата магла која се шири наоколу.

Мене не ме интересира, дали лустрацијата после 20 години е минорна, дали е враќање и појава на ретрокомунизам (извадок од текстот на Најчевска), дали е оправдан или не, дали е функционален или не, дали е праведна или не. Притискањето на копчето ионака не е никојпат праведно нити пак некојпат било уште помалку ќе биде. Битно ми е секој да го добие заслуженото или да си ја плати цената за својата постапка. Можеби некому му се чини сето тоа илузорно и никојпат оставрливо, дека се е закаснето и дека нема ништо смисла уште помалку ефект, но во суштина не е така. Можеби лустрацијата нема да допре многумина и многумина ќе притиснат ново копче за да бидат заобиколени но цената за наплата повторно ќе пристигне. Ѓаволот ќе си дојде по своето дали со општествен закон, природен закон или вонземски закон, тој самиот ќе си одлучи.

Во расказот и филмот Артур Луис мора да ја убие својата сопруга Норма (ултра симпатичната Камерон Дијаз) затоа што на крајот нема друг излез, затоа што треба да ја плати цената за одлуката копчето да биде притиснато во замена за материјална корист.

Луѓето кои во минатото или сегашноста, а важи и за иднината (без разлика на општественото и државно уредување) градат своја кариера, иднина, приграбуваат материјална корист на сметката на други луѓе или народно кажано на патот до целта газат преку други луѓе, мораат на оваков или поинаков начин, еднаш да си ја платат цената за сето тоа. Од нив зависи како ќе го поднесат тоа.

Push the button…

Posted in колумни, лично, локално | 5 Comments »

СТУДИРАЈ – ЗНАЕЊЕТО ќе ти помогне да го пронајдеш патот по кој ќе се заебеш

Posted by mecetousko on 15th септември 2010

По повод денешниот прв академски час во новата учебна година.

За памфлети и праоли сме махери невидени. После онаа позната комунистичка фраза која добива митски димензии “Учи сине за да не мораш да работиш”, најверојатно овие новиве пропагандни памфлети ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ ќе влезат во аналите на добрите трагикомични штосови и вицеви. Пошто студентаријава онаа од машки пол веќе не мора да оди во војска морално е нели да се упише на еден од факултетите во нашата државичка и да стекне знаење, сила, моќ кои пак ќе му овозможат во иднина нормално нели да не работи.

Денеска гордо можеме да кажеме дека сентенцата “Учи сине за да не мораш да работиш” го добива правото свое знаечење и доколку во минатото можеби на некој нешто не му било јасно денеска сигурно се му се разјаснило. Ова е земја во која не постојат работници, а и тие што постојат малку се и никој не ги третира за нормални.

Знам дека сегашните бруцоши биле на раскрсница каде да се запишат…денеска веројатно треба да тргнат по правиот пат. Е сега тука сум јас за да им го покажам патот по кој ќе се движат во наредниот период. Па да почнеме…не знам до кај ќе стигнеме ама ќе почнеме. Read the rest of this entry »

Posted in колумни, култура, лично, локално, општество | 8 Comments »

РАЗУМОТ-ЛОГОСОТ и пишувачите на антибугарски памфлети

Posted by mecetousko on 15th септември 2010

Промоцијата на РАЗУМОТ – ЛОГОСОТ како централен принцип и најважен критериум за човечкиот живот датира уште од времето на Платон некаде 4 века пред нашата ера. Значи повеќе од 2400 години РАЗУМОТ-ЛОГОСОТ ги дефинираат воглавном сите нешта во овој свет, проблематичен, нееднозначен, често пати недозреан, составне од некои предности но и од некои недостатоци.

Овој принцип безмалку ги назначува до денеска и основните насоки на политичкиот живот и катадневно ги пробива главните патишта на човечката историја. Воведувањето на научна и филозофска ригорозност во истражувањата на општеството и особено на политиката, е една од инвенциите со кои РАЗУМОТ-ЛОГОСОТ даде маркантни резултати.

Но очигледно во нашето државиче нештатат се надвор од било каков РАЗУМ-ЛОГОС и нештата се движат надвор од било какви општествено-политички закономерности.

Што ми беше муабетот!

На блогерајов кој егзистира веќе повеќе од пет години во континуитет се јавуваат еден куп типчиња кои освен ширењето на омраза и шовинизам преку пежоративни сленг  сентенци кон Бугарија и нејзините граѓани во суштина не прават и ништо друго. Сигурно македонските блог тешкаши(оние кои се тука во континуитет од формирањето на блогерајот) ќе се сетат на оној деструктивен пост со кој се предизвика бран на негодување и во мејнстрим медиумите во Бугарија, по што тој блог намерно или не беше дозволено да биде хакнат. Потоа се сеќаваат сигурно на оној најдолго коментиран пост од преку 15 илјади коментари кои се однесува за произволно толкување на бугарската нација и држава. Има уште многу за посочување, но бидејќи тие беа на страта платформа тешко можам да најдам линк до истите. Сепак сите се сеќаваме на нив.

Денеска и после 5 години истата прикаска се повторува. Се појавуваат разно разни типчиња кои за пар месеци ќе отштампаат пар стотина постови со иста тематика и деструктивизам и ќе си заминат од тука. Се јавуваат во бранови, како плима и осека се, како сезонски ветер како зимски снег. Но иако овде оставаат траги на кои повеќето се сеќаваат на нив како на ланскиот снег, нивното однесување остава континуитет, правило на однесување на идните блогери шовинисти.

За мене лично тоа нема никаква врска со РАЗУМОТ-ЛОГОСОТ и нема никаква допирна точка со било што друго освен со гол лажен пуританизам. Фиксацијата кон Бугарија е толку фасцинантна, што дури и се себеубедуваат дека токму нашиот источен сосед е преокупиран со нас преку глава, дека станува и си легнува навечер со Македонија и македонците. Секој кој барем два пати годишно оди во Бугарија и кој катадневно ги листа новините и збиднувањата преку глобалната мрежа добива сосема поинаква реална слика, дека Бигарија има сосема други приоритети, проблеми и цели и дека апсолутно не не става ни на крај памет.

Но фиксацијата дека некој толку многу е преокупиран со нас е толку страотна и завзема толку големи размери што ниту еден доказ, ниту една изречена контратеза не може да го демантира и анулира тоа себезамислување и себехипнозирање. Да биде трагедијата уште поголема истите тие инфантилни и недоквакани блогери кои прават штета поголема и од една природна катаклизма, немаат појма или било што знаат што се случува или случувало на општествен, културен, спортски план во земјата која пежоративно ја ословуваат и девалвираат.

Платон тврдел дека секоја држава е во крајна линија одблесок, резултат на квалитетот на нејзините жители, на луѓето што ја сочинуваат. Кога ќе ги земеме таквите блогери како нормални наши жители од нашето секојдневие нивниот одблесок дава резултат на едно катаразично државно уредување кое може да продуцира само антиподи и човекомрзци. Сите тие ама буквално сите сопствената идентификација не ја втемелуваат во самите себе и во својата човечка сувереност, туку во омаловажувањето на другиот и во сопствената невидлива потчинетост на некој друг.

Да биде ситуацијата уште потрагична и уште повеќе монтипајтонска овој брутален шовинизам не е генерален или би рекол еднаков кон сите кои се сметаат за сопствени непријатели. Имено истите тие блогери комплетно ги игнорираат на пример реалните закани кон нивниот идентитет и опстојување а тое е коегзистирањето со албанците и албанската нација на ист простор и во исто време. Тврдењата од албанска страна дека тие го ослободиле Скопје од Османлиите, втемелувањето на личности и дирекно сквернавење на историски факти од Албанска страна се невидливи за овие блог типчиња и најчесто не успеваат да напишат ниту една анализа, коментар или според нивните литерарни способности не срочуваат ниту еден контра шовинистички памфлет.

Така не сакаат да бидат оцрнети дека се националисти, шиптаромрзци или ксенофоби, од кај знаеш можеби ги типкаат своите памфлети од некоја бирократска државна институција во која нивен колега е албанец, па нели да ги зачуваат своите колегијални вредности.

За спротивно по другава страна удри, така е многу побезопасно, безболно, нема кој и нема како да ти врати и удри по глава. Класично хиенско чопоративно однесување, мавање, касање и кинење во глутница кога одговорноста е колективна.

Нема желба за постигнување на цели од повисоко добро до општо добро, желба по праведнст, среќа, религиска заедница и унитарност во моралноста. Има глад за етички, религиски, социјален деструктивизам од секаков хуманистички аспект. Сите уневерзални метафизички вредности и естетски идеали се иогнорирани а на пиедестал се туркаат автономните подрачја со сопствени претпоставки и вредносни мерила.

Posted in блогосфера, колумни, лично, локално, општество | 49 Comments »

ТУРСКО РОПСТВО … !!!

Posted by mecetousko on 7th септември 2010

Може ли да ми објасни некој зошто во Македонија, македонските учебници, историски читанки и насекаде се користи терминот Турско РОПСТВО.

Никој не размислил малку од малку дали зборот РОПСТВО е адекватно применет. Зошто не се користи на пример поимот ВЛАДЕЕЊЕ или на пример УПРАВУВАЊЕ, КОЛОНИЗИРАЊЕ…туку упорно се говори за ПОРОБУВАЊЕ и РОБУВАЊЕ.

По таа логика на опстојување на 5 вековната Отоманска империја ние на овие простори сме биле робови по тертипот на нигревите африканци кои завршувале во Америка, оковани со ланци кои работат додека не умрат од сабајле до вечер а за нашата покорност се грижеле Робовладетели и Робосопственици.

Мене нешто не ми штима тука.

Ве молам ако некој се разбира во нештава да ми објасни малку од малку.

Сега за сега ниту една овластена турска институција не се побунила зошто со декади во Македонија се употребува овој термин.

Отоманската империја била имаперија по тертипот на многу светски империи.

Posted in Некатегоризирано, лично, локално, општество | 66 Comments »

Гуидо Вестервеле … политички профил на иднината

Posted by mecetousko on 2nd септември 2010

Морам ова да го одбележам на блогов. За политички паљачо и политички шарлатан, во моментов во Европа,  го сметам актуелниот германски шеф на дипломатијата и заменик канцалар Гуидо Вестервеле. Неодамна беше на Балканов, нас како впрочем и сите други не одбегна, некако сме надвор од маршутата секојпат, но затоа неговата изјава ќе остане запаметена како најшарлатанска изјава дадена од еден висок западен политички протагонист. Еве што и порача на српската јавност и студенти…имено изјавата наводно била дадена на свеченото предавање кое го одржал на белградскиот универзитет.

 “…Помирувањето може да биде единствено успешно ако се соочите со стварноста. Независно Косово е стварност. Картата на југоисточна Европа е направена и тоа е завршена работа …”, изјавил меѓу другото Гуидо Вестервеле, министерот за надворешни работи и заменикот канцелар на Германија.

Цитата изворно е превземен од тука и од тука. Која сака може да ги препрочита целите текстови. Бидејќи македонската јавност, вклучително и македонските новинари се прилично боси во поседувањето и лиферувањето на информации ќе наведам неколку контраверзности за Вестервеле.

Гуидо Вестервеле доаѓа од германската центристичка партија ФДП, односно германските либерали. Адвокат по професија, член на Бундестагот од 1996 година и прв човек во Германија кој е со хомосексуална орјентација а во исто време држи две толку силни политички функции во најмоќната европска држава. Негов долгогодишен партнер е Михаил Мронц, брат на еден поранешен германски тениски ас инаку по професија е спортски менаџер.

Вестервеле е прилично контраверзна политичка личност во Германија, тука не алудирам на неговата сексуална орјентација и да бидам прогласен за хомофоб, но сепак факт е дека на европската политичка сцена и таа има допринос за неговата контраверзност, без разлика колку и да сака да биде Европа open mind. Владеењето на Англискиот јазик за германците е како кафе за добро утро, имено нема германец што не го говори посебно од сферата на јавниот живот и политиката, едно затоа што го сметаат за облигаторна карактеристика за секој интелектуалец, и друго затоа што е посебно лесно бидејќи и германскиот и англискиот јазик и припаѓаат на германската група на јазици.

Вестервеле го обвинуваат дека како министер за надворешни работи не знае англиски затоа што на прашањата на англиските новинари одговара на германски, а се правда дека е нормално во Германија да се зборува на Германски, што е исклучително оштар одговор кога се работи за либерла и за политичар со либерална орјентација.

Неговите постојани надворешно политички патувања се следени од неговиот официјален љубовник (за сопружник не може да се говори затоа што во Германија тоа не е дозволено) и тоа во офоцијалниот службен протокол, како менаџер за јавен настап или како човек задолжен за односи со јавноста. На политичките деловно државни контакти редовно го следи и Ралф Марон, кој е пратнер во една компанија на братот на Вестервеле. Оваа контраверзност во Либералната партија ја правдаат со констатацијата дека е сосема нормално еден министер за надворешни работи во својот тим кој патува со него да води и преставник од инустрискиот сектор, што повторно не е типично за една либерална партија и либерални преставници го игнорираат јавното мислење кое алудира на тоа дека тој има лични релации со министерот за надворешни работи. За присуството на Михаил Мронц како протоколарен менаџер не сакаат ни да коментираат. Не знам само дали ова може да се толкува како непотизам или во меѓувреме на сцена стапил некој нов лингвистички израз за целава оваа геј циркузијада. Медиумите го растурија Саркози за неговите мачоистички потези со контраверзната италијанска манекенка, но за Вестервале некако сите се претпазливи да не бидат окарактеризирани како хомофоби.

Гуидо Вестервеле е крајно контраверзна политичка фигура во Германија која неправедно го завзема местото рамо до рамо со германските политички асови од поблиската историја и која предизвикува нелагодност не само кај десно орјентираните гласачи (инаку либералите се во коалиција со владејачката десна партија на Меркел) туку се повеќе и кај германската левица.

И на крај мојата поента кога ја пренесовме неговата политичка контраверзност.

Политичар кој самиот по себе е контраверзен доаѓа на Балканов и дели лекции за морал, праведност и општествена издржаност. На Белградските студенти во свеченото предавање им соопштува дека границите на Балканот еднаш за секогаш се бетонирани.

И тоа го кажува човек кој доаѓа од земја која неколкупати ги прекројуваше границите на Европа во поновата историја и која дирекно учествуваше во менувањето на границите на Балканот во континуитет. Ако направиме ретроспектива колку пати се менувани границите на Балканот во изминатите 100 години веројатно ќе згрешиме ако набројуваме.

И сега одеднаш…дојде Вестервеле и на сите ни кажа…крај…на Балканот се е смрзнато и ништо не се менува повеќе. Кој идиот човече!!! Па на Балканов токму поради западните промашувања и недоследности од политички шарлатани од негов калибар, повеќе не се знае што утре ќе се случи … но Вестервеле дава паушални изјави небаре е Баба Ванѓа.

Досега држев до германската принципиелност, истрајност…држев до геманскиот морал и образ. За мене германците беа и уште се алфа и омега, пример за се. Беспрекорни до крајни размери.

Само не знам после Вестервеле на што да верувам…дали да и верувам на Германија и на Германската беспрекорност или да ги ставам во фијоката на цедиња со Монти Пајтон.

Ни Германија ни германците не е/не се тоа што некогаш беше/биле.

Posted in Некатегоризирано, вести, локално, општество | 9 Comments »

За функциите и нашиот еснафски идиотизам

Posted by mecetousko on 2nd септември 2010

Целата колумна ја имате ТУКА.

“… Со години ние се соочуваме со ешалони и подешалони на власта во кои за некои луѓе што стојат на важни места не знаеме ама баш ништо, со целосни анонимуси, кои, ете, доаѓаат на важни функции. А Блаже Конески велеше: нема поопасно нешто од тоа неважен човек да дојде на важна положба…”

Иако не сум фан на Венко Андоновски…текстот ми се допадна, а може да служи како илустративен текст за многу тука на блогерајов. Еве уште еден линк до него.

Posted in колумни, култура, литература, општество, политика | 6 Comments »